ЗБРАТИМУВАЊЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ НА БИТОЛА И ЦЕТИЊЕ

ЗБРАТИМУВАЊЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ НА БИТОЛА И ЦЕТИЊЕ

Битола од денес е побогата за уште еден збратимен град. Пандемијата на КОВИД-19 не им овозможи на градоначалниците на Општина Битола и Престолнината Цетиње да ги потпишат Меморандумите за збратимување по физички пат, но нивната силна воља го овозможи првото електронско потпишување на ваков документ во исто време, на далечина.

Во салата на Советот на Општина Битола, во присуство на амбасадорката на Црна Гора во земјава Марија Петровиќ, почесниот конзул на Црна Гора во Битола Мики Андријашевиќ, претседателот на Советот Валентин Груевски и заменик градоначалничката Емилија Костурски, се одржа чинот на свеченото потпишување на Меморандумот за збратимување на Општина Битола и престолнината Цетиње. Потпишувањето се изврши истовремено од страна на двата градоначалници, на меморандумите на двата јазици.

„Драго  ми е што сме денес заедно да го потпишеме заеднички Меморандумот за збратимување и соработка. Навистина е потребна многу голема воља, за да и во вакви околности направиме нешто што за прв пат се прави, но сигурна сум дека нема да биде за прв во делот на соработката. Она што ни недостига, е физичкото ракување, за кое се надевам дека наскоро ќе го имаме, бидејќи Битола и Цетиње навистина имаат многу што заедно да направат. Но, дотогаш остануваме отворени да соработуваме, со ваква електронска поддршка, со градење на низа идеи и стратегија, за во моментот кога ќе можеме и физичики да го имплементираме сето тоа, да го направиме подготвени, онака како што доликува за нашата Битола, но и за пријателскиот град Цетиње. Денес се чувствуваме побогати со уште еден збратимен град и со уште еден пријателски град со кој што во иднина навистина очекуваме длабока соработка. Ви благодарам многу, упатувам искрено честитки до сите жители на Цетиње“, рече градоначалнничката Петровска, по потпишувањето на Меморандумот.

„Ми причинува особена чест во овој свечен момент, во името на граѓаните на Престолнината Цетиње и во свое име, да Ви го честитам денот на ослободувањето. Зал ми е што поради пандемијата на корона вирусот, не сум во можност да бидам денес во Битола, иако во Цетиње интензивно го подготвувавме нашето доаѓање кај Вас. Но, овие нови околности ја потврдуваат народната:„Кога има воља, има и начин“. Со помош на дигиталната технологија, во можност сме да го означиме стартот на една, сигурен сум, успешна соработка. Цетиње и Битола, како историски вертикали на нашите држави и народности, денес пристапуваат кон еден важен чин-збратимување, кое уште повеќе ќе ги поврзи и приближи сите наши сличности и посебности. Како мултикултурни средини и градови препознати по космополитизмот и внимателно чување на културното богатство, сакаме да за зацврстиме соработкаа во областа на локалната самоушрава, образованието, туризмот, културата, спортот….Нашите цели се комплементарни-силни локални заедници како вистинскми сервиси за граѓаните“, истакна градоначалникот на Престолнината Цетиње, Александар Кашчелан.

Пред присутните се обрати и амбасадорката на Црна Гора Марија Петровиќ, која оцени дека потпишувањето на Меморандумот е уште една потврда во низата, која е доказ за одличните меѓудржавни односи и традиционално блиски и пријателски врски помеѓу двата народа.