ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ТЕРЕН – СЕ РАСЧИСТУВА СНЕГОТ ВО ОСУМ БИТОЛСКИ СЕЛА

ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ТЕРЕН – СЕ РАСЧИСТУВА СНЕГОТ ВО ОСУМ БИТОЛСКИ СЕЛА

Според договорените активности со зимската служба, на последниот координативен состанок и барањето на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски за целосно, навремено и непречено делување, екипите од утрово се на терен.

На подрачјето на поранешната општина Цапари, досега наврнаа околу 25 сантиметри снег. КЈП Нискоградба и нивните подизведувачи со соодветна механизација, како дел од зимската служба на Општина Битола вршат расчистување на снегот. Во моментот на терен се чисти со два камиони со посипувач и нож, ровокопач со нож за снег и еден трактор со нож за снег. Доколку биде потребно, во текот на денот ќе бидат ангажирани дополнителни екипи со соодветна механизација.

Со досегашната интервенција на екипите на зимската служба, исчистени се патиштата во селата Ѓавото, Лера, Рамна, Српци, Доленци, Цапари, Ротино и Маловишта.