ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ВО ВРСКА СО НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНИТЕ ГАРАЖИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ВО ВРСКА СО НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНИТЕ ГАРАЖИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

После успешното завршување на акцијата за отстранување на т.н „диви“ гаражи и објекти во просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ, Општина Битола, во следниот период ќе продолжи со расчистување на јавните површини од вакви објекти, со цел соодветно урбано уредување на повеќе локации во градот, изградба на нови детски катчиња за игра и рекреација на најмладите, хортикултурно уредување на јавните површини и создавање на нови паркинг и партерно уредени простори.

Од тие причини, а согласно и добиеното позитивно мислење од страна на јавноста во врска со ваквите активности, се известуваат граѓаните, дека потребно е да пристапат кон самостојно остранување на „диво“ поставените гаражи, со цел да се создадат услови за непречена реализација на предвидените активности и истовремено да се стави ред во користењето на јавните површини во градот, во интерес на сите граѓани.

Општина Битола, согласно своите програми за работа, планира уредување на повеќе локации на кои во моментот се наоѓаат вакви објекти, а за уредување на паркинг просторот на улицата „Цане Василев“, веќе е изготвена и проектна документација.