ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно објавениот распоред за предавање на печките на тврди или фосилни горива за носителите на домаќинствата кои беа субвенционирани на јавниот повик за субвенционирање на домаќинства во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, Општина Битола ги информира граѓаните, според утврдениот термин, заклучно со 26.07.2021 (понеделник), да ги предадат без надомест печките на тврди или фосилни горива во ДООЕЛ Отпад „Чамец“ Битола, кој се наоѓа на патот за Могила од лева страна (телефон за контакт 071/295-332), во наведениот временски период,  во периодот од 08.00 до 16.00 часот.

При предавањето на печките, граѓаните ќе добијат потврда, која заедно со копија од гарантниот лист и копија од документот за монтажа на инвертер клима уредот, треба да ја достават до Општина Битола од 7.30 до 15.30 часот истиот ден, или најдоцна до 12.00 часот следниот ден, во зградата на Советот на Општина Битола (зад општинската зграда).

Предавањето на печките се врши согласно наведените услови во јавниот повик за субвенционирање, а Општина Битола по пат на јавен повик изврши избор на правно лице за собирање на користени печки на тврди и фосилни горива од добитниците на субвенции за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.