Изложба на градската мода на албанската жена

Изложба на градската мода на албанската жена

Изложба на градска мода на албанската жена во конзулскот период на Битола
Во организација на Здружението ”22 Ноември”, во рамките на Битолското културно лето, беше отворена изложба на женска облека која ја користело албанското население во времето на конзулска Битола.
Како што е познато, Битола за време на Отоманската Империја претставувала конзулски центар, па така локалното население, вклучувајќи ги и Албанците, барем оние побогатите, се повеќе користеле модерна облека, по примерот на дипломатите и нивните сопруги.
На изложените експонати, може да се забележат повеќе модни влијанија од византиско- ориентално до илирската култура. Фустаните се рачна изработка, шиени од стран на тоа време, познати шнајдери.
Стилот на изработката е модерен и елегантен, што е одраз на градскиот живот во време на конзулска Битола.

BF2015AlbanskaZena_1 BF2015AlbanskaZena_2 BF2015AlbanskaZena_3 BF2015AlbanskaZena_4 BF2015AlbanskaZena_5 BF2015AlbanskaZena_6 BF2015AlbanskaZena_7 BF2015AlbanskaZena_8 BF2015AlbanskaZena_9