ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ПРОЕКТНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИПА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СО АЛБАНИЈА

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ПРОЕКТНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИПА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СО АЛБАНИЈА

prekugranicnasorabotkaalbanija2016-1 prekugranicnasorabotkaalbanija2016-2Министерството за локална самоуправа, оперативна структура на ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија – Албанија 2014-2020 и Делегацијата на Европската унија, денеска во Општина Битола, организираа информативна сесија за Првиот повик за поднесување на проектни предлози во рамките на оваа програма, наменета за потенцијалните апликанти.

На инфо сесијата присуствуваа претставници од повеќе институции, јавни претпријатија и невладини организации од Пелагонискиот регион, а пред учесниците од страна на претставниците на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија беше презентиран водичот за поднесување на проектни предлози.

Повикот е отворен од 16 септември до 01 ноември во 16.00 часот, а проектните предлози можат да се поднесуваат во следните три области: поттикнувањње на туризмот и културното и природното наследство, подобрување на конкурентноста, економијата, трговијата и инвестициите, како и заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик.