КОМЕМОРАТИВНА ЦЕРЕМОНИЈА НА СРПСКИТЕ  ВОЕНИ ГРОБИШТА ПО ПОВОД 104 ГОДИНИ ОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

КОМЕМОРАТИВНА ЦЕРЕМОНИЈА НА СРПСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА ПО ПОВОД 104 ГОДИНИ ОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски присуствуваше на комеморативната церемонија по повод 104 годишнината од Денот на примирјето во Првата светска војна, на српските воени гробишта во Битола.

На настанот, покрај градоначалникот Коњановски, свежо цвеќе положија амбасадорката на Србија во Македонија, Невена Јовановиќ, пратеничката во македонското собрание Олга Лозановска, како и претставници на Заедницата на Срби од Македонија во Битола. На средбата присуствуваа претставници на државните институции и Армијата, како и претставниците на дипломатскиот и воениот кор.