КОМПЛЕТНО НОВ ЛИК И ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО БИТОЛА НА ВЛЕЗОТ ОД ОХРИД

КОМПЛЕТНО НОВ ЛИК И ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО БИТОЛА НА ВЛЕЗОТ ОД ОХРИД

Во тек се реконструктивните зафати со доградба на пропустот на река Курделес, на улицата „Довлеџик“ во Битола. Со реконструктивните зафати се санира и проширува постоечкиот пропуст, а за овој проект Општина Битола издвои 10.378.100 денари.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, изврши увид во тековните работни активности и беше запозната со динамиката на изведба на терен.

Градежните активности на пропустот се дел од целосната реконструкција на ул. „Довлеџик“, која опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, реконструкција на фекалната канализациона мрежа, реконструкција на атмосферската канализациона мрежа, реконструкција на коловоз и ново улично осветлување, во вредност од над 22.419.000 денари.

Истовремено е е потпишан договор за нов мост на реката Драгор на влезот кај Довлеџик, во должина од 30 метри и ширина од 21 метар, за кој Општина Битола изработи проектна документација. Мостот ќе има 4 коловозни ленти, 2 пешачки патеки  и 2 велосипедски патеки. Инвестицијата е 50.150.000 денари, а општината за проектната документација и ревизијата на проектот обезбеди 1.235.460 денари.

Со целосната реконструкција на ул. „Довлеџик“, Битола ќе добие нов современ влез од страната на Охрид.