Концерт на Еутерпа во Магаза

Концерт на Еутерпа во Магаза

Младите уметници од саксофонискиот квартет „Еутерпа“, во дворот на битолската магаза приредија прекрасно музичко доживување за љубителите на добрата музика.

Тадеј Шепец (сопран саксофон), Иван Трајаноски (алт саксофон), Ајда Антолович (тенор саксофон), Домен Корен (баритон саксофон) се студенти на Музичката Академија во Љубљана и членови на саксофонискиот квартет „Еутерпа“. Младите ентузијасти за краток временски период имаат настапувано во голем број на градови во Словенија, а во рамките на Универзитетот и на 43 – от по ред натпревар „Темсиг“ освоија златна плакета и прва награда.

Концертот се реализира во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015

BF2015Euterpa_1 BF2015Euterpa_2 BF2015Euterpa_3 BF2015Euterpa_4 BF2015Euterpa_5