Магаза Ние не гледаме со очи ние гледаме со срце за Битола

Магаза Ние не гледаме со очи ние гледаме со срце за Битола

Ние не гледаме со очи, ние гледаме со срце за Битола

На 9 август, вечерта, дворот на битолската Магаза беше вистинското место во Битола од кадешто извираше љубов, среќа и позитивна мисла. Мултимедијалнниот настан  „Ние не гледаме со очи, ние гледаме со срце за Битола“ во организација на здружението за слепи лица од Битола, на битолската публика и многубројните туристи им приредија спектаклурен настан со изложби, музика, рецитали и  признанија со музичко- сценски перформанси со нивна лична изведба.

На настанот зедоа учество повеќе учесници и здруженија како: „Весели Момчета“ здружение на слепи лица од Софија, Р. Бугарија,  членови на здружение на слепи лица од Битола и музички изведувачи и солисти од Република Македонија.

Настанот беше поддржан од Општина Битола во рамки на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015.

BF15_slepi_1 BF15_slepi_2 BF15_slepi_3 BF15_slepi_4 BF15_slepi_5