Мултимедијален проект По трагите на античкиот театар – АРМ

Мултимедијален проект По трагите на античкиот театар – АРМ

Во домот на АРМ, пред битолската  публика и љубителите на театарот, беше презентиран мултимедијалниот проект  „По трагите на античкиот театар“.

Проектот претставува спој на минатото, сегашноста, спој на различни култури и развој на театарската уметност низ историјата.

Преку документарниот филм авторите сакат да ги доловат историските факти за древната театарска историја на Хераклеа, се  со цел  да се пренесе традицијата на идните генерации  за корените на театарот во Битола.

Целиот перформанс претставуваше слоевита приказна со нараторски дел на актерката Соња Михајлова, пратена со музика во живо.

BF2015AntickiTeatar_1 BF2015AntickiTeatar_2 BF2015AntickiTeatar_3 BF2015AntickiTeatar_4 BF2015AntickiTeatar_5 BF2015AntickiTeatar_6 BF2015AntickiTeatar_7 BF2015AntickiTeatar_8