НА „ИЛИНДЕНСКА“ СЕ РАБОТИ НА ПОВЕЌЕ ДЕЛНИЦИ

НА „ИЛИНДЕНСКА“ СЕ РАБОТИ НА ПОВЕЌЕ ДЕЛНИЦИ

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, со дел од општинската администрација задолжен за координација на изведбата на работните активности на ул. „Илинденска“ во Битола, извршија увид во работа на тековните делници.

Градоначалничката се интересираше за изведбените активности, кои опфаќаат вклучување на механизација и работа на водоводната и канализационата мрежа. Досега, од почетокот на активностите на ул. „Илинденска“, на делницата од ул. „Прилепска“ до ул. „Панде Кајзеро“ е изведена водоводна и канализациона линија, која вклучува и индивидуални приклучоци, а во тек е изведбата на коловоз.

На втората делница од ул. „Драгорска“ до ул „Крсте Петков Мисирков“ е изведена водоводната линија, а во тек е изведба на канализациона линија, која е во завршна фаза.

На третата делница од ул. „Крсте Петков Мисирков“ до ул. „Мирче Ацев“ е изведена водоводна и канализациона мрежа, заедно со канализациони приклучоци. Во тек е изведба на водоводни приклучоци, во завршна фаза.

Канализациона линија од страна на изведувачот „Жикол“, во моментов се изведува на делницата од ул. „7 Јули“, до ул. „Наум Наумовски Борче“. Градоначалничката од страна на изведувачите беше информирана дека на терен се работи според предевидената динамика и се запазуваат роковите на изведба.

Ул. Илинденска“, која е во должина од  2131 метар, е една од најдолгите и најзначајни улици, каде покрај коловозното уредување, се менува канализационата и водоводната мрежа, заедно со приклучоците. Вредноста на оваа инвестиција е над 58,5 милиони денари.