НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Денес, се одбележува еден од најзначајните датуми во македонската историја, денот кога пред 81 година, нашите претци, борците од НОБ, го означија почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор. Нивниот историски придонес е наша обврска за обезбедување напредок на нашата држава и градење подобра иднина за сегашните и идните генерации.

По повод денешниот празник, кај споменикот на НОАВМ, пред Центарот за култура, свежо цвеќе положија: претставници од општина Битола, делегација од Советот на општината, Сојузот на борци, како и претставници од политичките партии.