ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Македонскиот народ денеска го одбележува Денот на Македонската револуционерна борба. По тој повод, пред споменикот на Даме Груев во дворот на битолскиот Завод и музеј, градоначалникот, советници од Совет на Општина Битола, делегации на здруженија на граѓани и политички партии, положија свежо цвеќе во знак на почит на овој датум од македонската историја, кој од 2007 година Република Македонија го одбележува како државен празник.

„ Ја користам оваа прилика да го честитам големиот празник, Денот на македонската револуционерна борба. Да им посакам на сите наши граѓани добро здравје и среќа во животот, затоа што во овој период навистина ќе ни треба многу среќа. Примерот на македонските патриоти кои во 1893 година се собрале во Солун, нивниот начин на
живеење начин на дејствување се рефлектира понатаму во текот на историјата до денешен ден. Ценам дека овие светли имиња треба многу да значат на денешната, а и идните генерации затоа што само со добрите и светли примери можеме да ја живееме денешницата и да ја планираме иднината. Ова што денес го славиме е дел од големиот мозаик на македонската историја и значи една единствена заложба на сите нив – слободна независна Република Македонија. Ние денес тоа го имаме и со должна почит ваквите имиња, ваквите револуционери, ваквите патриоти ги славиме, рече градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, го формираа македонскиот револуционерен комитет.

14801083_1427937730553887_729210138_n

SONY DSC