Одбележан светскиот ден на Хепатитот на Широк Сокак

Одбележан светскиот ден на Хепатитот на Широк Сокак

Со културно- музички хепенинг и хуманитарна акција Хепар Центарот од Битола го одбележа светскиот ден на Хепатитот- Ц на Широк Сокак.
Светскиот ден за борба против хепатитисот  годинава се одбележа под мотото „Превентирај го хепатитот- од тебе зависи“ со цел да се стави поголемо внимание на превентивата на хепатитисот кој е наречен тивок убиен.
Организаторот на настанот Хепар центарот од Битола покрај музичкиот хепениг во Магазата организира акција за бесплатно тестирање  и евентуално оштетување на црниот дроб. Покрај тестирањето во соработка со Регионалниот центар за трансфузиологија и Црвениот крст од Битола се  спроведе и втората акција каде граѓаните имаа можност да даруваат крв.
Настанот се приклучи кон девизата на СЗО и Европската Асоцијација под мотото „Превентирај се“ се со цел да се обрне поголемо внимание за заштита од хепатитис.
Настанот се реализира во рамките на БИТ ФЕСТ 2015

BF2015_DenHepatit_1 BF2015_DenHepatit_2 BF2015_DenHepatit_3 BF2015_DenHepatit_4 BF2015_DenHepatit_5 BF2015_DenHepatit_6 BF2015_DenHepatit_7 BF2015_DenHepatit_8