ОПЕРАТА МАРИЈА ОД БУЕНОС АИРЕС ВО РАМКИТЕ НА БИТ ФЕСТ 2015

ОПЕРАТА МАРИЈА ОД БУЕНОС АИРЕС ВО РАМКИТЕ НА БИТ ФЕСТ 2015

Во рамките на најдолгото и најсодржајното јубилејно издание на  Бит Фест 2015, петок на 10 јули во 20 и 30 часот во Центарот за култура пред публиката на Општина Битола ќе биде изведена операта Марија од Буенос Аирес во режија на Благојче Божиновски.
„Операта Марија од Буенос Аирес претставува приказна за една жена, која живее лош живот фрлена на маргините на општеството, во блудни простори и  силна осуда од граѓаните за начинот на живот кој таа го живее, се додека општеството не ја препознае и ја сфати грешката дека таа во себе носи нов живот.  Во операта преовладува страста, љубовта, страста кон животот и смртта и пред се човековата страст да се прости и да  се биде простено“ – изјави режисерот Благојче Божиновски.
Во изведбата на Операта Марија од Буенос Аирес вклучени се вкупно 44 уметници од Битола со различни профили кои работат на нејзината реализација.
„Марија од Буенос Аирес е музичко драмска форма, која спаѓа во групата на посериозна уметност и истовремено си бара поспецифична публика, со малку поинаков пристап за да имаме апсолутен резултат. Всушност таа не е комерцијален вид на опера“ – рече  Градоначалникот на Општина Битола  д-р.Владимир Талески.
Битолскиот камерен оркестар ќе ги долови сите музички сегменти на танц за време на изведбата на операта.

BF2015MarijaBuenos_2015_1 BF2015MarijaBuenos_2015_2 BF2015MarijaBuenos_2015_3 BF2015MarijaBuenos_2015_4