ПЕТРОВСКА СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

ПЕТРОВСКА СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, за време на отворањето на манифестацијата Мал битолски монмартр, упати честитка по повод Националниот ден на Власите.

„Во оваа прилика сакам да го честитам денот на Влашката заедница, да им посакам добро здравје, да им посакам да бидат дел од оваа манифестација, затоа што тие оставиле траен белег во Малиот битолски монмартр во нашиот град. Да сме здрави и живи и во поубави околности, со детски џагор да го дочекаме следната година и Националниот ден на Власите и 40-тото јубилејно издание од оваа манифетација“, рече Петровска, во честитката до припадниците на Влашката заедница во земјава.