ПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА 23 УЛИЦИ“

ПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА 23 УЛИЦИ“

Со работни активности на улицата „Македонска фаланга“, започна новата градежна сезона во Битола. Со инфраструктурните зафати предвидена е промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 17.338.027 денари.

На вториот дел од улицата „Солунска“, во тек е промена на канализационата мрежа, а ќе следува и промена на водоводната мрежа и асфалтирање на улицата, до комплетно завршување на проектот „Реконструкција на водоводна мрежа, мешовита канализација и коловоз на улица Солунска“.

Увид на динамиката на градежните работи на двете локации, денес изврши градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.