ПРИВРШУВААТ ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ РАБОТИ ВО УРБАН БЛОК 18

ПРИВРШУВААТ ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ РАБОТИ ВО УРБАН БЛОК 18

Почетните активности кои беа афирмирани пред околу една година во месната заедница “Даме Груев”, се интензивираат до крајна реализација. По поставување на водоводна и канализациона мрежа,  работите во овој дел од општината привршуваат со асфалтирање, уредување на тротоарите и поставување на улично осветлување, со што ќе биде докомплетирано целосното инфраструктурно уредување во урбаниот блок 18, за кое од буџетот се издвоени преку 13 милиони и 200 илјади денари.

„Во месната заедница Даме Груев и претходно имавме доста инвестиции, но мислам дека ова е една нова содржина, која што е голема придобивка и којашто практично ќе ги поврзи сите овие нови објекти кои се новоизградени во овој дел од нашата општина. Без разлика на времето, навистина се трудиме колку што можеме, проектите кои се зацртани со програмата на Општина Битола оваа година, максимално да ги реализираме”, рече градоначалникот Владимир Талески.

InfrastrukturaUrbanBlok18_1 InfrastrukturaUrbanBlok18_2 InfrastrukturaUrbanBlok18_3 InfrastrukturaUrbanBlok18_4