Промоција на документарен филм „ Заштитник“ мала сала Центар за Култура

Промоција на документарен филм „ Заштитник“ мала сала Центар за Култура

Заштитник – документарен филм за Битола

Во рамките на десеттото битолско културно лето БИТ ФЕСТ 2015, во малата сала на Центарот за култура во Битола премиерно беше прикажан документарниот филм „Заштитник“.
Документарецот „Заштитник“ претставува реалистичен приказ за значењето и чествувањето на Преродбен Св. Нектариј Битолски. Тематската рамка на документарецот е поделена во неколку целини преку кои  режисерот сака да го пренесе свечениот чин на чествување на битолскиот светец Св. Нектариј Битолски.
Документарецот започнува со литија во чест на Св. Нектариј низ градските улици во градот и продолжува со хорска презентација на тропите.  Вториот дел од филмот ги  содржи моментите на инсценација со фрагменти од неговиот световен живот, а презентацијата за духовноста и одаденоста кон Бога ќе се прикаже преку богатиот иконопис.
По презентацијата на филмот, публиката имаше чест да развие дискусија со црковните лица, авторите и професори по етика.

BF2015FilmNektarij_1 BF2015FilmNektarij_2 BF2015FilmNektarij_3 BF2015FilmNektarij_4 BF2015FilmNektarij_5 BF2015FilmNektarij_6 BF2015FilmNektarij_7 BF2015FilmNektarij_8