РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД ЗЕМЈАВА И САД

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД ЗЕМЈАВА И САД

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, учествуваше на онлајн настан, во организација на Бирото за борба против тероризмот на Стејт департментот, Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и Институтот за стратешки дијалог (ИСД) во Лондон. На овој настан учествуваа сегашни и поранешни градоначалници од Соединетите држави и градоначалници, активисти на граѓанското општество и практичари од нашата земја.

На  средбата се споделуваа искуства и се говореше за општествени вредности како соживот, толеранција, споделување, заедништво, справување со предизвици. Ваквата координираност и споделување на искуства од страна на носителите на јавни функции треба да даде пример за спроведување на политики, кои овозможуваат младите да градат култура на човечки вредности на глобално ниво.Оваа средба се надоврзува на веќе одржаната вируелна средба во рамките на Мрежата на силни градови и Конференцијата на градоначалници на САД.