РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАТОТ ДО СЕЛОТО МАЛОВИШТA ВО ПОЛН ЕК

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАТОТ ДО СЕЛОТО МАЛОВИШТA ВО ПОЛН ЕК

Реконструкцијата на патниот правец од селото Кажани кон селото Маловишта, во должина од 4 километри, се одвива во полн ек. Градоначалничката на Општина Битола изврши увид во градежните активности на изведба на овој проект, за кој општината ја изготви планската документација, обеа донесени длуки на седници на Совет, како и кофинансирачкиот дел, во износ од над 2.300.000 денари.

Патот на одредени делници се проширува, а во моментов се извршува финалната фаза на тампонирање и нагазување на теренот, пред асфалтирање.

Патниот правец Кажани-Маловиште се реконструира преку Програмата за рурален развој, со средства во висина од 16,3 милиони денари. Важноста на добар патен правец кон ова село, кое е единствено сместено на територијата на Националниот парк „Пелистер“, се однесува на развивање на руралниот туризам, посета на домовите, а истовремено и заштита на културно-историските споменици.