РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ НА ГЛАВЕН УЛИЧЕН КРАК ВО СЕЛО ЛОГОВАРДИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ НА ГЛАВЕН УЛИЧЕН КРАК ВО СЕЛО ЛОГОВАРДИ

Започна реконструкцијата на коловоз на главниот уличен крак во село Логоварди, во должина од 744 метри.

Градоначланикот на општина Битола Тони Коњановски изврши увид во теренските активности на улицата, чија реконструкција е од огромно значење за жителите на Логоварди.

Улицата ќе биде со просечна ширина на коловозот од 3,5 метри, надополнета од секоја страна со гранитна коцка во ширина од 0,5 метри, со што целосната ширина ќе изнесува 4,5 метри.

Паралелно ќе се врши изработка на бетонски одводни канали и препусти, како и прилагодување на влезовите од објекти кон новата нивелета.

Вредноста на реконструкцијата на улицата, која е дел од проектот „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, од програмата на градоначалникот Тони Коњановски е над 7.000.000 денари.