РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА“

Сеопфатното заокружување на целосниот изглед на Офицерскиот дом и околината, комплетно ќе го надополни и новиот изглед на улицата „Македонска фаланга“.

Реконструктивните зафати на оваа улица започнаа со изведбените активности на екипите на ЈКП „Водовод“. Градоначалничката Наташа Петровска беше запозната со текот и динамиката на работа и целосниот проект на реконструкција на улицата „Македонска фаланга“.

На потегот од семафорите кај Ракометното игралиште, околу задниот дел на Офицерскиот дом до Широк Сокак, ќе биде извршена промена на мешовита канализација, реконструкција на водоводната мрежа, изведба на коловоз, ново улично осветлување и партерно уредување.