САНАЦИЈА НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ВО С.ЃАВАТО

САНАЦИЈА НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ВО С.ЃАВАТО

Започнат е уште еден проект од програмата на општина Битола, односно започната е санација на месната заедница во село Ѓавато, која месна заедница ја користат сите мештани младите, а и повозрасните. Самиот објект треба да биде саниран најдоцна до 28 август, а вредноста на проектот изнесува околу 650 илјади денари.
„Овде од мештаните имаше неколку барања, дел од нив изминатиот период ги завршивме. Направени се три мостови во пристапниот дел, додека во идниот период треба да се направи патот, кој што е предвиден со програмата на Светска банка, кој што очекувам во оваа градежна сезона да се заврши. “ истакна градоначалникот Талески.

GjavatoSanacijaMZ_1 GjavatoSanacijaMZ_2 GjavatoSanacijaMZ_3