Денеска градежната оператива ја асфалтира улицата „Козара“ која е дел од проектот за реконструкција на четири улици кај Здравствениот дом. Претходно беше направена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, што беше финансирано од Министерството за транспорт. Асфалтирањето на коловозот е со средства од буџетот на Општина Битола во висина од 4 милиони денари. Должината на коловозот кој се асфалтира е 230 метри. Од објективни причини во изминатиот период беше забавено темпото на реализација, а како што рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски на последниот брифинг со новинарите дека асфалтирањето на улицата „Козара“ ќе биде на почетокот на месецов, така и се случи. Во наредните денови ќе се асфалтираат и улиците „11-ти Март“ и „Панде Николов“. Post Views: 44
Copy and paste this URL into your WordPress site to embed
Copy and paste this code into your site to embed