„СИТЕ ЗА ПОЧИСТА БИТОЛА“ – АКЦИЈА НА ОПШТИНА БИТОЛА ВО СОРАБОТКА СО ГРАЃАНИТЕ, ПРЕТПРИЈАТИЈАТА И ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ

„СИТЕ ЗА ПОЧИСТА БИТОЛА“ – АКЦИЈА НА ОПШТИНА БИТОЛА ВО СОРАБОТКА СО ГРАЃАНИТЕ, ПРЕТПРИЈАТИЈАТА И ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ

Со расчистување на депонијата кај тунелот под магистралниот пат А3, Општина Битола, во соработка со јавните претпријатија и неколку приватни фирми од општината, ја започна акцијата „Сите за почиста Битола“.  На оваа локација, на паркингот пред тунелот, денес ќе бидат поставени и метални контејнери, со цел граѓаните да имаат простор каде можат да го одлагаат отпадот, со што ќе се спречи создавање на нова депонија на ова место.

Покрај на оваа локација, следните два дена, ќе се врши расчистување и на улицата „Цане Василев“, каде во изминатиот период беа отстранети „дивите“ гаражи, поставени на јавна површина. Заради непречено одвивање на активностите, се известуваат граѓаните, дека потребно е да ги отстранат возилата од оваа површина, со цел непречен пристап на механизацијата.

Дел од акцијата „Сите за почиста Битола“, е и новата можност „Пријави загадувач“, со која, граѓаните доколку забележат, отстранување на отпад или градежен шут на недозволена локација, 24 часа, имаат можност да извршат пријава со испраќање на фотографија од затекнатиот загадувач на вибер на телефонскиот број 075312460 или на емаил адресата: revizor@bitola.gov.mk. По секоја пријава, ќе биде поведена соодветна инспекциска постапка.

Целта на ваквото делување е со заедничка вклученост на општината и граѓаните, целосно да се исчистат постоечките диви депонии, но и да се спречи создавањето на нови.