СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИОТ ПИЈАНИСТ ОД СВЕТСКИ РАНГ

СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИОТ ПИЈАНИСТ ОД СВЕТСКИ РАНГ

Македонскиот пијанист од светски ранг Симон Трпчески, денес беше гостин на градоначалникот Тони Коњановски, со кој разговараа за повеќе музички проекти кои значително би придонесле во збогатувањето на културното живеење во градот. На средбата се разговараше за идните планови на општината во делот на култура, како и за можностите за идна соработка.

Градоначалникот Коњановски, потенцираше дека Битола има голем потенцијал за културен напредок, а градот мора да продолжи да се развива како град на културата.

Коњановски, заедно со Трпчевски го посетија Офицерскиот дом, кој со својата акустичност и програмска понуда, ова лето ќе овозможи повеќе културни настани. На средбата, присуствуваше и директорката на Културниот и информативен центар, Лили Бошевска, која од неодамна раководи со оваа општинска установа, која во периодот пред нас ќе биде главен поддржувач и иницијатор на бројни настани од областа на културата и уметноста.