СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА НОКАУТ, ИГОР ЏАМБАЗОВ И ГУРУ ХАРЕ НА БИТ ФЕСТ

СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА НОКАУТ, ИГОР ЏАМБАЗОВ И ГУРУ ХАРЕ НА БИТ ФЕСТ

Битола пее. Одлична атмосфера на концертот на Нокаут и специјалните гости Игор Џамбазов и Гуру Харе. За првпат во Битола, акустично во единствената Хераклеја Линкестис. Временските неприлики иако за 45 минути го одложија почетокот на концертот, сепак не ги спречија илјадниците присутни да дојдат на концертот под отворено небо. Впрочем, како што вели популарната песна на оваа група „Па и да ни заврне чадор имаме, така и беше… а чадорите беа искористени како реквизити за песната, а фановите на Нокаут од првата до последната песна пееја заедно со својата омилена група. Хераклеја беше претесна да ги собере сите љубители на добриот музички звук. Нокаут ја продолжуваат роденденската турнеја низ Македонија, па 20-годишнината од постоењето,бендот ја прослави заедно  со битолската публика. – Еве нè, 2017-та година го славиме 20-от јубилеј. И сè уште живееме за сцената.

И на сцената.

И не планираме да престанеме-велат Нокаут.

Специјални гости се Игор Џамбазов и Гуру Харе кои го привлекоа вниманието на битолчани со песната Јас сум скопјанец/ Битола.