ТРОФЕЈ ТУРА ВО БИТОЛА

ТРОФЕЈ ТУРА ВО БИТОЛА

По повод одржувањето на Супер купот во Скопје, денес во Битола беа изложени трофеите на Лига на шампиони, Лига на Европа и Супер куп трофејот на ќумурното игралиште ,,Павел Шатев”, каде што беше одржана манифестација на која што учествуваа 120 млади фудбалери од локалните младински клубови и ги презентираа своите фудбалски вештини.