ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ  ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

Почитувани сограѓани, Православни христијани,

Денес се празнува денот Успение на Пресвета Богородица или попознат како Голема Богородица. Овој празник претставува своевидно изразување почит и благодарност до мајката Божја, мајка на спасителот Исус Христос и заштитничка, особено на припадничките на понежниот пол.

Достојно да го прославиме нејзиното успение, со желби за мир и благосостојба кај сите нас.

Воедно, денешниот празник е Ден на рударите. Им го честитам празникот, во време во кое токму нивната работа е повеќе од важна, со оглед на енергетската криза со која се соочуваме.

Почитувани, празниците, особено денешниот, не потсетуваат дека треба да бидеме заедно, сплотени, со сите предизвици пред нас. Да се почитуваме, заеднички да градиме иднина со почит и благослов, како што тоа го правеше Мајката божја.

Нека ни е честит празникот Успение на Пресвета Богородица.