Читаме сите заедно НУУБ „Св. Климент Охридски“

Читаме сите заедно НУУБ „Св. Климент Охридски“

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во рамките на БИТ ФЕСТ 2015 започна со спроведување на проектот „ЧИТАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО“.
Следејќи ги светските трендови и текови на развој на библиотеките, со овој проект се нудат современи алтернативни форми на промоција и популаризација на книгата поврзувајќи ги културата на читање книги со општата култура и цивилизациски развој на Битола.
Во спроведувањето се вклучени значајни личности од јавниот живот на Битола љубители на книгата кои преку својата животна приказна им го претставуваат значењето на книгите во постигнувањето на нивниот успех.
На денешниот настан присутни беа Димитар Андоновски – естраден уметник, Маја Андоновска Илијевска – актер, Д-р Валетнина Илиева почесен конзул на Република Австрија во Република Македонија, Жанета Михајлова – воспитувач, Мартин Николовски – средношколец, Иван Марковски поранепен ракометен репрезентативец, Радован П. Цветковски – писател, Неда Маретиќ – новинар и тв водител и Д-р Ели Тасевска Димовска – спцијалист педијатар.
Децата имаа можност да дознаат како книгите влијаеле на нив да станат успешни и кои им биле омилените книги како деца.

BF2015CitameZaedno1 BF2015CitameZaedno2 BF2015CitameZaedno3 BF2015CitameZaedno4 BF2015CitameZaedno5 BF2015CitameZaedno6 BF2015CitameZaedno7 BF2015CitameZaedno8 BF2015CitameZaedno9