Широк Сокак во бело

Широк Сокак во бело

Битолчани по петти пат имаа прилика да уживаат и забавуваат во прекрасната летна атмосфера на најградската и најпозната улица во Европа, а и пошироко, битолскиот Широк Сокак.
„Широк Сокак во бело“  е културна манифесатција од отворен карактер која се оддржува по традиционален петти пат на крајот од битолското културно лето           БИТ ФЕСТ. Во изминатите години за убавото расположение на повеќеилјадната публика се грижеа светски познати ди-џеи, а годинава чест и задоволство за прекрасната атмосфера и силните овации на младите битолчани имаше познатиот италијански ди-џеј и продуцент  Јуниор Џек.
Магичната атмосфера на многу забава, насмевки, гушкања, и отскокнување од подиумот во еден здив, беше украсена со декорација  на екстериерот во  белата боја од  локалните кафилиња и убаво дотераните „во бело“ битолчани  и битолчанки.
Манифестацијата „Широк Сокак во бело“ беше дел од  програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015.

BF201VoBelo_1 BF201VoBelo_2 BF201VoBelo_3 BF201VoBelo_4 BF201VoBelo_5 BF201VoBelo_6 BF201VoBelo_7 BF201VoBelo_8 BF201VoBelo_9 BF201VoBelo_10