ЈАВНА НАБАВКА ЗА НОВАТА ГРАДИНКА ВО НАСЕЛБАТА АРМ ВО БИТОЛА

ЈАВНА НАБАВКА ЗА НОВАТА ГРАДИНКА ВО НАСЕЛБАТА АРМ ВО БИТОЛА

Во тек е јавната набавка за изградба на нова детска градинка во Битола, во населбата АРМ (поранешна Касарна). Јавната набавка се однесува на изградба на целосната конструкција на објектот со поставена дограма. Објектот е предвиден да зафаќа бруто површина од 2012 метри квадратни и ќе биде наменет за прием на околу 250 деца. По изборот на изведувачот, ќе бидат определени и фазите на работа на овој објект.

Исто така, во тек се јавните набавки за изработка на проектна документација за доградбата на детската градинска Снегулка и за адаптација на дел од поранешниот Мајчин дом во градинка.

Со изградбата на новата детска градинка, како и со адаптацијата на другите два објекти, во голема мерка ќе биде намален бројот на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинките во Битола.