ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ НА СТРАНА НА ОДЛУКАТА НА ОПШТИНАТА

ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ НА СТРАНА НА ОДЛУКАТА НА ОПШТИНАТА

Општина Битола ги носи своите програми за работа во согласност со потребите на жителите на општината, кои доаѓаат како резултат на нивни барања, општински анализи од страна на стручни лица во општинските одделенија и приоритети посочени од месните заедници. Една од применуваните алатки при донесувањето на клучни одлуки е испитувањето на јавното мислење, спроведено по пат на анкети.

По направеното испитување на јавното мислење, во однос на дивите гаражи во градот, на прашањето дали Ви пречат дивите гаражи, 85 % од анкетираните се изјасниле со да, а 15 % со не. Граѓаните беа запрашани и дали просторот од дивите гаражи треба да биде уреден за паркирање, на што 75 % се изјасниле со да, а 25 % со не.

По сондирањето на јавното мислење, во мај оваа година, беше донесена Одлука на Совет за изведување на градежни работи за рушење на постоечки објекти, со која просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ од околу 1500 метри ќе биде преуреден.

По донесувањето на одлуката, општинскиот инспекторат ги презеде потребните мерки и ги извести станарите за постапките кои ќе следуваат, со што се завршени потребните законски процедури за почеток на отстранувањето на гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ.

Општина Битола, заедно со ЈП за паркирање, на оваа локација ќе понудат соодветно прифатливо решение за станарите, кои ќе можат да ги паркираат своите возила, но на уреден урбан простор, каков што доликува на централното градско подрачје.

Интересите на граѓаните треба да бидат земени во предвид, но тоа мора да бидат интереси и на останатите жители во насока на правилен развој на градот, а не само на мал број привилегирани лица кои гравитираат околу посочената локација.