76 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЕГЕЈСКА БРИГАДА

76 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЕГЕЈСКА БРИГАДА

По повод 76 годишнината од формирањето на Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, на покана на Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, денес положи свежо цвеќе пред спомен плочата кај Противпожарната единица. Одбележувањето на овој датум од страна на Петровска и Сојузот на борци беше во согласност со сите протоколи за заштита од КОВИД 19.