БИТ ФЕСТ –ЛЕБ И СОЛ – Symphony

БИТ ФЕСТ –ЛЕБ И СОЛ – Symphony

     
Еден од најмаркантните моменти во историјата на Македонското музичко творештво е музиката која зад себе ја остава ЛЕБ И СОЛ.
Поконкретно во периодот кога прогресивната музичка мисла е вткаена во нивниото творештво .
Најквалитетното од ЛЕБ И СОЛ  ни е овозможено да го спознаеме преку звукот на класичниот оркестар – звук кој значи една сосема поинаква димензија, толку потребна и логична како последица на нивната 35-годишна  активна кариера.  
Оркестрациите на Кокан Димушевски  за JEUNESSE MOVING ORCHESTRA се  дела кои нудат едно сосема поинакво видување на лебисоловските : 
Деветка,  Бистра вода,  Учи ме мајко карај ме, Ајде сонце зајде,  Леб и Игри,  Галеб,  Си заљубив  едно моме, Параматма,  Скакавац,  Јовано Јованке,  Како ти драго,  Ручни рад, Астролаб  , Локомобила,  композиции кои содржат специфична фузија на амбиент,  драматургија и романтика на класичниот звук и уникатната  музичка  филозофија наречена ЛЕБ И СОЛ.
 
                          
ЛЕБ И СОЛ :
 
Кокан Димушевски : клавијатури
Бодан Арсовски      : бас
Димитар Божиков : гитара
Михаил Парушев  : ударни инструменти
 
Диригент: САША НИКОЛОВСКИ ЃУМАР
Продуцент: Александар Герасимовски