БИТ ФЕСТ -„Поглед од страна“ – ЗГ Семак

БИТ ФЕСТ -„Поглед од страна“ – ЗГ Семак

Магаза

Настан: Трибина со наслов  „Поглед од страна“ & Проекција на филм
Организатор: Невладините Организации ЗГ “СЕМАК”- Битола со специјален гостин АГТИС – Прилеп
Проекција на документарна музејска емисија од проектот “Училиштата во музеите или музеите во училиштата” на Завод и Музеј – Прилеп
Трибина – воведничар Александар Цветкоски од Завод и Музеј – Прилеп (Кустос на Музеј за тутун – Прилеп и Кустос на одделение за социјална и духовна култура, Креатор на Закон за култура со наслов “Индикативна Културна Стратегија”)
Содржина:
Развојот на алтернативниот и посебно културниот туризам, односно туризмот кој се базира на природни и културни одлики на одредено подрачје е актуелна тема, која е на усните на сите оние, кои увиделе дека неодржливата култура, која се финансира само од државни ресурси покажува се повеќе слабости како во квалитативен, така и во квантитативен смисол, но најважно од се: Таа не е витална и способна да доведе туристи, на кои можеме да им го продадеме нашиот културен производ, па било каков да е.
Како социјалната и духовната култура да се претстави во туристички манир, да се инструментализира и да се “продаде”. Со тоа, децата се сензибилизираа да размислуваат на нашите културни одлики и ресурси како за “култура за продажба”, а не како за монументална, бесценета, неповторлива, скаменета… култура.
Методот, кој оваа трибина сака да го искористи е “погледот од страна”, односно како другите не гледаат (тн.Fishbowl или видлив фронт на една манифестација или на еден предмет)
Филмот е само школска и музејска методологија како децата да ги научиме да размислуваат поинаку од нас…Се работи и за начините на кои ќе може да се развива културниот туризам , да се искористат локалните ресурси, приказни, знаења…