Новиот грб и знаме на Општина битола

Новиот грб и знаме на Општина битола

   На 21 март на свечена седница Советот на Општина Битола го донесе новиот грб и знаме на Општина Битола.
   Основната идеја на грбот е визуелно и хералдички да ги искаже и долови раскошните духовни и материјални добра на Општина Битола. На горниот дел е прикажан непрекинат златен фриз врз сина основа што ја симболизира богатата и длабока историја на Битола. Централно поставениот црвено –златен штит на новиот предлог ја претставува современа Битола , подемот на нејзината урбана , духовна и материјална култура. Воедно со својата визуелна стуктура асоцира и на осончаните врвови на пелистерските  молики и пелагониското златно класје.
   Со својот сверичен долен дел грбот асоцира на белиот амфиетеатар во Хераклеа.
   На семантички и хералдички план значењето и симболиката на грбот дополнително се засилени со чистата  колоритна структура.
   Сината боја го симболизира граѓанското општество и демократија.
   Црвената-животот и традицијата.
   Жолтата боја-духовното богатство и неговата моќ.
   Белата боја е метафора на моралната чистота и етиката.
   Новиот грб и знаме беа свечено претставени од страна на Градоначалникот г.Владимир Талески и од Претседателот на Советот на Општина Битола г.Зоран Коњановски.