ДЕН НА ПОТПЕЛИСТЕРСКИ ПРОИЗВОДИ –ПРВ САЕМ НА ЛОКАЛНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Во организација на Општина Битола и локалната група за рурален развој, под покровителство на Градоначалникот Владимир Талески се одржа првиот саем на локални производи и услуги во потпелистерскиот регион.Целта на саемот е преку промоција и продажба на локални традиционални производи да се создадат можности за развој на алтернативниот туризам, одржливо користење на природните ресурси и брендирање на традиционалните производи од регионот, со цел подобрување на животните услови на руралното население во потпелистерскиот регион.На саемот се претставија преку 60 локални фармери, занаетчии, угостители и други домашни производители од четирите села: Дихово, Ниже Поле, Трново и Магарево.
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.