ДЕН НА ПОТПЕЛИСТЕРСКИ ПРОИЗВОДИ –ПРВ САЕМ НА ЛОКАЛНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

ДЕН НА ПОТПЕЛИСТЕРСКИ ПРОИЗВОДИ –ПРВ САЕМ НА ЛОКАЛНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Во организација на Општина Битола и локалната група за рурален развој, под покровителство на Градоначалникот Владимир Талески се одржа првиот саем на локални производи и услуги во потпелистерскиот регион.
Целта на саемот е преку промоција и продажба на локални традиционални производи да се создадат можности за развој на алтернативниот туризам, одржливо користење на природните ресурси и брендирање на традиционалните производи од регионот, со цел подобрување на животните услови на руралното население во потпелистерскиот регион.
На саемот се претставија преку 60 локални фармери, занаетчии, угостители и други домашни производители од четирите села: Дихово, Ниже Поле, Трново и Магарево.