Дозвола за вршење посебен линиски превоз

Дозвола за вршење посебен линиски превоз

ПРОЦЕДУРА

Дозвола за вршење посебен линиски превоз

За издавање на дозвола за вршење посебен линиски превоз на патници во Општината Битола

Потребна документација

За издавање на дозвола за вршење посебен линиски превоз и патници во   Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)

Кон барањето се доставува следната документација:

1.Копија од лиценца за вршење на слободен и посебен линиски превоз на патници;

2.Извод од лиценца со што се потврдува дека поседува најмалку две возила во сопственост или договор за лизинг;

3.Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај, издадена од станиците за технички преглед на моторните возила;

4.Доказ за вработени возачи во редовен работен однос кои ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата (образец М1/М2);

5.Договор за превоз склучен со правно лице кој ќе содржи права и обврски на договорните страни особено околу начинот на плаќање, релацијата, времињата на поаѓање и враќање, станиците, заедно со список на патници кој ќе биде составен дел од договорот и другите услови на превозот (оригинал или заверен на нотар);

6.Временски термини за поаѓање и враќање во кои ќе се врши превозот односно Возен ред во табеларен облик;

Пример:

I-во поаѓање II-ро поаѓање километража станици I-во враќање II-ро враќање

7.Уплатница за уплатени 50,00 денари на: Сметка: 100-0000000630-95, Уплатна сметка: 840-103-03182, Приходна шифра: 722315-00, цел на дознаката: за административна такса, назив на примачот: Трезорска сметка, банка на примачот: НБРМ;

8.По коплетирањето на документацијата за дозвола, превозникот има обврска да изврши уплата и тоа:

  • Уплатница за уплатени 600,00 денари на:

– сметка: 100-0000000630-95

– уплатна сметка: 840-103-03182

  • приходна шифра: 722315-00
  • цел на дознаката: административна такса за вршење на дејност;
  • назив на примачот: Трезорска сметка;
  • банка на примачот: НБРМ.

Барање

Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај

тел: 047 208 305

е-mail: valentina.stefoska@gmail.com