Општина Битола

БЛАГОДАРНОСТ ЗА БИТОЛСКИТЕ РАКОМЕТАРИ КОИ БЕА ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес организираше прием на ракометарите од РК „ Еурофарм Пелистер“, кои беа дел од македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет, кое се одржа од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка. На средбата, градоначалникот Коњановски, им се заблагодари за добрата ракометна игра со која како репрезентативци ја претставуваа Македонија, со што и го потврдија спортскиот напредок на ракометна Битола.
Градоначалникот Коњановски, им додели плакети за особен придонес во ракометната репрезентација на Македонија на светското првенство во ракомет 2025 година на ракометарите: Филип Кузмановски, Петар Атанасијевиќ, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Ненад Костески и Никола Митревски, а изрази јавна благодарност и до битолските ракометари Иван Галевски и Валентин Карасманакис, кои се дел од екипата на РК „Алкалоид“.
„Битола има голем спортски потенцијал, но и значајни ракометни успеси. Ви благодарам, што бевте дел од една силна екипа, која со својата храброст и тактичност се избори за пласман на Светското првенство, деветто во нашата историја. Вие сте наша гордост, а Вашите достигнувања се резултат на долга и напорна работа“, рече градоначалникот Коњановски на денешната средба.
Ракометарите, пренесувајќи ги своите искуства од првенството, се заблагодарија за поддршката од градоначалникот и соработката со Општината.

Scroll to Top