Услуги
Услуги на Општина Битола
Одобрение за поставување на урбана опрема
ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНА ПОВРШИНА
Потребна документација
За издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари).
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Решение од соодветниот регистар каде што е регистриран субјектот (не постаро од 6 месеци);
2 За правно лице – доказ за исполнети минимално технички услови за вршење на дејност (Решение или друг доказ дека барателот поднел пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на дејност);
3. За физичко лице – доказ дека е заведено во постоечката евиденција на невработени лица која ја води Агенцијата за вработување на РМ и притоа прецизно да наведе каква дејност планира да врши на наведената локација;
4. Барање за издавање на Потврда од Општина Битола дека барателот нема неподмирени обврски по основ на неплатен надоместок за поставување на урбана опрема од претходно издадено Одобрение (образецот на барање се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk -линк формулари );
5. Детален цртеж со опис на постојната состојба на површината на која се бара да се врши дејност со околниот простор во размер од кој може јасно да се согледа ситуацијата (1:1000 или 1:500);
6. Детален цртеж со опис на новата ситуација на површината на која се бара да се врши дејност со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура во размер (1:200 или 1:100);
7. Детален цртеж со опис на површината предвидена за користење (1:100 или 1:50);
8. Детали од урбаната опрема што ќе се поставува на површината на која се бара да се врши дејност во размер (1:20 или 1:10);
9.Доставување на фотографии – фронтален дел на објектот и страничен за локацијата на предметното барање
10. Имотен лист (копија) од КП. на која се поставува урбана опрема,
11. Доказ за платена административна такса во износ од 1.050,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници);
Постапка за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ја разгледува доставената документација, и утврдува дали истата е комплетна, врши увид на лице место и утврдува дали деталните цртежи се изработени во согласност со Одлуката за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема како и Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Битола („Сл. гласник на Општина Битола“ бр. 07/2013 год.).
Доколку доставената документација е комплетна, а деталните цртежи се изработени во согласност со Одлуката за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема како и Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Битола („Сл.гласник на Општина Битола“ бр. 07/2013год.), односно барањето е основано и во согласност со одредбите на законите и прописите донесени врз основа на закон, надлежниот орган на Општината ја утврдува висината на комуналната такса согласно Законот за комуналните такси „Сл. весник на РМ“ бр. ( 61/04, 64/05, 92/07 и 123/12 ) и Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во Општина Битола ( „Службен гласник на Општина Битола“ бр.09/05 ) и до барателот доставува Заклучок за плаќање на надоместок за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина, во рок од 3 дена од денот на извршениот увид доколку претходно поднесеното барање било комплетно.
Барателот е должен во рок од 5 (пет) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да изврши уплата на надоместок за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина и да достави доказ за извршена уплата или со Општината да склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати. Доколку барателот не ја плати комуналната такса и не достави доказ за извршена уплата или не склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Одобрението за поставување на урбана опрема на јавна површина се издава во рок од 5 (пет) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци
– Ако барањето содржи некој формален недостаток што го спречува постапувањето, или барањето е неразбирливо или нецелосно, Органот на подносителот ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани недостатоците. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот кој ова го соопштува. За стореното соопштение органот ќе стави забелешка на списот. Ако барателот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток уреден. Ако подносителот не ги отстрани недостатоците во определениот рок, па поради тоа не може да се постапува по барањето, ќе се смета дека барањето не е ни поднесено, за тоа органот ќе донесе Заклучок против кој може да се изјави посебна жалба. На оваа последица подносителот особено ќе се предупреди во поканата за исправка на поднесокот.
– Доколку доставената документација во прилог на барањето содржи недостатоци и не е во согласност со Одлуката за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема како и Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Битола („Сл. гласник на Општина Битола“ бр. 07/2013 год.), Општината писмено ќе го извести барателот дека е потребно да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку во дополнително определениот рок странката не поднесе докази и не ги отстрани недостатоците, органот не може поради тоа да го отфрли барањето како да не е поднесено, туку е должен да ја продолжи постапката и во согласност со правилата на постапката и според материјалниот пропис, да ја реши управната работа.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 (три) работни дена ќе изготви и достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина согласно член 3 од Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр.09/05).
Барателот е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина и да достави доказ за извршена уплата или со Општината да склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати. Доколку барателот не ја плати комуналната такса и не достави доказ за извршена уплата или не склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Одобрението за поставување на урбана опрема на јавна површина се издава во рок од 3 (три) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за поставување на урбана опрема на јавна површина.
Извод од урбанистички план
За добивање на Извод од урбанистички план потребно е:
- Копие од катастарски план (фотокопие не заверено) не постаро од шест месеци
- Имотен или поседовен лист (фотокопие не заверено) не постаро од шест месеци
- Потврда за платени административни такси во вредност од 550,00 ден. ако парцелата има површина до 500.0 м2 или 800,00 ден. ако парцелата има површина повеке од 500.0 м2
- Барање
- Уплатница за административни такси
Одобрение за отстранување
За издавање на одобрение за отстранување потребно е:
- Доказ за сопственост на објектот
- Проект за отстранување на објектот (во најмалку 3 примероци)
- Ревизија на проектот за отстранување на објектот
- Потврда за платени административни такси во вредност од 250,00 денари
- Барање
Елаборат за заштита на животна средина
Постапка за издавање на решение за одобрен елаборат за заштита на животна средина
- 3 примероци + електронска верзија (CD)
- Рок за решавање 15 дена
- Известие за надополнување, некомплетност Рок 15 дена
- Решение за одобрен елаборат, рок 15 дена од комплетно барање и цела пропратна документеција (сметки од стрјуја,вода,канализација,
отпад, договори) да бидат составен дел од Прилозите во самиот Елаборат - Барање
- Уплатница со платени административни такси 600 ден.
Решение за утврдување на режим на сообраќај
ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ
Потребна документација
За издавање на Решение за утврдување на режим на сообраќај, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќајот во 4 (четири) примероци;
2. Извештај за извршена ревизија на Основниот сообраќаен проектот за режим на сообраќај во 4 (четири) примероци;
3. Доказ за платена административна такса во износ од 1.350,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници);
Постапка за издавање на Решение за утврдување на режим на сообраќај
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и дали Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот и Извештајот за извршената ревизија се изработени во согласност со законските прописи од областа на сообраќајот.
Доколку доставената документација е комплетна, а Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот и Извештајот за извршената ревизија се изработени во согласност со законските прописи, надлежниот орган на Општината ги доставува Основните проекти за режим на сообраќајот со Извештаите за извршената ревизија до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот.
МВР-СВР Битола е должен во најкраток можен рок да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај.
Доколку е добиено позитивно Мислење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќај.
Доколку се добие негативно мислење од МВР-СВР Битола со насоки за корекција на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена со писмено известување ќе ги достави Основниот сообраќаен проект и извештајот од извршената ревизија до барателот, со укажување истиот да постапи по забелешките во рок од 3 (три) работни дена и корегирани да ги достави повторно до Општината.
Корегираниот Основен сообраќаен проект и извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината повторно ќе го достави до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на истите.
МВР-СВР Битола е должно во најкраток можен рок да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот и извештајот за извршената ревизија.
Доколку е добиено позитивно Мислење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект и извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќајот.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци
– Ако барањето содржи некој формален недостаток што го спречува постапувањето, или барањето е неразбирливо или нецелосно, Органот на подносителот ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани недостатоците. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот кој ова го соопштува. За стореното соопштение органот ќе стави забелешка на списот. Ако барателот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток уреден. Ако подносителот не ги отстрани недостатоците во определениот рок, па поради тоа не може да се постапува по барањето, ќе се смета дека барањето не е ни поднесено, за тоа органот ќе донесе Заклучок против кој може да се изјави посебна жалба. На оваа последица подносителот особено ќе се предупреди во поканата за исправка на поднесокот.
– Доколку доставената документација не е комплетна и /или Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот не е изработен во согласност со законската регулатива од областа на сообраќајот, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето, во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот не може поради тоа да го отфрли барањето како да не е ниту поднесено, туку е должен да ја продолжи постапката и во согласност со правилата на постапката и според материјалниот пропис, да ја реши управната работа.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, да ги достави Основните сообраќајни проекти за утврдување на режим на сообраќајот со Извештаите за ревизија до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот.
МВР-СВР Битола е должен во најкраток можен рок да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот и Извештајот за извршена ревизија.
Доколку е добиено позитивно мислење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќајот.
Доколку се добие негативно мислење од МВР-СВР Битола со насоки за корекција на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот, надлежниот орган на Општината е должен во рок од 3 (три) работни дена со писмено известување или на друг погоден начин да го достави Основниот сообраќаен проект и Извештајот од извршената ревизија на барателот, за истиот да може да постапи по забелешките во рок од 3 (три) три работни дена и корегирани повторно да ги достави до Општината.
Корегираниот проект и извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината го доставува до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на истите.
МВР-СВР Битола е должно во најкраток можен да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќај и Извештајот за извршената ревизија.
Доколку е добиено позитивно миослење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект и Извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќај.
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај тел: 047 208 305 е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз
Процедура за издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз на патници во Општината Битола
Потребна документација
За издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
- ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ Е ВПИШАН ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ-ТЕКОВНА СОСТОЈБА СО ПРЕТЕЖНА ДЕЈНОСТ ЗА ПРЕВОЗОТ ЗА КОЈ ШТО СЕ БАРА ЛИЦЕНЦА (НЕ ПОСТАР ОД 60 ДЕНА) (копија)
- ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ ИМА ВО СОПСТВЕНОСТ ИЛИ ПОД ЛИЗИНГ РЕГИСТРИРАНИ ДВЕ ИЛИ ПОВЕЌЕ ВОЗИЛА СО НАЈМАЛКУ 16+1 СЕДИШТЕ (копија од сообраќајни дозволи)
- ПОТВРДА ЗА СЕКОЕ ВОЗИЛО ОД СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД-БИТОЛА ДЕКА ИСТОТО ГИ ИСПОЛНУВА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИТЕ УСЛОВИ ЗА ВАКОВ ВИД НА ПРЕВОЗ (копија)
- ДОКАЗ ЗА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА-ВОЗАЧИ ВО ФИРМАТА (копија од образец М1/М2) – ЗА ЕДНО ВОЗИЛО ЕДЕН ВОЗАЧ
- СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ ЗА УПРАВИТЕЛОТ (копија-информации за сертификатот се добиваат на Технички факултет-Битола; лице за контакт: Зоран Јошевски)
- УВЕРЕНИЕ ДЕКА ПРОТИВ УПРАВИТЕЛОТ НЕМА ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО (НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА) (копија)
- АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ (оргинал)(уплатени преку правното лице-фирма)
Постапка за издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, и доколку утврди дека истата е комплетна , во рок од 15 дена ќе изготви заклучок за плаќање на административна такса за добивање на Лиценца /Извод од лиценца за вршење авто такси превоз на патници и истиот го доставува до странката.
Странката во рок од 5 дена по добивање на Заклучокот за плаќање на административна такса е должна да постапи по истиот.и доказ за извршена уплата да достави до Надлежниот орган на Општината.
Надлежниот орган на Општина Битола во рок од 3 (три) работни дена ја изготвува Лиценцата/Изводот од Лиценца за вршење на авто такси превоз на патници во Општина Битола и уредно ја доставува до странката.
Доколку странката не постапи по Заклучокот за плаќање во предвидениот рок, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање и ќе се постапи согласно Законот за општа управна постапка.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со известување 1 барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот повторно не ја докомплетира доставената документација надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со известување 2 барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 20 (дваесет) дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за издавање на лиценца и Извод од лиценца за вршење Општински линиски превоз на патници во Општина Битола
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај тел: 047 208 305 е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз
Процедура за издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општината Битола
Потребна документација
За издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ Е ВПИШАН ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ – ТЕКОВНА СОСТОЈБА СО ПРЕТЕЖНА ДЕЈНОСТ „АВТО-ТАКСИ СЛУЖБА“ (не постара од 60 дена) (копија)
2. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ ИМА ВО СОПСТВЕНОСТ РЕГИСТРИРАНО ВОЗИЛО СО НАЈМНОГУ 5 СЕДИШТА, ВНЕСЕНА ПРОПИШАНАТА БОЈА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ВО СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА И ВО СОПСТВЕНОСТ НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ-ФИРМАТА. ВОЗИЛАТА КОИ ШТО СЕ ПОД ЛИЗИНГ, ИСТО ТАКА ТРЕБА ДА ЈА ИМААТ ПРОПИШАНАТА БОЈА ОД ОПШТИНА БИТОЛА (копија од сообраќајната дозвола)
3. ПОТВРДА ЗА ВОЗИЛОТО ОД СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД-БИТОЛА ДЕКА ИСТОТО ГИ ИСПОЛНУВА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИТЕ УСЛОВИ ЗА ВАКОВ ВИД НА ПРЕВОЗ (копија
4. РЕШЕНИЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА ИЗДАДЕНО ОД УЈП-РД БИТОЛА И СЕРТИФИКАТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА МЕРИЛО ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА-БИРО ЗА МЕТРОЛОГИЈА (копија)
5. СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ ЗА УПРАВИТЕЛОТ (информации за сертификатот се добиваат на Технички факултет-Битола; лице за контакт: Зоран Јошевски) (копија)
6. УВЕРЕНИЕ ДЕКА ПРОТИВ УПРАВИТЕЛОТ НЕМА ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО (не постаро од 60 дена) (копија)
7. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ (уплатени преку правното лице-фирма)
Постапка за издавање на лиценца и извод од лиценца завршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и во рок од 15 дена со комплетирана документација се издава лиценца и извод од лиценца.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен со писмено известување 1 да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 8 (осум) дена, доколку повторно доставената документација не е комплетна Општината писмено испраќа известување 2 да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 20 (дваесет) дена
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на лиценца,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, и со комплетирана документација во рок од 15 дена да издаде лиценца и извод од лиценцата.
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај тел: 047 208 305 е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Дозвола за вонреден превоз на општинските патишта
Процедура за издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола
Потребна документација
За издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Барањето ги содржи следните податоци:
1. Податоци за подносителот на барањето
2. Податоци за општинските патишта и улици кои ќе се користат
3. Периодот за нивно користење
4. Целта на користење и податоци за возилото
5. Согласност издадена од Министерството за Внатрешни работи
6. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ
Постапка за издавање на дозвола вршење на вонреден превоз на општинските патишта:
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и надлежниот орган на општината во рок од 15 дена со комплетирана документација до барателот доставува Заклучок за плаќање на надоместок за издавање дозвола вршење на вонреден превоз на општинските патишта
Барателот е должен во рок од 5 (пет) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да изврши уплата на надоместок за издавање на дозвола за дозвола вршење на вонреден превоз на општинските патишта и да достави доказ за извршена уплата или со Општината да склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати. Доколку барателот не ја плати комуналната такса и не достави доказ за извршена уплата или не склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
За издадената дозвола за вонреден превоз на општинските патишта и улици се наплаќа надоместок во висина од 1.000,00 денари за секој тон надминато оскино оптоварување по должен километар.
Ако за вршење на вонредниот превоз е потребно да се преземат мерки за обезбедување, потпирање и зајакнување на објектите на патот и слично, трошоците во врска со превземањето на тие мерки ги поднесува превозникот.
Превозникот ги сноси сите трошоците за настанатите оштетувања на патот и објектите на патот од вонредниот превоз.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за добивање Дозвола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а МВР-СВР Битола не даде согласнот за вршење вондреден превоз на патиштата на Општина Битола органот на општината задолжен за издавање дозвола за вондреден превоз на територијата на Општина Битола на подносителот му издава решение за одбивање.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на дозвола,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање Дозвола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 (три) работни дена ќе изготви и достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола согласно член 7 од Одлуката за утврдување на висината на на надеместокот за обезбедување на финансиска средства за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските шатишта и улици на подрачјето Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр.10/05).
Барателот е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не ја плати висината на надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола се издава во рок од 3 (три) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола.
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај тел: 047 208 305 е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Дозвола за прекумерно користење на општинските патишта
Процедура за издавање на дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола
Потребна документација
За издавање на дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Барањето ги содржи следните податоци:
1. Податоци за подносителот на барањето
2. Податоци за општинските патишта и улици кои ќе се користат
3. Периодот за нивно користење
4. Марка,тип и регистарски таблички на возилото со кое ке се врши превозот
5. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ
Постапка за издавање на дозвола вршење на вонреден превоз на општинските патишта:
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и надлежниот орган на општината во рок од 15 дена со комплетирана документација до барателот доставува Заклучок за плаќање на надоместок за издавање дозвола за вршење на прекумерно користење на општинските патишта
Барателот е должен во рок од 5 (пет) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да изврши уплата на надоместок за издавање на дозвола за дозвола вршење на прекумерно користење на општинските патишта и да достави доказ за извршена уплата или со Општината да склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати. Доколку барателот не ја плати комуналната такса и не достави доказ за извршена уплата или не склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
За издадената дозвола за прекумерно користење на општински пат или улица се наплаќа надоместок чија висина се разликува во зависност од тоа дали прекумерното користење е од времен или траен карактер и тоа:
-за прекумерно користење од времен карактер ……….3.000,00 денари по поминат километар на ден и
– за прекумерно користење од траен карактер ……. 1.000,00 еднари по поминат километар на ден
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Заклучок како барањето да не е ни поднесено.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на дозвола,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање Дозвола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 (три) работни дена ќе изготви и достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за издавање на дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола согласно член 6 од Одлуката за утврдување на висината на на надеместокот за обезбедување на финансиска средства за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските шатишта и улици на подрачјето Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр.10/05).
Барателот е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за издавање на дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не ја плати висината на надоместокот , ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола се издава во рок од 3 (три) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола.
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај тел: 047 208 305 е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Дозвола за вршење посебен линиски превоз
Дозвола за вршење посебен линиски превоз
За издавање на дозвола за вршење посебен линиски превоз на патници во Општината Битола
Потребна документација
За издавање на дозвола за вршење посебен линиски превоз и патници во Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1.Копија од лиценца за вршење на слободен и посебен линиски превоз на патници;
2.Извод од лиценца со што се потврдува дека поседува најмалку две возила во сопственост или договор за лизинг;
3.Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај, издадена од станиците за технички преглед на моторните возила;
4.Доказ за вработени возачи во редовен работен однос кои ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата (образец М1/М2);
5.Договор за превоз склучен со правно лице кој ќе содржи права и обврски на договорните страни особено околу начинот на плаќање, релацијата, времињата на поаѓање и враќање, станиците, заедно со список на патници кој ќе биде составен дел од договорот и другите услови на превозот (оригинал или заверен на нотар);
6.Временски термини за поаѓање и враќање во кои ќе се врши превозот односно Возен ред во табеларен облик;
Пример:
I-во поаѓање | II-ро поаѓање | километража | станици | I-во враќање | II-ро враќање |
7.Уплатница за уплатени 50,00 денари на: Сметка: 100-0000000630-95, Уплатна сметка: 840-103-03182, Приходна шифра: 722315-00, цел на дознаката: за административна такса, назив на примачот: Трезорска сметка, банка на примачот: НБРМ;
8.По коплетирањето на документацијата за дозвола, превозникот има обврска да изврши уплата и тоа:
- Уплатница за уплатени 600,00 денари на:
– сметка: 100-0000000630-95
– уплатна сметка: 840-103-03182
- приходна шифра: 722315-00
- цел на дознаката: административна такса за вршење на дејност;
- назив на примачот: Трезорска сметка;
- банка на примачот: НБРМ.
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај тел: 047 208 305 е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Дозвола за поставување на инсталации
ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ИНСТАЛАЦИИ ВО ТРУПОТ НА ПАТОТ, ПАТНИОТ И ЗАШТИТНИОТ ПОЈАС НА ОПШТИНСКИТЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ
Потребна документација
За издавање на Дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици, барателот поднесува писмено Барање до Општината, (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Основен проект за линиска инфраструктурна градба во 1 (еден) примерок (за
должина на трасата над 30м.);
2. Одобрение за градење ( правосилно );
3. Скица на прекопот и графички прилог со ситуационо решение од сите субјекти
кои имаат свој подземен катастар ( за должина на трасата до 30м );
4. Доказ за платена административна такса во износ од 270,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници).
Постапка за издавање на Дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ја разгледува доставената документација и утврдува дали истата е комплетна и изработена согласно законските прописи.
Доколку доставената документација е комплетна и изработена согласно законските прописи, надлежниот орган на Општината доставува до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици согласно член 5 од Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Битола. („Службен гласник на Општина Битола “ бр.05/12)
Барателот е должен во рок од 8 ( осум ) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не го плати надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици, надлежниот орган на Општината ја издава во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на доставување на доказ за регулиран надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци
– Ако барањето содржи некој формален недостаток што го спречува постапувањето, или барањето е неразбирливо или нецелосно, Органот на подносителот ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани недостатоците. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот кој ова го соопштува. За стореното соопштение органот ќе стави забелешка на списот. Ако барателот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток уреден. Ако подносителот не ги отстрани недостатоците во определениот рок, па поради тоа не може да се постапува по барањето, ќе се смета дека барањето не е ни поднесено, за тоа органот ќе донесе Заклучок против кој може да се изјави посебна жалба. На оваа последица подносителот особено ќе се предупреди во поканата за исправка на поднесокот.
– Доколку доставената документација не е комплетна и /или не е изработена согласно законските прописи, надлежниот орган на Опшината ќе го извести барателот со укажување да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето, во рок од 8 ( осум ) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 ( три ) работни дена ќе достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици. Барателот е должен во рок од 8 ( осум ) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не го плати надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Дозволата за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици се издава во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на доставување на доказ за регулиран надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот не може поради тоа да го отфрли барањето како да не е поднесено, туку е должен да ја продолжи постапката и во согласност со правилата на постапката и според материјалниот пропис, да ја реши управната работа.
- Барање
- Уплатница за административни такси
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај тел: 047 208 305 е-mail:valentina.stefoska@gmail.com
Дозвола за усогласување со оперативен план
Постапка за издавање Дозвола за усогласување со оперативен план
- 3 примероци + електронска верзија (CD)
- Плаќање надоместок при поднесување на барање
- Објава во еден дневен весник достапен на цела територија на РМ во рок од 7 дена од денот на приемот на комплетното барање, на трошок на барателот на дозволата
- Објава на web. страната на Општина Битола
- Одлука за отпочнување на постапка за преговарање за постигнување согласност за исполнување на оперативен план
- По постигната согласност за исполнување на оперативниот план, се издава ДОЗВОЛА за УСОГЛАСУВАЊЕ со ОПЕРАТИВЕН ПЛАН.
- Објава на Дозвола за усогласување со оперативен план во рок од 10 дена од денот на издавањето, во еден дневен весник достапен на целата територијата на РМ на сметка на барателот на дозволата.
- Праќање копија од издадена ДУОП до Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за Животна Средина
- Барање
- Уплатница со платени администратини такси 600 ден.
Уверение за во/вон градежен реон
За добивање на Уверение за во/вон градежен реон потребно е:
- Копие од катастарски план
- Имотен или поседовен лист (фотокопие не заверено) не постаро од шест месеци
- Потврда за платени административни такси во вредност од 250,00 денари
- Барање
Уверение за нумерирање на објект
ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА НУМЕРИРАЊЕ НА ОБЈЕКТ
Потребна документација
За добивање на Уверение за нумерирање на објект, барателот поднесува писмено Барање до Општината, (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Доказ за сопственост (имотен лист со запишано право на сопственост, право на користење, право на долготраен закуп, лична службеност или прибележан договор за закуп, или договор за закуп доколку е склучен и солемнизиран пред 25.04.2013 година );
2. Доказ за платена административна такса во износ од 50,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници)
Постапка за издавање на Уверение за нумерирање на објект
Опшината е должна во рок од 5 ( пет ) работни дена од денот на приемот на барањето да ја разгледа доставената документација и да утврди дали истата е комплетна. Доколку доставената документација е комплетна, надлежниот орган на Општината ќе издаде Уверение и истото ќе го достави до барателот.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци
Доколку доставената документација не е комплетна или барањето е непотполно, надлежниот орган на Општината ќе го извести барателот, за истиот да може да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето, во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на приемот на известувањето. Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган на Општината е должен во рок од 3 ( три ) работни дена да го изготви Уверението и да го достави до барателот.
Во случај кога не постои можност да се изврши нумерирање на објектот поради неисполнетост на законски претпоставки, и да се издаде Уверение, барањето за издавање на Уверение ќе биде одбиено со Решение.
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај тел: 047 208 305
Данок на промет на недвижности
ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ
1.ДАНОЧНА ПРИЈАВА
-ЗА ПРЕНОСОТ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ СЕ ПОДНЕСУВА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА СКЛУЧЕНИОТ ДОГОВОР
-ОБРАЗЕЦ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА СЕ ПОПОЛНУВА И ПОДНЕСУВА НА ПРИЕМЕН ШАЛТЕР СО УПЛАТЕНИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ ВО ИЗНОС ОД 300 ДЕНАРИ ОД ПОДНОСИТЕЛОТ НА ПРИЈАВАТА НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315
КОН ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ЗА ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТ ЗА КУПОПРОДАЖБИ СЕ ПРИЛОЖУВААТ СЛЕДНИТЕ СПИСИ:
-НАЈМАЛКУ 6-8 ДОГОВОРИ ОД КОИ ДВА ПОТПИШАНИ ОД СТРАНКИТЕ ВО ДОГОВОРОТ
-КОПИИ ОД ЛИЧНА КАРТА ЗА ФИЗИЧКОТО ЛИЦЕ И ТЕКОВНА СОСТОЈБА ЗА ПРАВНИОТ СУБЈЕКТ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ
-ИМОТЕН ЛИСТ ЗА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ
-ТЕХНИЧКИ ИЗВЕШТАЈ –ОДОБРЕНИЕ ЗА УПОТРЕБА НА НЕДВИЖНОСТА
-ПОЛНОМОШНО ОД ОВЛАСТЕНИОТ ЗАСТАПНИК
2.ДАНОЧНА ОСНОВА
– ПРЕТСТАВУВА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ УТВРДЕНА ОД ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ СПОРЕД МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОЦЕНА НА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ („Сл.весник на РМ “бр.54/2012…142/14)
3.ДАНОЧНИ СТАПКИ
-СТАПКАТА НА ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ ИЗНЕСУВА 3 %
4.ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ
-РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ПРОМЕТ СЕ ДОНЕСУВА ВО РОК НЕ ПОДОЛГ ОД 10 ДЕНА
5.РОК НА ПЛАЌАЊЕ
-УТВРДЕНИОТ ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТ СЕ ПЛАЌА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРИЕМОТ НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%
6.ТУЖБА
-ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ РЕШЕНИЈА –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА БИТОЛА, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО УПЛАТЕНИ 250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ
7. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА
– РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.
8.ТУЖБА
-Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .
ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.
ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ
Комунална такса за фирма
КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА,ОДНОСНО НАЗИВ НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА
1.ОБВРЗНИК НА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА
Е ФИЗИЧКО И ПРАВНО ЛИЦЕ И ГРАЃАНИНОТ КОИ КОРИСТАТ ОПРЕДЕЛЕНИ ПРАВА, ПРЕДМЕТИ И УСЛУГИ И ТОА
2. КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА СЕ ПЛАЌА
-ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОДНОСНО ЗА СЕДИШТЕ НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ , КОМУНАЛНАТА ТАКСА ИЗНЕСУВА 5.000 ДЕНАРИ НА ГОДИШНО НИВО
-ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА, ТРГОВЦИТЕ ПОЕДИНЦИ КОМУНАЛНАТА ТАКСА ИЗНЕСУВА 2.000 ДЕНАРИ НА ГОДИШНО НИВО
-ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА КОИ ДАНОКОТ ГО ПЛАЌААТ ВО ПАУШАЛЕН ИЗНОС КОМУНАЛНАТА ТАКСА ИЗНЕСУВА 500 ДЕНАРИ НА ГОДИШНО НИВО
-ЗА СЕКОЈА ПОДРУЖНИЦА ОДНОСНО ,ПРОДАВНИЦА, КИОСК , ДЕЛОВНА ЕДИНИЦА И СЛИЧНО КОМУНАЛНАТА ТАКСА ИЗНЕСУВА 2.000 ДЕНАРИ НА ГОДИШНО НИВО
3. ДАНОЧНА ПРИЈАВА
-ОБВРЗНИКОТ НА ТАКСАТА Е ДОЛЖЕН ДА ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА ДО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА НАСТАНАТАТА ОБВРСКА ИЛИ ДОКОЛКУ НАСТАНАТ ПРОМЕНИ КОИ ДОВЕДУВААТ ДО ПЛАЌАЊЕ ТАКСА ВО ПОГОЛЕМ ИЛИ ПОМАЛ ИЗНОС.
-ОБВРЗНИКОТ НА ТАКСАТА КОЈ НЕ ЌЕ ПОДНЕСЕ НАВРЕМЕ ПРИЈАВА , ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ ПОКРАЈ СО РЕДОВНАТА ТАКСА СО ЗГОЛЕМЕНА ТАКСА ОД 30%.
-ЗА НАСТАНАТИТЕ ПРОМЕНИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА ПРАВНИТЕ ЛИЦА КАКО ПРОМЕНА НА СЕДИШТЕ НОВИ РЕГИСТРИРАНИ ИЛИ ЗАТВОРЕНИ ПОДРУЖНИЦИ, СТЕЧАЈ И СЛИЧНО , ДОЛЖНО Е ПРАВНОТО ЛИЦЕ ВО РОК ОД 15 ДЕНА ДА ГО ИЗВЕСТИ ДАНОЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ СО ПРИЛОГ НА ТЕКОВНА СОСТОЈБА ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ.
4.ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ
-РЕШЕНИЕ ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА/НАЗИВ НА ДЕЛОВНАТА ПРОСТОРИЈА СЕ ДОНЕСУВА СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ ОД СОСТОЈБАТА НА 1-ВИ ЈАНУАРИ СЕКОЈА ГОДИНА ЗА СЕКОЈ ОБВРЗНИК ОДДЕЛНО.
5.РОК НА ПЛАЌАЊЕ
– КОМУНАЛНАТА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО РОК ОД 30 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%
6. ЖАЛБА/ТУЖБА
-ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ РЕШЕНИЈА –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА БИТОЛА, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО УПЛАТЕНИ 250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ
7. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА
– РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.
8.ТУЖБА
-Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .
ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.
ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ
Регистар на категоризирани угостителски објекти и постапка за категоризација
Категоризација на сместувачки објекти од мал обем до 20 легла
Според член 4 –а став 2 од Законот за угостителска дејност на РМ (Сл. весник бр. 199/2014) и член 205 од Законот за општа управна постапка на РМ (Сл. весник бр. 38/05), Општината врши упис во регистарот за угостителска дејност од мал обем и издава решение за извршена категоризација на угостителските објекти за сместување од мал обем .
Физичките лица кои ќе ја обавуваат оваа угостителска дејност треба да достават:
– Барање за угостителска дејност од мал обем со административна такс 250 ден (прилог)
– Доказ за сопственост на објектот( имотен лист или договор за право на користење)
– Пријава од Државен пазарен инспекторат за исполнети минимални- технички услови ( се подига од Општина или од ДПИ во два примероци со административна такса од 50 ден)
Отуѓување на градежно земјиште по пат на непосредна спогодба
ПОСТАПКИ ЗА ОТУЃУВАЊЕ И ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН И КРАТКОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА ( СЕ ПРИМЕНУВААТ ДО 31.12.2015 ГОДИНА )
Отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба се врши по поднесено барање од физичко или правно лице доколку со урбанистички план или урбанистичка планска документација на градежната парцела не се предвидува изградба на градби од јавен интерес утврдени со закон.
Врз земјиштето кое е предмет на отуѓување или давање под долготраен и краткотраен закуп не смее да има правни и физички ограничувања за располагање со истото под кои што се подразбираат право на користење, службеност, закуп, реален товар, хипотека и други стварни права на градежното земјиште евидентирани во имотниот лист за земјиштето, како и времени објекти, објекти сопственост на Република Македонија, сопственост на општините и сопственост на јавните претпријатија и други субјекти основани од Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија и на јавните претпријатија основани од општините, за кои постои опасност од уривање и објекти кои не се запишани во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
Следниве барања се поднесуваат на електронски начин преку www.gradezno-zemjiste.mk
1. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба за потребите на верските заедници за изградба на верски објекти предвидени со урбанистички план или урбанистичка планска документација, при што кон барањето се поднесуваат следниве докази:
- – извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
- – геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
- – имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
- – согласност за изградба на верски објект на предметното градежно земјиште од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина, - – доказ за регистрација на верската заедница согласно со закон и
- – доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
- Формулар и уплатница
2. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, при што кон барањето се поднесуваат следниве докази:
- – извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
- – геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
- – имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое претставува над 30% од градежната парцела,
- – имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
- – уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
- – доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и
- – доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
- НАПОМЕНА: Доколу во рамките на градежната парцела има повеќе сопственици на земјиштето, барањето може да го поднесе и само еден од сопствениците кој има повеќе од 30% сопственост од градежната парцела, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежната парцела се откажуваат од правото да бидат подносители на барањето.
3. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и запишани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно земјиште, при што кон барањето се поднесуваат следните докази:
- – извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
- – геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
- – имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето,
- – имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
- – уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
- – доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопиjа од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и
- – доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
- НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуваат сопственикот на објектот да го поднесе барањето.
4. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности, при што кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– решение за утврдување на правен статус на бесправен објект,
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
– имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
– доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопиjа од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
ПРЕДМЕТ НА БАРАЊЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ:
– градежното земјиште под објектот, односно делот од објектот за кој е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти и
– градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот.
НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуваат сопственикот на објектот да го поднесе барањето.
5. Сопствениците на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација на градежно земјиште на кое имаат засновано право на долготраен закуп, доколку објектите се изградени согласно со урбанистички план или урбанистичка планска документација и доколку ја имаат исплатено закупнината за тековната година и другите давачки кои произлегуваат од договорот за долготраен закуп можат да поднесат барање да им се отуѓи градежното земјиште со непосредна спогодба. Закупнините кои се платени до денот на поднесувањето на барањето не се пресметуваат во цената за отуѓување на земјиштето.
Кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– договор за засновање на правото на долготраен закуп,
– имотен лист за земјиштето сопственост на Република Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп,
– имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште,
– доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуват сопственикот на објектот да го поднесе барањето
6. Кога градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти од јавен интерес се дава под долготраен закуп со непосредна спогодба, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела, односно проект за инфраструктура со утвдрена површина за градење,
– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела, односно површината за градење утврдена со проект за инфраструктура,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
– доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.800 денари.
По добивање на барањето со доказите општината доставува барање до Владата на Република Македонија за давање на согласност за склучување на договор за долготраен закуп со непосредна спогодба.
Владата на Република Македонија нема да даде согласност доколку утврди дека за давањето на градежното земјиште под долготраен закуп може да постои интерес од повеќе заинтересирани субјекти и истото може да се даде под долготраен закуп по пат на јавно наддавање.
7. Кога градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти предвидени со проекти или програма за работа на државните органи, јавните претпријатија и другите субјекти основани од Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија се дава под долготраен закуп со непосредна спогодба на државни органи, јавни претпријатија и други субјекти основани од Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесување не е постар од 30 дена,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
– доказ за регистрација на подносителот на барањето и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
По добивање на барањето општината доставува барање до Владата на Република Македонија за давање на согласност за склучување на договор за долготраен закуп со непосредна спогодба.
8. Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се даде под краткотраен закуп со непосредна спогодба, по поднесено барање до надлежната општина и тоа на сопствениците на угостителски објект пред кои е предвидено плажа, како и на правни и физички лица за потребите за формирање на градилиште.
Кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација,
– урбанистичко техничка документација за уредување на плажа, односно проект за подготвителни работи за организирање на градилиште,
– геодетски елаборат за нумерички податоци изработен врз основа на урбанистичко-техничката документација, односно проект за подготвителни работи,
– доказ за сопственост на угостителскиот објект пред плажа, односно извод од урбанистичка планска документација за објектот за кој се врши организација на градилиште,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.200 денари.
Барање за поднесок за прибележување на градба во Катастар
Барање за поднесок за прибележување на градба во Катастар
Барање за поднесок за предбележување на градба во Катастар
Барање за поднесок за предбележување на градба во Катастар
Барање за запишување на јавна книга на недвижности во Катастар
Барање за запишување на јавна книга на недвижности во Катастар
Отстранување на оштетените возила и возила во дефект
Процедура за добивање на лиценцата за отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територијата на Општината Битола
Потребна документација
За издавање на лиценца и извод од лиценца за отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територијата на Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Извод од тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар од Централен регистар на Република Македонија во оригинал (не постар од шест месеци) со соодветна приоритетна дејност.
2. Доказ за сопственост на едно или повеќе регистрирани возила за отстранување на оштетени возила и возила во дефект:
– Фотокопија заверена на нотар од собраќајни дозволи на возилата регистрирани на име на правното лице или
– Договор за лизинг (оригинал или копија заверана на нотар),
3. Доказ дека има вработено во редовен работен однос, минимум еден возач по возило со:
– Список на вработени по обврзник од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Република Македонија во оригинал (не постар од 60 дена) или
– Преглед на пријави/одјави во задолжителното социјално осигурување за деловен субјект издаден од Агенцијата за вработување на Република Македонија во оригинал (не постар од 60 дена)
4. Важечко уверение за положен курс за давање на итна медицинска помош за секој возач
5. Ценовник утврден од правното лице кое поседува лиценца за потоа согласност да даде Советот на Општината
6. Број на моторни возила со кој ке се врши дејноста
7. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ
Постапка за издавање на лиценцата за отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територијата на Општината Битола
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и во рок од 30 дена со комплетирана документација се издава лиценца и извод од лиценца.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со известување 1 во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на известувањето да се докомплетира документацијата. Доколку барателот не ја докомплетира документацијата во дадениот орган надлежниот орган на Општина испраќа известување 2 во рок од 20 (дваесет) дена да се докомплетира документацијата.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца за отстранување на оштетените возила и возила во дефект на територијата на Општина Битола
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на лиценца,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца за отстранување на оштетените возила и возила во дефект на територијата на Општина Битола
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, и со комплетирана документација во рок од 30 дена да издаде лиценца.
ИНЕРТЕН ОТПАД
УПАТСТВО ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ИНЕРТЕН ОТПАД НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА
Согласно Правилникот за постапување со инертен отпад на Општина Битола (Сл.Гласник бр. 9 од 14.07.2015) локацијата на стопанскиот двор на КЈП Нискоградба на ул. „16та“ бб определена е како локација за привремено складирање на инертен отпад за количини до 1 м3 инертен отпад, со надомест за депонирање според утврдениот ценовник, а депонијата Мегленци е определена како локација за трајно депонирање на инертен отпад без надомест. Согласно Правилникот правните и физичките лица кои создаваат инертен отпад должни се во рок од 5 (пет) дена од завршувањето на активностите да го известат надлежниот општински орган за создадените количини, начинот на собирање и транспортирање на истиот, како и датумот на транспортирање.
Постапка:
- Создавачот на отпад или транспортерот поднесува барање до Општина Битола во Сектор Општински инспекторат. Во барањето се наведува вид и количина на отпадот, поседувач, собирач, транспортер, датум и локација за депонирање на отпадот.
- Подносителот добива транспортен формулар како одобрување на транспортот, во три примероци.
- Транспортниот формулар го заверува одговорното лице за прием во локацијата каде се депонира отпадот.
- Еден примерок од транспортниот лист останува за евиденција во депонијата, а еден примерок подносителот враќа во Општинскиот инспекторат.
Начини на транспортирање:
А) Создавачот на инертен отпад може сам да го транспортира инертниот отпад:
- Ако количината на отпадот е до 1 м3, создавачот на отпадот може сам да го транспортира до местото наменето за привремено складирање односно стопанскиот двор на КЈП „Нискоградба“ при што плаќа надомест за депонирање согласно утврдениот ценовник и при тоа ја запазува горе наведената постапка (т.1 до т.4) .
- Ако количината на отпадот е над 1м3, создавачот на отпад може сам да го транспортира до локацијата за трајно депонирање односно депонија Мегленци каде не се плаќа надомест за депонирање, при што ја запазува горе наведената постапка (т.1 до т.4)
Б) Создавачот на инертен отпад може да побара собирање и транспортирање на отпадот од КЈП „Нискоградба“
Создавачот на инертен отпад се обраќа до службите на КЈП „Нискоградба“ во дирекцијата на ул. „Бул. 1 ви мај“ бб каде добива фактура и откако ќе ја плати сумата согласно утврдениот ценовник се запазува горе наведената постапка (т.1 до т.4).
В) Создавачот на инертен отпад може да побара собирање и транспортирање на отпадот од страна на друг лиценциран субјект за собирање и транспортирање на отпад
Создавачот на инертен отпад се обраќа до друг лиценциран субјект и ја запазува горе наведената постапка (т.1 до т.4), а во прилог на барањето се доставува копија од дозволата за транспортирање на инертен отпад.
Потребни документи за преземање:
Финснсиска помош
Врз основа на Одлуката за определување на критериуми за одредување на финансиска помош од Буџетот на Општината Битола, донесена од Советот на Општина Битола, може да се поднесат барања за еднократна финансиска помош до Комисијата за финансии и буџет при Советот, за една од следниве категории:
-физички лица-поединци – жители на Општина Битола кои постигнале врвни резултати во сите области на живеењето,
-физички лица за претрпени штети од елементарни непогоди,
-физички лица со висок степен на социјална и здравствена неповолна ситуација
-здруженија на граѓани и институции со проекти кои се во интерес на Општината, а кои се однесуваат на локален економски развој, образованието, културата, техниката, науката, здравството, спортот, екологијата и другите области.
Барањето се поднесува заедно со соодветната документација за областа во која се аплицира, со назнака ,,До Комисијата за финансии и Буџет при Советот на Општината Битола“.
Контакт:
- 208-441
- 208-358
Маил: sovet@bitola.gov.mk
ПОСТАПКА ЗА ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП И ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНИ И ДВИЖНИ СТВАРИ СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА БИТОЛА
ПОСТАПКА ЗА ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП И ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНИ И ДВИЖНИ СТВАРИ СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА БИТОЛА
Постапката за продажба на недвижни ствари што се користат или се во продажба кој се сопственост на општина Битола, се врши со електронско јавно наддавање, преку електронски систем за јавно наддавање со кој управува и оперира министерството за финансии-Управа за имот и имотно правни работи.
Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува комисијата за недвижни и движни ствари со претходно дадена објава на електронскиот систем за јавно наддавање и во два дневни весника кои се издаваат на македонски јазик, а излегуваат најмалку три месеци пред денот на објавувањето на објавата и еден дневен весник кој се издава на јазикот кои зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик во општините, на чие пподрачје се наоѓаат недвижните ствари предмет на објавата, а излегува најмалку три месеци пред денот на објавувањето на објавата.
Објавата за продажба на недвижните ствари задолжително ги содржи следниве податоци за :
– недвижна ствар која е предмет на продажба (површина и број на катастарска
парцела каде се наоѓа, катастарска општина и број на имотен лист, број на зграда, намена на зграда, број на влез, број на посебен дел од зграда),
– урабанистичко-планска документација за земјиштето на кое се наоѓа недви-
жната ствар која е предмет на продажба,
– почетна цена на недвижната ствар која е предмет на продажба,
– рокот за поднесување и начинот на поднесување на пријавите за учество на
јавното наддавање,
– времето на започнување и времетраењето на јавното наддавање,
– условите за учество на јавно наддавање за странските физички и правни ли-
ца,
– услови за учество на јавно наддавање за домашни физички и правни лица,
– банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од процене-
тата вредност на недвижната ствар,
– обврската на најповолниот понудувач да ги уплати средствата во рок од 15
дена од денот на приемот на писменото известување за избор, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана а понудувачот во период од од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари,
– начинот и постапката за спроведување на наддавањето (начин на легитими-
рање на учесниците на јавно наддавање, потребен број на учесници согласно со закон,
дефинирање на почетокот и крајот на јавното наддавање, рокот за уплата на најповолната понуда, обврски за исплата на данокот на промет, обврска за трошоците
за солемнизација на договорот и право на приговор) и
– интернет страница на која ќе се врши јавното наддавањe е следната
www.e-stvari.mk
За недвижната ствар која е предмет на објавата на јавно наддавање, може да се
пријават за учество сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица
кои можат да се стекнат со сопственост на недвижни ствари на територијата на Репуб-
лика Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Комисијата е должна во објавата да утврди рок за поднесување на пријавата за
учество на јавното наддавање. Рокот неможе да биде пократок од 10 календарски дена
ниту подолг од 30 календарски дена, сметајќи од денот на објавувањето на објавата до денот на поднесувањето на пријавите.
Пријавите за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање, а тоа се :
– генералиите на истиот (полн назив, точна адреса, и телефон за контакт),
– изјава со која се прифаќаат условите што се дадени во објавата,
– доставување на Банкарската гаранција за сериозност,
– тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија,
– е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која се врши постапката
на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која ќе се одвива електронското јавно наддавање и
– доказ за идентитет за физичките лица, (копија од лична карта).
Комисијата по рокот утврден за доставување на пријавите констатира кој учесници ги исполниле условите во објавата, по што ги известува по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата во рок од три дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на оние подносители кои не ги исплнуваат условите им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното електронско наддавање. Јавното електронско наддавање може да се одржи ако се има пријавено и еден учесник на јавното наддавање и ја наддаде цената во објавата,
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понундувач му се враќа 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
ПОСТАПКА
Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање на од страна на учесниците. Во првите 5 минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што додколку во истекот на последните 2 минути од определеното време од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок се продолжува за уште 2 минути, а ќе заврши кoга за период од следните 2 минути нема нова дадена понуда, и продолжува неограничено се додека во временски интервал од 2 минути има нова понуда.
Доколку во првите 5 минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% од почетната вредност. Доколку и во наредните 5 минути нема понуда, вредноста се намалува повторно за 2% од првичната почетна вредност.
Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по втор пат може да се намали најмногу до 30% доколку се има пријавено саммо еден учесник, доколку во втората објава се пријавиле двајца или повеќе учесници намалувањето на вредноста на недвижната ствар може да биде најмногу до 50% од проценетата вредност.
По завршувањето комисијата изготвува записник за спроведеното наддавање и го доставува до сите учесници.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата за недвижната ствар, а доколку не го стори тоа нема да се пристапи кон потпишување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.
По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на недвижната свар, одговорното лице на државниот односно општинскиот орган корисник на недвижната ствар склучува договор. Трошоците за солемнизација паѓаат на товар на купувачот.
ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП НА НЕДВИЖНИ СТВАРИ
Давањето на недвижни ствари во сопственост на општината во закуп се врши со јавно електронско наддавање и со непосредна спогодба во посебни случаи. Висината на вкупната почетна цена на закупнината изнесува 0,5% од проценетата вкупна вредност за месечна закупнина на недвижната ствар. Вредноста на недвижната свар ја определува овластен проценител, согласно со Законот за процена. Недвижните ствари дадени во закуп не можат да се даваат во подзакуп.
За давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање, соодветно се применуваат одредбите од овој закон со кои претходно е уредена постапката за продажба на недвижни ствари со електронско јавно наддавање.
ПРОДАЖБА НА ДВИЖНИ СТВАРИ
Кога се врши продажба на движни ствари се врши со електронско јавно наддавање кој го спроведува комисијата.
Почетната цена на движните ствари што се предмет на продажба со електронско јавно наддавање е проценетата вредност на движната ствар утврдена согласно Законот за процена.
Во постапката за продажба на движни ствари сопственост на општината со електронско јавно наддавање соодветно се применуваат горе наведените одредби за продажба на недвижни ствари со електронско јавно наддавање.
Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во Одделението за имот и имотно-правни работи на општината и на телефоните:047/208-313, 047/208-324.
Постапка за инспекција на патишта
Одделението за градежна – урбанистичка инспекција, патен сообраќај и патишта на Општина Битола, во согласност со Законот за јавните патишта , ги извршува следните цели и задачи
Работни цели и задачи
- Цел 1:Надзор на јавни комунални претпријатија
- Цел 2:Постапување по закон за јавни патишта
- Цел 3:Надзор на прекопи на улиците
Задачи
- Задача 1:Записници и решенија за прекопи низ улиците на Општина Битола
- Задача 2:Записници и решенија – водење на управна постапка по пријава и по случај
- Задача 3:Инспекциски надлежности при градба на нови улици и реконструкција на стари улици
- Задача 4:Соработка со МВР – Битола и заеднички настапи на улица во Општина Битола
- Задача 5:Соработка со одделение за комунални дејности при недозволена узурпација
- Задача 6:Соработка и самозастапување пред надлежниот суд при преминување на управната постапка во прекршочна
Заедно со барањето или пријавата треба да се достави и уплатница за административни такси од 50 денари.
Постапка на градежна инспекција
Одделението за градежна – урбанистичка инспекција, патен сообраќај и патишта на Општина Битола, во согласност со Законот за градење ги извршува следните цели и задачи
Работни цели и задачи
- Цел 1:Надзор над градбите од втора категорија, согласно законската регулатива
- Цел 2:Надзор над градби што се изведуваат согласно техничка документација, како и градбите што отстапуваат од заверениот проект
- Цел 3:Контрола на издадената тејничка документација
Задачи
- Задача 1:Инспекциски надзор над продажбите од втора категорија
- Задача 2:Контрола на издадена техничка документација
- Задача 3:Поведување на управна постапка за константирани бесправни градби
- Задача 4:Поведување на управна постапка за делови што отстапуваат од градба
- Задача 5:Прием и сослушување на странки, како и писмено известување до истите
- Задача 6:Записници од увид на терен по законот за беспарвно изградени објекти
Заедно со барањето или пријавата треба да се достави и уплатница за административни такси од 50 денари.
Постапка на комунална инспекција
Одделението за комунална инспекција и инспекција на животната средина на Општина Битола, во согласност со Законот за јавна чистота и Законот за комунални дејности ги извршува следните цели и задачи
Работни цели и задачи:
- Цел 1: Спроведување на законските прописи за правни и физички лица кои постапиле спротивно на нив
- Цел 2: Спроведување на Одлуката за комунален ред на Општина Битола
- Цел 3: Јавни комунални претпријатија (Основани од Општина Битола)
Задачи
- Задача 1: Одржување на чистотата над јавните сообраќајни површини
- Задача 2: Динамика и време за подигање на смет
- Задача 3: Одржување на јавно зеленило
- Задача 4: Одржување на хигиена и градскиот пазар
- Задача 5: угостителски трговски објекти кои користат јавни површини за поставување на урбана опрема
- Задача 6: Правни и физички лица кои постапиле спротивно од законските прописи
- Барање
- Платен налог за физички лица
- Платен налог одговорно лице во правното лице
- Платен налог правно лице
- Пријава
- Уплатница
Локал 047/ 208-352 ; 208-440
Постапка за основање облици на месна самоуправа
ПОСТАПКА ЗА ОСНОВАЊЕ ОБЛИЦИ НА МЕСНА САМОУПРАВА ВО ОПШТИНАТА
Правниот основ (iustus titulus) за основање облици на месната самоуправа во општината е содржан во член 82 став 4 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 137 став 2 од Статутот на Општина Битола, каде што поблиску се определени облиците на месната самоуправа во општината (во градот и во населените места), нивните односи со органите на општината работите од надлежност на градоначалникот чие што извршување може да се пренесе на претседателот на советот на месната самоуправа за, начинот на обезбедување средства за пренесените работи и други прашања од значење за месната самоуправа.
Граѓаните во општината ги основаат месните заедници врз оснава на уставното право на месна самоуправа, како облик на изразување на нивниот заеднички интерес и заради давање придонес за решавање на нивните секојдневни потреби во непосредната околина на подрачје за кое тие се основани и вклучување во системот на одлучување во локалната самоуправа.
Во општината се создаваат услови за основање на месните заедници, како битен елемент на општината и се овозможува на граѓаните да придонесуваат за нејзино подобро функционирање во целина, непосредно да ги согледуваат проблемите на заедничкиот живот во соседството, да расправаат за можностите за нивно решавање, да донесуваат одлуки и да здружуваат средства, како и непосредно да се ангажираат во спроведувањето на заеднички донесените одлуки.
Mесните заедници работат во рамките на правата утврдени со Законот и Статутот на општината, одлуката за основање, и делегираните надлежности од градоначалникот на општината.
Месната заедница ја претставува и застапува претседателот на Советот на месната заедница. Во отсуство на претседателот на советот, месната заедница ја претставува и застапува член на Советот определен од претседателот на Советот. Во месната заедница во која не се избира Совет, месната заедница ја претставува и застапува претседавачот на собирот на граѓани на месната заедница.
Месните заедници меѓусебно соработуваат заради остварување на нивните заеднички интереси. Месните заедници може заради остварување на заеднички интереси да соработуваат и да здружуваат средства и со месни заедници од подрачјето на други општини во согласност со Договор помеѓу општините.
НАДЛЕЖНОСТИ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ
- разгледување и заземање ставови за прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје,
- утврдување предлози за прашањата од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје,
- одлучување за одделни прашања што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на општината и органите на државната власт.
- комуналните дејности (снабдувањето со вода и одведувањето на отпадните води, одржување на хигиената и зеленилото, изградбата и одржувањето на патната мрежа, уредувањето и одржувањето на гробиштата во селата и др.);
- заштитата на животната средина (заштита од загадување на водата, воздухот и почвата, заштита од прекумерна бучава и др.);
- урбанистичко уредување на просторот;
- јавниот превоз на патници;
- образованието, здравството и социјалната заштита;
- културни, забавни и спортски манифестации и одржувањето на објектите од јавен интерес;
- развивањето на добрососедските односи;
- снабдувањето со стоки и услуги, како и заштитата на потрошувачите;
- други прашања од секојдневно значење за животот и работата на граѓаните
- месните заедници вршат и определени работи од надежност на Општината, доколку им бидат доверени од градоначалникот
- Средствата за вршење на пренесените работи ги обезбедува Општината
ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ
Во месните заедници за вршење на работите од нивна надлежност се организира Собир на граѓани, може да се формира Совет, да се свикуваат специјализирани (интересни ) собири и да се спроведува анкета. За формирање на Совет одлучуваат граѓаните со живеалиште на подрачјето на месните заедници. Во месните заедници во кои не се формира Совет, работите се вршат преку Собир на граѓани.
Собирот на граѓани во месните зедници ги извршува следните активности:
- покренуваат иницијатива до општината за распишување на референдум
- одлучуваат за формирање Совет и избор на членови на Советот,
- расправаат и решаваат за други работи утврдени со закон, Статут на Општината и други прописи на општината,
- разгледуваат проекти од интерес за месната заедница.
Советот на месната заедница се состои од 3-7 члена со мандат од 4 години. Советот на месната заедница го предлага, утврдува и избира членовите на на советот.
Надлежности и работни задачи на советот се:
- донесува Програма и план за работа на месната заедница,
- донесува одлуки за изградба, одржување и користење на објекти од јавен интерес, кои не се во надлежност на органите на општината или органите на државната власт
- донесува Деловник за својата работа,
- поднесува иницијатива за распишување референдум,
- утврдува предлози за кои граѓаните одлучуваат на собир,
- се грижи за спроведување на заклучоците на Собирот на граѓаните,
- именува членови на комисии и други тела на Советот,
- донесува одлука за свикувањe собир на граѓани и презема активности за нивно одржување,
- спроведува анкети,
- соработува со Градоначалникот, Советот на Општината и други органи и организации,
- врши и други работи определени со закон, Статутот на Општината и други прописи
ПОДДРШКА НА РАБОТАТА НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА
Месните заедници работите од своја надлежност ги извршуваат со стручна, техничка и материјална подршка од општината.
Стручната подршка подразбира подготовка на планови, проекти и други материјали со кои месните заедници покренуваат решавање на прашања од интерес на граѓаните на нивното подрачје.
Техичката подршка подразбира составување, обработка и умножување на материјали, употреба на технички средства и помагала за административно работење и комуникација.
Материјалната подршка подразбира обезбедување работни простории и опрема, надоместоци за комунални давачки и материјални средства за набавка на ситен и потрошен материјал.
ФИНАНСИРАЊЕ
Работата на месните заедници се финансира од:
- Буџетот на општината,
- средства што граѓаните непосредно ги здружуваат,
- приходи од имот што општината и го дала на месната заедница на управување,
- средства што ќе ги отстапат заинтересираните правни и физички лица,
- подароци и други средства
За финансирање на тековните активности месната заедница е должна до крајот на второто тромесечие од тековната година до општината да ги достави годишните потреби на средства за покривање на тековните трошоци. Со програма за финансирање на одредени активности на своето подрачје месните заедници го утврдуваат видот на активностите, го определуваат износот и изворите на средства и ја определуваат динамика за нивно извршување.
Програмата се доставува до општината во календарската година до крајот на вториот квартал, со предлог за нејзино вградување во буџетот на општината за наредната календарска година. Програмите за кои се обезбедени повеќе од 50% од потребните средства од страна на месните заедници имаат приоритет при утврдувањето на Буџетот на општината.
КОМУНИКАЦИЈА СО ОПШТИНАТА
Месните заедници остваруваат комуникација со општината преку присуство на нејзини претставници на средби со градоначалникот на општината со претседателот на Советот.
Средбите се одржуваат по иницијатива на претставници на месните заедници или по иницијатива на градоначалникот на општината или советот. Претставници на месните заедници можат да присуствуваат на седниците на советот особено кога се расправа за прашања кои имаат допирни точки со интересите на жителите од месната заедница.
ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ВО МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ
Советот е должен редовно да ги информира граѓаните за покренатите иницијативи, за прашањата за кои непосредно одлучува како и за активностите што ги презема, а што се од значење за граѓаните. Информирањето на граѓаните се врши преку соопштенија истакнати на погодни места, преку средствата за јавно информирање или друг погоден начин.
Надзор над примената на Правилата за работа на месната заедница врши општината.
Постапка за отуѓување и закуп на градежно земјиште
ПОСТАПКИ ЗА ОТУЃУВАЊЕ И ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН И КРАТКОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА ( СЕ ПРИМЕНУВААТ ДО 31.12.2015 ГОДИНА )
Отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба се врши по поднесено барање од физичко или правно лице доколку со урбанистички план или урбанистичка планска документација на градежната парцела не се предвидува изградба на градби од јавен интерес утврдени со закон.
Врз земјиштето кое е предмет на отуѓување или давање под долготраен и краткотраен закуп не смее да има правни и физички ограничувања за располагање со истото под кои што се подразбираат право на користење, службеност, закуп, реален товар, хипотека и други стварни права на градежното земјиште евидентирани во имотниот лист за земјиштето, како и времени објекти, објекти сопственост на Република Македонија, сопственост на општините и сопственост на јавните претпријатија и други субјекти основани од Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија и на јавните претпријатија основани од општините, за кои постои опасност од уривање и објекти кои не се запишани во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
Следниве барања се поднесуваат на електронски начин преку www.gradezno-zemjiste.mk
1. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба за потребите на верските заедници за изградба на верски објекти предвидени со урбанистички план или урбанистичка планска документација, при што кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
– согласност за изградба на верски објект на предметното градежно земјиште од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
– доказ за регистрација на верската заедница согласно со закон и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
2. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, при што кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
– имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое претставува над 30% од градежната парцела,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
– доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
НАПОМЕНА: Доколу во рамките на градежната парцела има повеќе сопственици на земјиштето, барањето може да го поднесе и само еден од сопствениците кој има повеќе од 30% сопственост од градежната парцела, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежната парцела се откажуваат од правото да бидат подносители на барањето.
3. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и запишани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно земјиште, при што кон барањето се поднесуваат следните докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
– имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
– доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопиjа од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуваат сопственикот на објектот да го поднесе барањето.
4. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности, при што кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– решение за утврдување на правен статус на бесправен објект,
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
– имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
– доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопиjа од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
ПРЕДМЕТ НА БАРАЊЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ:
– градежното земјиште под објектот, односно делот од објектот за кој е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти и
– градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот.
НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуваат сопственикот на објектот да го поднесе барањето.
5. Сопствениците на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација на градежно земјиште на кое имаат засновано право на долготраен закуп, доколку објектите се изградени согласно со урбанистички план или урбанистичка планска документација и доколку ја имаат исплатено закупнината за тековната година и другите давачки кои произлегуваат од договорот за долготраен закуп можат да поднесат барање да им се отуѓи градежното земјиште со непосредна спогодба. Закупнините кои се платени до денот на поднесувањето на барањето не се пресметуваат во цената за отуѓување на земјиштето.
Кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– договор за засновање на правото на долготраен закуп,
– имотен лист за земјиштето сопственост на Република Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп,
– имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште,
– доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуват сопственикот на објектот да го поднесе барањето
5. Сопствениците на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација на градежно земјиште на кое имаат засновано право на долготраен закуп, доколку објектите се изградени согласно со урбанистички план или урбанистичка планска документација и доколку ја имаат исплатено закупнината за тековната година и другите давачки кои произлегуваат од договорот за долготраен закуп можат да поднесат барање да им се отуѓи градежното земјиште со непосредна спогодба. Закупнините кои се платени до денот на поднесувањето на барањето не се пресметуваат во цената за отуѓување на земјиштето.
Кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– договор за засновање на правото на долготраен закуп,
– имотен лист за земјиштето сопственост на Република Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп,
– имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште,
– доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуват сопственикот на објектот да го поднесе барањето
7. Кога градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти предвидени со проекти или програма за работа на државните органи, јавните претпријатија и другите субјекти основани од Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија се дава под долготраен закуп со непосредна спогодба на државни органи, јавни претпријатија и други субјекти основани од Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесување не е постар од 30 дена,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
– доказ за регистрација на подносителот на барањето и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.
По добивање на барањето општината доставува барање до Владата на Република Македонија за давање на согласност за склучување на договор за долготраен закуп со непосредна спогодба.
8. Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се даде под краткотраен закуп со непосредна спогодба, по поднесено барање до надлежната општина и тоа на сопствениците на угостителски објект пред кои е предвидено плажа, како и на правни и физички лица за потребите за формирање на градилиште.
Кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација,
– урбанистичко техничка документација за уредување на плажа, односно проект за подготвителни работи за организирање на градилиште,
– геодетски елаборат за нумерички податоци изработен врз основа на урбанистичко-техничката документација, односно проект за подготвителни работи,
– доказ за сопственост на угостителскиот објект пред плажа, односно извод од урбанистичка планска документација за објектот за кој се врши организација на градилиште,
– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.200 денари.
Постапка даночна инспекција
Одделението за инспекција за приходи, туризам, угостителство, образование и спорт на Општина Битола, во согласност со Законот за даноци на имот, Законот за комунални такси и Законот за привремен престој, ги извршува следните цели и задачи
Работни цели и задачи
- Цел 1:Инспекциски надзор над данок на имот
- Цел 2:Инспекциски надзор над комунални такси
- Цел 3:Инспекциски надзор над такса за привремен престој
Задачи
- Задача 1:Откривање на непријавен недвижен имот и инспекциски надзор
- Задача 2:Инспекциски надзор на комуналните такси
- Задача 3:Инспекциски надзор на такса за привремен престој
- Задача 4:Инспекциски надзор на против пожарен придонес
- Задача 5:Инспекциски надзор над лиценци за ноќен клуб и бар
- Задача 6:Поднесување на прекршочни пријави пред надлежен суд
Заедно со барањето или пријавата треба да се достави и уплатница за административни такси од 50 денари.
Постапка за стекнување на право на сопственост на градежно земјиште
ПОСТАПКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ ОД ЛИЦЕ КОЕ КОРИСТИ ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО И ГРАДЕЖНО ИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ ПРЕНЕСЕНО ОД ПОРАНЕШЕН СОПСТВЕНИК, КАКО И НЕГОВИТЕ ЗАКОНСКИ НАСЛЕДНИЦИ, АКО ИСТОТО ГО КОРИСТАТ ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА СКЛУЧЕН СО ПОРАНЕШЕН СОПСТВЕНИК ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ ОД ДЕНОТ НА СКЛУЧУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ И КОГА ЌЕ ПЛАТИ/ПЛАТАТ ДАНОК НА ПРОМЕТ ЗА ЗЕМЈИШТЕТО.
Лице кое користи градежно неизградено и градежно изградено земјиште пренесено од поранешен сопственик, како и неговите законски наследници, можат да стекнат право на сопственост, ако истото го користат врз основа на договор за купопродажба склучен со поранешен сопственик повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот и кога ќе платат данок на промет за земјиштето.
Барањето се поднесува во хартиена форма и кон истото се прилoжуваат следниве докази:
– доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите на наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа),
– договор за купопродажба на земјиштето,
– податоци за градежното земјиште (имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности),
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање,
– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,
– изјава заверена на нотар во која лицето кое го користи градежното земјиште, односно неговите законски наследници под морална, материјална и кривична одговорност изјавува/изјавуваат дека земјиштето го користат повеќе од 20 години врз основа на договор за купопродажба склучен со поранешен сопственик и
– доказ за платена административна такса во висина од 1.000 денари.
Постапка за отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско наддавање
ПОСТАПКА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Постапката за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија се спроведува согласно Законот за градежно земјиште со електронско јавно наддавање врз основа на Програма за работа со градежно земјиште со која се дефинира менаџирање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија што се наоѓа на територијата на Општина Битола и претходно дадена објава во два дневни весници кои се издаваат на македонски јазик, еден дневен весник кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните и во Службен весник на РМ.
Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија согласно со закон кои ги исполнуваат условите дадени во објавата односно физички лица државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европска унија и на ОЕЦД, а под услови на реципрцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија и правни лица :домашно правно лице ,правно лице во мешовита сопственост,правно лице основано од странско физичко и правно лице регистрирани во Централниот регистар на РМ,странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД ,како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европска унија и на ОЕЦД,а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија.
Заинтересираните домашни и странски физички и правни лица поднесуваат ПРИЈАВА за учество на јавното наддавање по електронски пат.
Во пријавата се наведуваат податоците за која парцела се однесува самата пријава, за поднесителот на пријавата и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази приложени по електронски пат (за секоја градежна парцела се поднесува посебна пријава комплетирана со потребните докази):
1. Доказ за платен депозит ;
2. За физички лица уверение за државјанство;
3. За правни лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;
4. Уредно полномошно за полномошникот што го представува правното лице,односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице;
5. е-mail адреса на поднесителот на пријавата ,преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за поднесителите на пријави кои ќе достават погрешна е-mail адреса , Општина Битола ќе нема обврска да прима и врши корекција на истата).
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.
Подносителите на пријави потребно е да достават по електронски пат и фотокопија од лична трансакциска сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на јавното наддавање и задолжително телефонски број за контакт.
Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела изнесува 10% од вкупната почетна цена за секоја градежната парцела посебно.
Депозитот се враќа во целост на поднесителот на пријавите за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10% од депонираните средства.
Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат по електронски пат на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
Јавното наддавање се одржува електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од три дена од денот на поднесувањето на истите при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронскот јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничко име и шифра која ја добиле на е-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.
Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање за секоја градежна парцела посебно.
Електронското јавно наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Битола.
Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Наддавањето се врши „чекорно“со зголемување на вредноста со секој „чекор“
Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Учесникот на јавниото наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач
Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Најповолниот понудувач има обврска да ги уплати средствата во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор и до комисијата да достави доказ за извршената уплата со целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање. Доколку најповолниот понудувач ги уплати сретствата, а не ја достави документацијата потребна за учество на јавното надавање, односно достави документација врз основа на која не може да се склучи договор, уплатените средствата за оттуѓување градежното земјиште на најповолниот понудувач не му се враќаат
Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е оттуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за оттуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени ,а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
По доставување на доказот за извршената уплата со целокупната документација потребна за учество на јавното надавање во утврдениот рок, Градоначалникот на Општина Битола склучува договор со најповолниот понудувач за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Со Договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 дена истиот да го достави кај Нотар заради солемнизација. Со Договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 дена по давањето односно не давањето на мислењето од Државното правобранителство на Република Македонија да изврши солемнизација на договорот за оттуѓување кај Нотар во спротивно договорот еднострано ќе се раскине и 80% од вкупната сума од оттуѓувањето нема да се вратат на купувачот.
Со Договорот најповолниот понудувач се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет е градежна парцела со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000 м2 да прибави одобрение за градење на предвидениот објект согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено од надлежниот орган и е должен земјиштето да го изгради согласно со урбанистичкиот план по кое истото е отуѓено во рок од 2 (две) години од добивањето на правосилно одобрение за градење на објекти со бруто изградена површина до 1000 м2 согласно добиеното одобрение за градење, односно во рок од 4 (четири) години од добивањето на правосилното одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2 согласно добиеното одобрение за градење.
Доколку во утврдениот рок не се прибави одобрение за градење или објектот не се изгради по вина на Купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна за непочитување на роковите во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот,односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.Неисполнувањето на овие обврски, односно по паѓање на купувачот во задоцнување со исполнувањето на обврската три месеци последователно, преставува основ отуѓувачот, по три последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот, односно да побара наплата на договорената казна што претставува и основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од оттуѓувањето не му се враќаат на купувачот.
Обврска е на купувачот да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште.
Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
Трошоци за нотарската процедура и воведувањето во евиденција на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисија во рок од 3 дена од одржаното електронско јавно наддавање по приговор со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од приемот на истиот.
Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица пред исполнувањето на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на рети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности
Против решението донесено од страна на Комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Постапка екологија инспекција
Одделението за комунална инспекција и инспекција на животната средина на Општина Битола, во согласност со Законот за животна средина, Законот за управување со отпад, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух и Закон за заштита од бучавата во животната средина, ги извршува следните цели и задачи
Работни цели и задачи:
- Цел 1: Редовен надзор на инсталации со Б-интегрирана еколошка дозвола
- Цел 2: Вонреден надзор по пријави, сознанија и инциденти на загадување на животната средина
- Цел 3: Редовен надзор на правни лица по законите од областа на животната средина
Задачи
- Задача 1:Редовен надзор во инсталации со Б-интегрирана еколошка дозвола
- Задача 2:Редовен надзор на правни и физички лица што вршат дејности и активности за кои е потребно да имаат одобрен елаборат за заштита на животната средина
- Задача 3:Вонреден надзо по пријави, инциденти или сознанија за загадување на животната средина
- Задача 4: Надзор по законите за отпад, бучава, води и воздух
- Задача 5: Евиденција на диви депонии
- Задача 6: Изрекување на превентивни мерки и санкции
Заедно со барањето или пријавата треба да се достави и уплатница за административни такси од 50 денари.
Постапка домување инспекција
Одделението за инспекција за приходи, туризам, угостителство, образование и спорт на Општина Битола, во согласност со Законот за домување, ги извршува следните цели и задачи
Работни цели и задачи
- Цел 1:Инспекциски надзор над станбeно деловни и деловно станбени згради и на органот на управување со истите
- Цел 2:Спроведување на Законот за домување
- Цел 3:Работни задачи што ќе му ги довери непосредниот раководител
Задачи
- Задача 1:Надзор над одржувањето на станбeно деловни и деловно станбени згради
- Задача 2:Почитување на пропишани норми и стандарди за домување
- Задача 3:Уреденоста на закупничките односи
- Задача 4:Водење на регистар на станбени згради и станови и регистар на управители и на станбени згради
- Задача 5:Исполнетоста на условите на издадена лиценца за управители
- Задача 6:Правни и физички лица кои постапиле спротивно од законските прописи
Заедно со барањето или пријавата треба да се достави и уплатница за административни такси од 50 денари.
Постапка сообраќај инспекција
Одделението за градежна – урбанистичка инспекција, патен сообраќај и патишта на Општина Битола, во согласност со Законот за превоз во патниот сообраќај, ги извршува следните цели и задачи
Работни цели и задачи
- Цел 1:Поквалитетен авто-такси превоз
- Цел 2:Поредовен општински линиски превоз
- Цел 3: Подобрување на сообраќајната сигнализација во градот
Задачи
- Задача 1:Контрола на авто-такси превозот
- Задача 2:Контрола на светлосната сигнализација
- Задача 3: Контрола на општинскиот линиски превоз
- Задача 4: Контрола на паркирањето
- Задача 5: Проверка на вертикалната сигнализација
- Задача 6: Контакт со медиуми
Заедно со барањето или пријавата треба да се достави и уплатница за административни такси од 50 денари.
Издавање на потврда за ИПАРД
- Издавање на потврда за ИПАРД
- Согласно правилата за аплицирање во ИПАРД програмата Општината издава потврда дека инвестицијата е согласно Стартегијата на општината за локален развој
- Апликантот доставува барање и копија од планот или формуларот на АФПЗРР за инвестицијата
- Барање за потврда за ИПАРД
Издавање Б- интегрирана еколошка дозвола
- Постапка за издавање Б- интегрирана еколошка дозвола
- 3 примероци + електронска верзија (CD)
- Плаќање надоместок при поднесување на барање
- Издавање Решение за Б – интегрирана еколошка дозвола во рок од 60 дена од комплетно барање.
- Праќање копија од издадена Б – интегрирана еколошка дозвола до Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за Животна Средина
- Барање за Б-интегрирана еколошка дозвола за бетонска база Конкрит Солушнс- индустриска зона жабени
- Барање
- Уплатница со платени администратини такси 600 ден.
Заверка на нормативи за храна и пијалоци
Заверка на нормативи за храна и пијалоци
Според член 35 став 5 и 6 од Законот за угостителска дејност на РМ (Сл. весник бр. 62/2004)
Барање и две копии од нормативот за храна и пијалоци (прилог)
Потврда за депонирање на отпад
За издавање на потврда за депонирање на отпад
Враќање на повеќе или погрешно уплатени средства
ВРАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОГРЕШНО УПЛАТЕНИ СРЕДСТВА(ДАНОЦИ,КОМУНАЛНИ ТАКСИ И ПРЕСМЕТАНА КАМАТА) И ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ИСТИТЕ
-СЕ ВРШИ ВРЗ ОСНОВА НА ПОДНЕСЕНО ПИСМЕНО БАРАЊЕ СО УПЛАТЕНИ 50 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ И ПРИЛОЖЕНИ ДОКАЗИ ОД КОИ ПРИЧИНИ СЕ БАРА ВРАЌАЊЕТО НА СРЕДСТВАТА ИЛИ ПРЕНАСОЧУВАЊЕТО
Присилна наплата на даночен долг
ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ
1.РЕШЕНИЕ ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА
-НАПЛАТА НА ДАНОЧНИТЕ ДОЛГОВИ, ПАРИЧНИТЕ КАЗНИ И КАМАТИТЕ СЕ ВРШИ СО РЕШЕНИЕ ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА
2. ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ СЕ ВРШИ ОД:
– ИМОТОТ НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК СО ПОПИС, ПРОЦЕНКА И ПРОДАЖБА ПО ПАТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ.
– СО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК ОД НЕГОВИТЕ СМЕТКИ
– СО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК НА ЛИЧНИТЕ ПРИМАЊА ОД РАБОТЕН ОДНОС
3.ТУЖБА
-ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА – СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г,МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА ВО РОК ОД 8 ДЕНА ОД ПРИЕМОТ НА РЕШЕНИЕТО СО УПЛАТЕНИ 250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315
-ЖАЛБАТА НЕ ГО ОДЛАГА ИЗВРШУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕТО.
-ВО ЖАЛБАТА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ИЗНЕСУВААТ ОКОЛНОСТИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УТВРДУВАЊЕТО НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ.
4. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА
– РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.
5.ТУЖБА
-Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 60 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .
ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.
-ТУЖБАТА НЕ ГО ОДЛАГА ИЗВРШУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕТО.
-ВО ТУЖБАТА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ИЗНЕСУВААТ ОКОЛНОСТИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УТВРДУВАЊЕТО НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ.
Комунална такса за користење на музика во јавни локали
КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МУЗИКА ВО ЈАВНИТЕ ЛОКАЛИ
1.ОБВРЗНИЦИ НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА СЕ ЈАВНИТЕ ЛОКАЛИ
ПОД ЈАВНИ ЛОКАЛИ СЕ ПОДРАЗБИРААТ УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ (КАФЕАНИ, ГОСТИЛНИЦИ И СЛИЧНО) И НИВНИТЕ ИСТУРЕНИ ДЕЛОВНИ МЕСТА( БАВЧИ ТЕРАСИ И СЛИЧНО).
2. ПРИЈАВА
-ОБВРЗНИКОТ НА ТАКСАТА Е ДОЛЖЕН ДА ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА ДО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РОК ОД 5 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРИЕМОТ НА ОДОБРЕНИЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МУЗИКА.
-ВРЗ ОСНОВА НА ПОДНЕСЕНАТА ПРИЈАВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА ДОНЕСУВА РЕШЕНИЕ КОЕ СЕ ДОСТАВУВА ДО ТАКСЕНИОТ ОБВРЗНИК, А ВИСИНАТА НА ТАКСАТА СЕ УТВРДУВА ЗА ВРЕМЕТО ЗА КОЕ Е ОДОБРЕНО КОРИСТЕЊЕТО НА МУЗИКАТА
3.ВИСИНА НА ТАКСАТА
-КОМУНАЛНАТА ТАКСА НА ГОДИШНО НИВО ЗА МУЗИКА ИЗНЕСУВА 5.000 ДЕНАРИ
-ТАКСАТА СЕ ПЛАЌА И КВАРТАЛНО ВО ЗАВИСНОСТ ОД ДАТАТА НА ОДОБРЕНИЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МУЗИКА, А ЗА ВРЕМЕ ПОКРАТКО ОД ЕДЕН МЕСЕЦ , ОБВРЗНИКОТ Е ДОЛЖЕН ВЕДНАШ ДА ЈА УПЛАТИ УТВРДЕНАТА ТАКСА.
4.РОК НА ПЛАЌАЊЕ
– КОМУНАЛНАТА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО РОК ОД 30 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%
6.ТУЖБА
-ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ РЕШЕНИЈА –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА БИТОЛА, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО УПЛАТЕНИ 250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ
7. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА
– РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.
8.ТУЖБА
-Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .
ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.
ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ
Данок на имот
1.ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК
ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОК НА ИМОТ СЕ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА КОИ СЕ : СОПСТВЕНИЦИ, КОРИСНИЦИ ИЛИ ПЛОДОУЖИВАТЕЛИ НА ИМОТОТ
2.ДАНОЧНА ОСНОВА
ПРЕТСТАВУВА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ УТВРДЕНА ОД ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ СПОРЕД МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОЦЕНА НА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ („Сл.весник на РМ “бр.54/2012…142/14)
3. ВИСИНА НА ДАНОКОТ
ИЗНЕСУВА 0,10% ОД УТВРДЕНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖНОСТА
4.ОСЛОБОДУВАЊА
ДАНОК СЕ НАМАЛУВА ЗА 50 % ДОКОЛКУ СТАНОТ/КУЌАТА СЕ КОРИСТАТ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, СО ДОКАЗ ЛИЧНА КАРТА
5. ДАНОЧНА ПРИЈАВА
СЕКОЈ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК Е ДОЛЖЕН ДА ГО ПРИЈАВИ НЕДВИЖНИОТ ИМОТ И ТОА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА СТЕКНУВАЊЕТО НА ИМОТОТ ИЛИ ОД ОТПОЧНУВАЊЕТО НА КОРИСТЕЊЕ НА ИМОТОТ.
БЕСПЛАТЕН ОБРАЗЕЦ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА СЕ ПОПОЛНУВА И ПОДНЕСУВА НА ПРИЕМЕН ШАЛТЕР
ЗА НЕПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК МУ СЕ ИЗРЕКУВА МЕРКА ГЛОБА ПРОПИШАНА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ.
6.РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ
СЕ ДОНЕСУВА СЕКОЈА ГОДИНА ЗА СЕКОЈ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК ВРЗ ОСНОВА НА ПОДНЕСЕНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА И ДАНОЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА.
7.РОК НА ПЛАЌАЊЕ
ДАНОКОТ НА ИМОТ СЕ ПЛАЌА ТРИМЕСЕЧНО И ПРИСТИГНУВА ЗА НАПЛАТА ВО СРЕДИНАТА НА СЕКОЕ ТРОМЕСЕЧЈЕ ИЛИ ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕТО/ПРИЕМОТ НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%
8.ДОСТАВУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ
РЕШЕНИЕТО СЕ ДОСТАВУВА ДО ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК НА ПОСЛЕДНАТА ПРИЈАВЕНА АДРЕСА НА ОБВРЗНИКОТ ОД ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ПРЕКУ ДОСТАВНА СЛУЖБА ИЛИ ПРЕКУ ПОШТА
9.ТУЖБА
-ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА БИТОЛА, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО УПЛАТЕНИ 250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ
10. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА
– РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.
11.ТУЖБА
-Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .
ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.
ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ
Данок на наследство и подарок
Данок на наследство и подарок
1.ДАНОЧНА ПРИЈАВА
-ЗА НАСЛЕДЕНИОТ ИЛИ ПОДАРЕНИОТ ИМОТ СЕ ПОДНЕСУВА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА НАСЛЕДЕНИОТ ИЛИ ПОДАРЕНИОТ ИМОТ
-ОБРАЗЕЦ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА СЕ ПОПОЛНУВА И ПОДНЕСУВА НА ПРИЕМЕН ШАЛТЕР СО УПЛАТЕНИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ ВО ИЗНОС ОД 300 ДЕНАРИ ЗА ЕДЕН НАСЛЕДНИК/ПРИМАТЕЛ НА ПОДАРОКОТ, А ДОКОЛКУ СЕ ПОВЕЌЕ НАСЛЕДНИЦИ/ПРИМАТЕЛИ НА ИМОТОТ , СЕ УПЛАЌА ПО 250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ ЗА СЕКОЈ НАРЕДЕН НАСЛЕДНИК /ПРИМАТЕЛ НА ПОДАРОКОТ И ТОА НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315
2.ДАНОЧНА ОСНОВА
– ПРЕТСТАВУВА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ УТВРДЕНА ОД ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ СПОРЕД МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОЦЕНА НА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ („Сл.весник на РМ “бр.54/2012…142/14)
3.ДАНОЧНИ СТАПКИ
СТАПКИТЕ НА ДАНОКОТ НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК СЕ РАЗЛИЧНИ ВО ЗАВИСНОСТ ОД НАСЛЕДНИОТ РЕД
-ПРВ НАСЛЕДЕН РЕД –ОСЛОБОДЕН
-ВТОР НАСЛЕДЕН РЕД – ИЗНЕСУВА 2%
-ТРЕТ НАСЛЕДЕН РЕД И ОСТАНАТИ –ИЗНЕСУВА 4%
4. ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА
-НЕ ПЛАЌА ДАНОК НАСЛЕДНИКОТ, ОДНОСНО ПРИМАТЕЛОТ НА ПОДАРОКОТ ОД ПРВ НАСЛЕДЕН РЕД
-МОЖЕ ДА НЕ ПЛАЌА И НАСЛЕДНИКОТ ОД ВТОР НАСЛЕДЕН РЕД ВО УСЛОВИ ПРОПИШАНИ СО ЗАКОН
КОН ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ЗА НАСЛЕДСТВО СЕ ПРИЛОЖУВААТ СЛЕДНИТЕ СПИСИ:
-НАСЛЕДНОТО, ОДНОСНО НАСЛЕДНИТЕ РЕШЕНИЈА ВО ЗАВИСНОСТ ОД БРОЈОТ ВО ОРИГИНАЛ И ТРИ КОПИИ,ИМОТЕН ЛИСТ НА НАСЛЕДЕНИОТ ИМОТ
-ПОЛНОМОШНО ОД ОВЛАСТЕНИОТ ЗАСТАПНИК
КОН ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ЗА ПОДАРОК И РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ИМОТ ЗА ВРЕМЕ НА ЖИВОТ СЕ ПРИЛОЖУВААТ СЛЕДНИТЕ СПИСИ:
-НАЈМАЛКУ 6-8 ДОГОВОРИ ОД КОИ ДВА ПОТПИШАНИ ОД СТРАНКИТЕ ВО ДОГОВОРОТ
-ИЗВОД ОД РОДЕНИ ВО ОРИГИНАЛ НА ДАВАТЕЛОТ И ПРИМАТЕЛОТ НА ПОДАРОКОТ
-АКО ПРИМАТЕЛОТ НА ПОДАРОКОТ Е ОД ВТОР НАСЛЕДЕН РЕД А Е ПО ПРАВО НА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НАСЛЕДНИКОТ ОД ПРВ НАСЛЕДЕН РЕД КОЈ Е ПОКОЕН СЕ ДОСТАВУВА И ИЗВОД НА УМРЕНИТЕ ВО ОРИГИНАЛ.
-ИМОТЕН ЛИСТ ЗА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ ВО ОРИГИНАЛ И КОПИЈА
-ПОЛНОМОШНО ОД ОВЛАСТЕНИОТ ЗАСТАПНИК
5. РОКОТ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ
-РЕШЕНИЕ ЗА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК СЕ ДОНЕСУВА ВО РОК ОД 30 ДЕНА
6. РОК НА ПЛАЌАЊЕ
-ДАНОКОТ НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК СЕ ПЛАЌА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРИЕМОТ НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%
7.ТУЖБА
-ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ РЕШЕНИЈА –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА БИТОЛА, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО УПЛАТЕНИ 250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ
8. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА