Комунално одделение
Процедури
Дозвола за поставување на инсталации
Процедура за издавање на дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот,патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици
Потребна документација
За издавање на Дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици, барателот поднесува писмено Барање до Општината, (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Основен проект за линиска инфраструктурна градба во 1 (еден) примерок (за должина на трасата над 30м.);
2. Одобрение за градење ( правосилно );
3. Скица на прекопот и графички прилог со ситуационо решение од сите субјекти кои имаат свој подземен катастар ( за должина на трасата до 30м );
4. Доказ за платена административна такса во износ од 270,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници).
Постапка за издавање на Дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ја разгледува доставената документација и утврдува дали истата е комплетна и изработена согласно законските прописи.
Доколку доставената документација е комплетна и изработена согласно законските прописи, надлежниот орган на Општината доставува до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици согласно член 5 од Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Битола. („Службен гласник на Општина Битола “ бр.05/12)
Барателот е должен во рок од 8 ( осум ) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не го плати надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Дозвола за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици, надлежниот орган на Општината ја издава во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на доставување на доказ за регулиран надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци
– Ако барањето содржи некој формален недостаток што го спречува постапувањето, или барањето е неразбирливо или нецелосно, Органот на подносителот ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани недостатоците. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот кој ова го соопштува. За стореното соопштение органот ќе стави забелешка на списот. Ако барателот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток уреден. Ако подносителот не ги отстрани недостатоците во определениот рок, па поради тоа не може да се постапува по барањето, ќе се смета дека барањето не е ни поднесено, за тоа органот ќе донесе Заклучок против кој може да се изјави посебна жалба. На оваа последица подносителот особено ќе се предупреди во поканата за исправка на поднесокот.
– Доколку доставената документација не е комплетна и /или не е изработена согласно законските прописи, надлежниот орган на Опшината ќе го извести барателот со укажување да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето, во рок од 8 ( осум ) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 ( три ) работни дена ќе достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици. Барателот е должен во рок од 8 ( осум ) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не го плати надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Дозволата за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици се издава во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на доставување на доказ за регулиран надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас на општинските патишта и улици.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот не може поради тоа да го отфрли барањето како да не е поднесено, туку е должен да ја продолжи постапката и во согласност со правилата на постапката и според материјалниот пропис, да ја реши управната работа.
Уплатница за административни такси
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
е-mail:valentina.stefoska@gmail.com
Решение за утврдување на режим на сообраќај
Процедура за издавање на решение за утврдување на режим на сообраќај
Потребна документација
За издавање на Решение за утврдување на режим на сообраќај, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќајот во 4 (четири) примероци;
2. Извештај за извршена ревизија на Основниот сообраќаен проектот за режим на сообраќај во 4 (четири) примероци;
3. Доказ за платена административна такса во износ од 1.350,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници);
Постапка за издавање на Решение за утврдување на режим на сообраќај
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и дали Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот и Извештајот за извршената ревизија се изработени во согласност со законските прописи од областа на сообраќајот.
Доколку доставената документација е комплетна, а Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот и Извештајот за извршената ревизија се изработени во согласност со законските прописи, надлежниот орган на Општината ги доставува Основните проекти за режим на сообраќајот со Извештаите за извршената ревизија до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот.
МВР-СВР Битола е должен во најкраток можен рок да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај.
Доколку е добиено позитивно Мислење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќај.
Доколку се добие негативно мислење од МВР-СВР Битола со насоки за корекција на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена со писмено известување ќе ги достави Основниот сообраќаен проект и извештајот од извршената ревизија до барателот, со укажување истиот да постапи по забелешките во рок од 3 (три) работни дена и корегирани да ги достави повторно до Општината.
Корегираниот Основен сообраќаен проект и извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината повторно ќе го достави до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на истите.
МВР-СВР Битола е должно во најкраток можен рок да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот и извештајот за извршената ревизија.
Доколку е добиено позитивно Мислење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект и извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќајот.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци
– Ако барањето содржи некој формален недостаток што го спречува постапувањето, или барањето е неразбирливо или нецелосно, Органот на подносителот ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани недостатоците. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот кој ова го соопштува. За стореното соопштение органот ќе стави забелешка на списот. Ако барателот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток уреден. Ако подносителот не ги отстрани недостатоците во определениот рок, па поради тоа не може да се постапува по барањето, ќе се смета дека барањето не е ни поднесено, за тоа органот ќе донесе Заклучок против кој може да се изјави посебна жалба. На оваа последица подносителот особено ќе се предупреди во поканата за исправка на поднесокот.
– Доколку доставената документација не е комплетна и /или Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот не е изработен во согласност со законската регулатива од областа на сообраќајот, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето, во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот не може поради тоа да го отфрли барањето како да не е ниту поднесено, туку е должен да ја продолжи постапката и во согласност со правилата на постапката и според материјалниот пропис, да ја реши управната работа.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, да ги достави Основните сообраќајни проекти за утврдување на режим на сообраќајот со Извештаите за ревизија до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот.
МВР-СВР Битола е должен во најкраток можен рок да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот и Извештајот за извршена ревизија.
Доколку е добиено позитивно мислење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќајот.
Доколку се добие негативно мислење од МВР-СВР Битола со насоки за корекција на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот, надлежниот орган на Општината е должен во рок од 3 (три) работни дена со писмено известување или на друг погоден начин да го достави Основниот сообраќаен проект и Извештајот од извршената ревизија на барателот, за истиот да може да постапи по забелешките во рок од 3 (три) три работни дена и корегирани повторно да ги достави до Општината.
Корегираниот проект и извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината го доставува до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на истите.
МВР-СВР Битола е должно во најкраток можен да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќај и Извештајот за извршената ревизија.
Доколку е добиено позитивно миослење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект и Извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќај.
Уплатница за административни такси
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Уверение за нумерирање на објект
Процедура за издавање на уверение за нумерирање на објект
Потребна документација
За добивање на Уверение за нумерирање на објект, барателот поднесува писмено Барање до Општината, (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Доказ за сопственост (имотен лист со запишано право на сопственост, право на користење, право на долготраен закуп, лична службеност или прибележан договор за закуп, или договор за закуп доколку е склучен и солемнизиран пред 25.04.2013 година );
2. Доказ за платена административна такса во износ од 50,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници)
Постапка за издавање на Уверение за нумерирање на објект
Опшината е должна во рок од 5 ( пет ) работни дена од денот на приемот на барањето да ја разгледа доставената документација и да утврди дали истата е комплетна. Доколку доставената документација е комплетна, надлежниот орган на Општината ќе издаде Уверение и истото ќе го достави до барателот.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци
Доколку доставената документација не е комплетна или барањето е непотполно, надлежниот орган на Општината ќе го извести барателот, за истиот да може да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето, во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на приемот на известувањето. Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган на Општината е должен во рок од 3 ( три ) работни дена да го изготви Уверението и да го достави до барателот.
Во случај кога не постои можност да се изврши нумерирање на објектот поради неисполнетост на законски претпоставки, и да се издаде Уверение, барањето за издавање на Уверение ќе биде одбиено со Решение.
Уплатница за административни такси
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
Нови Процедури
Лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз
Процедура за издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општината Битола
Потребна документација
За издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ Е ВПИШАН ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ – ТЕКОВНА СОСТОЈБА СО ПРЕТЕЖНА ДЕЈНОСТ „АВТО-ТАКСИ СЛУЖБА“ (не постара од 60 дена) (копија)
2. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ ИМА ВО СОПСТВЕНОСТ РЕГИСТРИРАНО ВОЗИЛО СО НАЈМНОГУ 5 СЕДИШТА, ВНЕСЕНА ПРОПИШАНАТА БОЈА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ВО СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА И ВО СОПСТВЕНОСТ НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ-ФИРМАТА. ВОЗИЛАТА КОИ ШТО СЕ ПОД ЛИЗИНГ, ИСТО ТАКА ТРЕБА ДА ЈА ИМААТ ПРОПИШАНАТА БОЈА ОД ОПШТИНА БИТОЛА (копија од сообраќајната дозвола)
3. ПОТВРДА ЗА ВОЗИЛОТО ОД СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД-БИТОЛА ДЕКА ИСТОТО ГИ ИСПОЛНУВА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИТЕ УСЛОВИ ЗА ВАКОВ ВИД НА ПРЕВОЗ (копија
4. РЕШЕНИЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА ИЗДАДЕНО ОД УЈП-РД БИТОЛА И СЕРТИФИКАТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА МЕРИЛО ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА-БИРО ЗА МЕТРОЛОГИЈА (копија)
5. СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ ЗА УПРАВИТЕЛОТ (информации за сертификатот се добиваат на Технички факултет-Битола; лице за контакт: Зоран Јошевски) (копија)
6. УВЕРЕНИЕ ДЕКА ПРОТИВ УПРАВИТЕЛОТ НЕМА ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО (не постаро од 60 дена) (копија)
7. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ (уплатени преку правното лице-фирма)
Постапка за издавање на лиценца и извод од лиценца завршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и во рок од 15 дена со комплетирана документација се издава лиценца и извод од лиценца.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен со писмено известување 1 да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 8 (осум) дена, доколку повторно доставената документација не е комплетна Општината писмено испраќа известување 2 да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 20 (дваесет) дена
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на лиценца,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, и со комплетирана документација во рок од 15 дена да издаде лиценца и извод од лиценцата.
Уплатница за административни такси 1
Уплатница за административни такси 2
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Дозвола за вонреден превоз на општинските патишта
Процедура за издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола
Потребна документација
За издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Барањето ги содржи следните податоци:
1. Податоци за подносителот на барањето
2. Податоци за општинските патишта и улици кои ќе се користат
3. Периодот за нивно користење
4. Целта на користење и податоци за возилото
5. Согласност издадена од Министерството за Внатрешни работи
6. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ
Постапка за издавање на дозвола вршење на вонреден превоз на општинските патишта:
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и надлежниот орган на општината во рок од 15 дена со комплетирана документација до барателот доставува Заклучок за плаќање на надоместок за издавање дозвола вршење на вонреден превоз на општинските патишта
Барателот е должен во рок од 5 (пет) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да изврши уплата на надоместок за издавање на дозвола за дозвола вршење на вонреден превоз на општинските патишта и да достави доказ за извршена уплата или со Општината да склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати. Доколку барателот не ја плати комуналната такса и не достави доказ за извршена уплата или не склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
За издадената дозвола за вонреден превоз на општинските патишта и улици се наплаќа надоместок во висина од 1.000,00 денари за секој тон надминато оскино оптоварување по должен километар.
Ако за вршење на вонредниот превоз е потребно да се преземат мерки за обезбедување, потпирање и зајакнување на објектите на патот и слично, трошоците во врска со превземањето на тие мерки ги поднесува превозникот.
Превозникот ги сноси сите трошоците за настанатите оштетувања на патот и објектите на патот од вонредниот превоз.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за добивање Дозвола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а МВР-СВР Битола не даде согласнот за вршење вондреден превоз на патиштата на Општина Битола органот на општината задолжен за издавање дозвола за вондреден превоз на територијата на Општина Битола на подносителот му издава решение за одбивање.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на дозвола,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање Дозвола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 (три) работни дена ќе изготви и достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола согласно член 7 од Одлуката за утврдување на висината на на надеместокот за обезбедување на финансиска средства за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските шатишта и улици на подрачјето Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр.10/05).
Барателот е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за издавање на дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не ја плати висината на надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Дозвола за вонреден превоз на општинските патишта во Општина Битола се издава во рок од 3 (три) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола.
Барање
Уплатница за административни такси 1
Уплатница за административни такси 2
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Дозвола за прекумерно користење на општинските патишта
Процедура за издавање на дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола
Потребна документација
За издавање на дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Барањето ги содржи следните податоци:
1. Податоци за подносителот на барањето
2. Податоци за општинските патишта и улици кои ќе се користат
3. Периодот за нивно користење
4. Марка,тип и регистарски таблички на возилото со кое ке се врши превозот
5. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ
Постапка за издавање на дозвола вршење на вонреден превоз на општинските патишта:
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и надлежниот орган на општината во рок од 15 дена со комплетирана документација до барателот доставува Заклучок за плаќање на надоместок за издавање дозвола за вршење на прекумерно користење на општинските патишта
Барателот е должен во рок од 5 (пет) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да изврши уплата на надоместок за издавање на дозвола за дозвола вршење на прекумерно користење на општинските патишта и да достави доказ за извршена уплата или со Општината да склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати. Доколку барателот не ја плати комуналната такса и не достави доказ за извршена уплата или не склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
За издадената дозвола за прекумерно користење на општински пат или улица се наплаќа надоместок чија висина се разликува во зависност од тоа дали прекумерното користење е од времен или траен карактер и тоа:
-за прекумерно користење од времен карактер ……….3.000,00 денари по поминат километар на ден и
– за прекумерно користење од траен карактер ……. 1.000,00 еднари по поминат километар на ден
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Заклучок како барањето да не е ни поднесено.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на дозвола,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање Дозвола.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 (три) работни дена ќе изготви и достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за издавање на дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола согласно член 6 од Одлуката за утврдување на висината на на надеместокот за обезбедување на финансиска средства за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските шатишта и улици на подрачјето Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр.10/05).
Барателот е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за издавање на дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не ја плати висината на надоместокот , ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.
Дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола се издава во рок од 3 (три) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за дозвола за прекумерно користење на општинските патишта во Општина Битола.
Уплатница за административни такси 1
Уплатница за административни такси 2
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Дозвола за вршење посебен линиски превоз
Процедура за дозвола за вршење посебен линиски превоз
За издавање на дозвола за вршење посебен линиски превоз на патници во Општината Битола
Потребна документација
За издавање на дозвола за вршење посебен линиски превоз и патници во Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1.Копија од лиценца за вршење на слободен и посебен линиски превоз на патници;
2.Извод од лиценца со што се потврдува дека поседува најмалку две возила во сопственост или договор за лизинг;
3.Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај, издадена од станиците за технички преглед на моторните возила;
4.Доказ за вработени возачи во редовен работен однос кои ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата (образец М1/М2);
5.Договор за превоз склучен со правно лице кој ќе содржи права и обврски на договорните страни особено околу начинот на плаќање, релацијата, времињата на поаѓање и враќање, станиците, заедно со список на патници кој ќе биде составен дел од договорот и другите услови на превозот (оригинал или заверен на нотар);
6.Временски термини за поаѓање и враќање во кои ќе се врши превозот односно Возен ред во табеларен облик;
Пример:
I-во поаѓање | II-ро поаѓање | километража | станици | I-во враќање | II-ро враќање |
7.Уплатница за уплатени 50,00 денари на: Сметка: 100-0000000630-95, Уплатна сметка: 840-103-03182, Приходна шифра: 722315-00, цел на дознаката: за административна такса, назив на примачот: Трезорска сметка, банка на примачот: НБРМ;
8.По коплетирањето на документацијата за дозвола, превозникот има обврска да изврши уплата и тоа:
- Уплатница за уплатени 600,00 денари на:
– сметка: 100-0000000630-95
– уплатна сметка: 840-103-03182
- приходна шифра: 722315-00
- цел на дознаката: административна такса за вршење на дејност;
- назив на примачот: Трезорска сметка;
- банка на примачот: НБРМ.
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Дозвола за вршење општински линиски превоз
Процедура за издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз на патници во Општината Битола
Потребна документација
За издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
- ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ Е ВПИШАН ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ-ТЕКОВНА СОСТОЈБА СО ПРЕТЕЖНА ДЕЈНОСТ ЗА ПРЕВОЗОТ ЗА КОЈ ШТО СЕ БАРА ЛИЦЕНЦА (НЕ ПОСТАР ОД 60 ДЕНА) (копија)
- ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ ИМА ВО СОПСТВЕНОСТ ИЛИ ПОД ЛИЗИНГ РЕГИСТРИРАНИ ДВЕ ИЛИ ПОВЕЌЕ ВОЗИЛА СО НАЈМАЛКУ 16+1 СЕДИШТЕ (копија од сообраќајни дозволи)
- ПОТВРДА ЗА СЕКОЕ ВОЗИЛО ОД СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД-БИТОЛА ДЕКА ИСТОТО ГИ ИСПОЛНУВА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИТЕ УСЛОВИ ЗА ВАКОВ ВИД НА ПРЕВОЗ (копија)
- ДОКАЗ ЗА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА-ВОЗАЧИ ВО ФИРМАТА (копија од образец М1/М2) – ЗА ЕДНО ВОЗИЛО ЕДЕН ВОЗАЧ
- СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ ЗА УПРАВИТЕЛОТ (копија-информации за сертификатот се добиваат на Технички факултет-Битола; лице за контакт: Зоран Јошевски)
- УВЕРЕНИЕ ДЕКА ПРОТИВ УПРАВИТЕЛОТ НЕМА ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО (НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА) (копија)
- АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ (оргинал)(уплатени преку правното лице-фирма)
Постапка за издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, и доколку утврди дека истата е комплетна , во рок од 15 дена ќе изготви заклучок за плаќање на административна такса за добивање на Лиценца /Извод од лиценца за вршење авто такси превоз на патници и истиот го доставува до странката.
Странката во рок од 5 дена по добивање на Заклучокот за плаќање на административна такса е должна да постапи по истиот.и доказ за извршена уплата да достави до Надлежниот орган на Општината.
Надлежниот орган на Општина Битола во рок од 3 (три) работни дена ја изготвува Лиценцата/Изводот од Лиценца за вршење на авто такси превоз на патници во Општина Битола и уредно ја доставува до странката.
Доколку странката не постапи по Заклучокот за плаќање во предвидениот рок, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање и ќе се постапи согласно Законот за општа управна постапка.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со известување 1 барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот повторно не ја докомплетира доставената документација надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со известување 2 барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 20 (дваесет) дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за издавање на лиценца и Извод од лиценца за вршење Општински линиски превоз на патници во Општина Битола
Уплатница за административни такси 1
Уплатница за административни такси 2
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
е-mail: valentina.stefoska@gmail.com
Отстранување на оштетените возила и возила во дефект
Процедура за добивање на лиценцата за отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територијата на Општината Битола
Потребна документација
За издавање на лиценца и извод од лиценца за отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територијата на Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Извод од тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар од Централен регистар на Република Македонија во оригинал (не постар од шест месеци) со соодветна приоритетна дејност.
2. Доказ за сопственост на едно или повеќе регистрирани возила за отстранување на оштетени возила и возила во дефект:
– Фотокопија заверена на нотар од собраќајни дозволи на возилата регистрирани на име на правното лице или
– Договор за лизинг (оригинал или копија заверана на нотар),
3. Доказ дека има вработено во редовен работен однос, минимум еден возач по возило со:
– Список на вработени по обврзник од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Република Македонија во оригинал (не постар од 60 дена) или
– Преглед на пријави/одјави во задолжителното социјално осигурување за деловен субјект издаден од Агенцијата за вработување на Република Македонија во оригинал (не постар од 60 дена)
4. Важечко уверение за положен курс за давање на итна медицинска помош за секој возач
5. Ценовник утврден од правното лице кое поседува лиценца за потоа согласност да даде Советот на Општината
6. Број на моторни возила со кој ке се врши дејноста
7. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ
Постапка за издавање на лиценцата за отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територијата на Општината Битола
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и во рок од 30 дена со комплетирана документација се издава лиценца и извод од лиценца.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.
Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со известување 1 во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на известувањето да се докомплетира документацијата. Доколку барателот не ја докомплетира документацијата во дадениот орган надлежниот орган на Општина испраќа известување 2 во рок од 20 (дваесет) дена да се докомплетира документацијата.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца за отстранување на оштетените возила и возила во дефект на територијата на Општина Битола
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на лиценца,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца за отстранување на оштетените возила и возила во дефект на територијата на Општина Битола
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, и со комплетирана документација во рок од 30 дена да издаде лиценца.
Уплатница за административни такси 1
Уплатница за административни такси 2
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
е-mail: valentina.stefoska@gmail.com