Општина Битола

Градоначалник

Општински органи на општина Битола

Градоначалник

Примариус д-р Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола

Д-р Тони Коњановски роден е на 28.01.1962 година во Битола.
Основно училиште и гимназија завршува во Битола во генерацијата 1979/80 година. Високото образование го започнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград во генерацијата 1981/82 година, а го продолжува на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје, каде и дипломира.
Својот професионален ангажман го започнува во ЈЗУ Здравствен дом во Ресен, каде од 1992 година, па се до 2000 година работи како лекар во Службата за итна медицинска помош и домашно лекување. Во периодот 1997-2000 година, д-р Коњановски е именуван за прв човек на оваа служба. Од 2000 година се префрла во тогашниот Завод за здравствена заштита, денес ЈЗУ „Центар за јавно здравје“.

Д-р Тони Коњановски во континуитет работи во оваа институција на различни позиции. Во 2000 година ја започнува специјализацијата по епидемиологија на Институтот за Епидемиологија при Медицинскиот Факултет во Скопје. По специјализирањето, раководи со отсекот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во составот на Одделението за Епидемиологија при ЈЗУ ЗЗЗ Битола. Во текот на раководењето со овој отсек го осовременува, воведува нови методи и стандарди во работата, такашто сега со право може да се каже дека отсекот за ДДД е лидер во регионот и на високо место во Државава според обемот, квалитетот и стандардите во својата дејност.

Во 2007 година д-р Тони Коњановски е назначен за стручен раководител на ЈЗУ “Центар за јавно здравје” Битола, а од октомври 2016 година до август 2017 ја извршува функцијата директор на оваа институција.
Во долгогодишниот работен ангажман д-р Коњановски постојано работи и на сопственото стручно, но и менаџерско едуцирање, успешно ги завршува двете обуки за менаџери и директори во Јавните здравствени организации, организирани од Министерството за здравство, по што се стекнува со сертификат од оваа област. Членува во повеќе комисии и работни групи меѓу кои:

– член на Комисијата за анализа и подготвување на рамковен закон за безбедност на храна,
– член на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со средно и високо стручно образование од 2007 година,
– член на претседателство на Здружението на епидемиолози,
– член на Македонското здружение за контрола на интрахоспитални инфекции,
– член на Комисијата за контрола и превенција на интрахоспитални инфекции во повеќе ЈЗУ од регионот кој го покрива ЈЗУ – ЦЈЗ Битола,
– член на Лигата за борба против ракот,
– едукатор од областа на епидемиологија, хигиена и заштита на животна средина.

Д-р Тони Коњановски поседува Сертификат за активно учество во воведување на систем за квалитет во лабораториите за санитарна микробиологија и санитарна хемија ISO 17025 како и систем за управување со квалитет во работењето ISO 9001. Зад себе има бројни учества на меѓународни и домашни конгреси и работилници, како и медиумско покривање, едукации и трибини од областа на јавното здравство.
Д-р Тони Коњановски во 2014 година се стекнува со стручно звање примариус.

Од 10.11.2021 Д-р Тони Коњановски е Градоначалник на општина Битола.

Надлежности врз основа на Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ” бр. 05/02), и Статут на Општина Битола донесен на 18.07.2005 година – на сила

Врз основа на член 7 и 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на
РМ” бр. 05/02), Советот на Општината Битола на седницата одржана на 18.07.2005 г. донесе
Статут на Општина Битола. Согласно истиот од член 54 – член 60:

Градоначалник на Општината

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

– ја претставува и застапува Општината;
– ја контролира законитоста на прописите на Советот;
– со заклучок ги објавува прописите на Советот во службеното гласило на Општината;
– го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
– го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината;
– иницира и предлага донесување прописи од надлежност на Советот;
– го предлага годишниот буџет и годишната сметка на Буџетот на Општината;
– го извршува Буџетот на Општината;
– избира директори на јавните служби што ги основала Општината, врз основа на јавен
конкурс;
– редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со
Статутот;
– решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во
согласност со законот;
– донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската
администрација;
– раководи со општинската администрација;
– одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во
општинската администрација, доколку поинаку не е определено со Законот;
– обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста во
согласност со законот и Статутот и
– врши и други работи утврдени со законот и со овој Статут.

Градоначалникот може да овласти раководен службеник на Општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку 2 (два) пати во годината. Градоначалникот управува со сопственоста на Општината како добар домаќин. Во управувањето со сопственоста на Општината, Градоначалникот е должен да презема меркии да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со законот. Новоизбраниот градоначалник ја презема должноста од претходниот градоначалник во рок од 7 дена од денот на изборот. За време на вршењето на функцијата, Градоначалникот не може да врши друга професионална дејност.

Градоначалникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење пред Советот. Градоначалникот определува кој од членовите на Советот ќе го заменува во случаи наспреченост или отсуство.Во рок од 60 (шеесет) дена од денот на преземањето на функцијата градоначалник е долженсо решение да го определи членот на Советот кој ќе го заменува.За денот на настанувањето на спреченоста или отсуството Градоначалникот го информира претседателот на Советот.На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето кога го заменува Градоначалникот.Претседателот на Советот не може да го заменува Градоначалникот.

Платата и надоместоците на Градоначалникот, како и надоместокот за членот на Советот што го заменува Градоначалникот, се уредуваат со закон. Градоначалникот не може да биде именуван за член во надзорни, управни и контролни органи на трговски друштва и јавни служби. Градоначалникот не може да учествува во процесот на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, деца или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.

На градоначалникот му престанува мандатот по сила на Законот:

– ако поднесе оставка;
– во случај на смрт;
– ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над 6
месеци;
– ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност;
– ако настапи случај на неспоивост во вршењето на функцијата согласно со Законот за
локални избори;
– во случај на неоправдано отсуство подолго од шест месеци и ако престане да биде жителна Општината.

Надлежности-според-Закон-за-локална-самоуправа-од-95-и-Статут-од-96

Телефонски број 047/208-340
email: gradonacalnik@bitola.gov.mk

Во насока на согледување и навремено постапување по барањата на граѓаните на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, продолжува со организација на отворени денови, што е во насока и на реализација на активностите предвидени со неговата програма.
За да може да се евидентираат сите барања и предлози, достапно е барање кое граѓаните можат да го пополнат преку елктронската форма во прилог.

Contact Form Demo

Scroll to Top