Општина Битола

Администрација

Општински органи на општина Битола

Администрација

Борче Димитровски, Секретар на Општина Битола

Борче Димитровски од 2021 година е секретар на општина Битола. Роден е на 26 март 1981 година во Битола.

Во периодот 2008 – 2009, Димитровски бил основач и претседател на Leo Club Bitola – младинска хуманитарна инситуција, од 2009 – 2010 основач и претседател на Lions Club Битола – хуманитарна организација. Од 2016 – 2014 бил продуцент на Фестивалот за современи уметности АКТО Битола, а од 2005 – 2021 е член на УО на КУД “ Илинден “ Битола.

Во периодот од 2016 – 2010 и 2017 – 2021 работи во правен сектор, како адвокат во Адвокатско друштво ДИМИТРОВСКИ.

Во периодот од 07/2010 до 07/2017 бил директор на НУ Центар за култура Битола.

Од 11/2017 до 10/2021 активно делувал како советник во Советот на општина Битола. Во своето досегашно искуство учествувал на повеќе обуки и едукации, меѓу кои се и: Компаративна студија на културни институции и фестивали во Словенија, компаративна студија на културни институции и културни политики во Долна Нормандија, Франција, граѓанско учество во проекти и можности за фундирање на Европски проекти организирано од Агенцијата за локална демократија АЛДА во Стразбург, Франција и други.

Контакт: емаил: sekretar@bitola.gov.mk
телефон: 047/208328

Scroll to Top