Општина Битола

Информации за Општината

Инфраструктура

Ул. 16-та бб 
7000 Битола

  •  Дирекција: +389/47 207 400
  •  Портирница: +389/47 207 403
  •  Информации за собирање, транспорт и депонирање на отпад
    тел: +389 (0) 47 047 207 426
  •  Хачико – Прифатилиште за кучиња Битола
    +389 (0) 78 243 239
  •  Информации за надзор на гробишта
    •  Оддел Капела
      Тел: +389 (0) 47 207 418
    •  Оддел Св. Недел
      Тел: +389 (0)  47 207 420
    •  Оддел Нови гробишта
      Тел: +389 (0) 47 207 423
    •  Оддел Буковски гробишта
      Тел: +389 (0) 47 207 41
    •  Цвеќара Икебана
       Тел: +389 (0) 47 207-413

 http://www.komunalecbt.com.mk/
email: komunalecbt@komunalecbt.com.mk

Ул. 16 та бр.4г
7000 Битола

  • Дирекција: +389 (0) 47 227 448
  • Стопански Двор: +389 (0) 47 238 200
  • Дежурен: +389 (0) 72 232 119

http://vodovodbt.mk

email: info@vodovodbt.mk                                                 

 

Ул.Булевар 1 ви Мај бб
7000 Битола

  • Дирекција: +389 (0) 47 233 600 и 233 199
  • Стопански Двор: +389 (0) 47 221 016

www.niskogradbabt.mk

email: contact@niskogradbabt.mk

 

 Ул. Коле Неделковски Бр. 1 
7000 Битола

  • Дирекција: +389 (0) 237 416

 https://jppazari.mk/

email: jppazaribitola@gmail.com

Ул. Булевар 1-ви Мај Бр. 61
Битола 7000
jpzuppi.bitola@gmail.com

Ул. Томаки Димитровски бр. 7/1
Тел: +389 (0) 47 237 470
e-mail: zabeni@bitola.gov.mk 7000 Битола

http://zabeni.mk/mk/index.php

Ул. Тумбе Кафе бб
Тел: +389 (0) 47 222 956
Факс: +389 (0) 47 202 033
e-mail: zoo-gradina-bt@t-home.mk
7000 Битола

http://www.zoobitola.mk/

Ул. Илинденска бр. 156
Тел: +389 (0) 47 224 107
7000 Битола

телефон 047/222-999
jppjlp.bt@gmail.com

Ул. Томаки Димитровски бр. 7/1

Завршна сметка за 2023 година

Ул.Солунска бр.83а
7000 Битола

  • Дирекција 047/222-999

email: jppjlp.bt@gmail.com

 

Во Битола уште во 19 век постоел канализационен систем од геризи. Со градба на современа канализација се отпочна некаде кон крајот на педесеттите години. Условите на теренот за градба и проширување на канализационата мрежа, се скоро идеални. Благиот пад на теренот кон исток и североисток овозможува градба на едноставни системи со мошне погодни услови за прибирање на пречистените води во реката Драгор.
Целокупно изградена канализациона мрежа: 154.000 м. од кои:

  • Азбесни цевки: 93.000 м.
  • Бетонски и армирано бетонски: 54.000 м.
  • ПВЦ: 7.000 м

Употребени профили: Ø 150 мм – Ø 1500

Број на изливни места: 5

Краен реципиент: р.Драгор → р. Црна → Тиквешко езеро → р.Вардар
Покриеност со канализациона мрежа на градот, во проценти: 99 %
Покриеност со канализациона мрежа на општината, во проценти 82%
Сепак канализационата мрежа сеуште не е заокружена, општината Битола се среќава со проблемот со третманот на отпадните води (од станбените населби и индустриските отпадни води). Потребно е доизградба на колекторскиот систем, изградба на колекторски станици, решавање на проблемот со петтиот канал кој е отворен и изградба на пречистителни станици. Постојат повеќе проекти за пречистителни станици, но потребно е изнаоѓање на финансиски средства.

Битола е еден од ретките градови во државата кој за подолг временски период во иднина го решил прашањето на извориштата за добивање на хигиенска вода. Уште во 19 век Битола располагаше со голем број на јавни чешми, бунари, бунари со тулумби , фонтани и сл.
Првата планска изградба на водовод во Битола датира од 1936/37 година.
Квалитет на водата за пиење

Во состав на ЈКП Водовод, поточно од филтерската станица во Дихово, постои Служба за санитарна контрола и заштита, која работи нон-стоп 24 часа.
Службата е составена од:

  • лабораторија за хемиско и бактериолошко испитување на водата,
  • превентива

На секои два часа се следат основните параметри на водата:

  • проток на сирова вода,
  • доза на хлор,
  • матнотија на сирова и пречистена вода,
  • електроспроводливост,
  • температура и резидуален хлор.

Во градската мрежа на Битола постојат 25 контролни пунктови за контрола на квалитетот на водата. Секојдневно се земаат примероци од 7 пунктови. Според правилникот за контрола на квалитетот на водата за нашата мрежа потребни се 10 пунктови со секојдневна контрола на 3 од нив.
Со последните зафати за проширувањето на филтерницата и изградбата на главниот довод за нас.Баир, градот Битола може да се пофали дека го решил водоснабдувањето на населението и индустријата до 2020 год.

Според потрошувачката на вода по жител, општината Битола е на прво место во РМ.

Договор за обезбедување на утврдено ниво на услуги за водоснабдување меѓу општина Битола и ЈКП „Водовод“

Електрификацијата на градот е воведена во периодот меѓу двете светски војни, односно во 1924 год., со градба на калорична централа со еден дизел мотор. Таа била користена за градско осветлување, малку за индустријата и занаетчиството. Јачина на дизел-моторот била со сила од 354 КW. По ослободувањето се изгради термоцентрала врз база на јаглен (во 1948 год.) со јачина од 0,5 MCW и HC “Сапунчица“ (1952) со јачина од 2,5 MCW, со што состојбата со обезбедување на ел. енергија нагло се промени.
Но, со зголемувањето на потребите од електрична енергија на стопанството и градот, мораше да се бараат други извори. Во 1980 год. беше иницирана концепција за развој и експлоатација на јаглен – лигнит во рудникот Суводол. Во 1982 год. започна поизводството на првите киловатчасови кога беше пуштен во функција првиот блок од трите блокови кои денес постојат во РЕК Битола. Денес трите комплетирани блока со индивидуален капацитет од 225 MW или вкупно инсталиран капацитет од 675 MW обезбедуваат просечна годишна електрична енергија од 4.600 GWh. Рударско-енергетскиот комбинат РЕК – Битола е најголемиот електростопански објект во Македонија. Во овој комбинат се вработени 2.500 лица кои годишно одложуваат 20 милиони кубици јаловина, ископуваат 6 – 7 милиони тони лигнит. По часовите на работа на блоковите – 7.900 часови годишно, се рангира во првите десет термоелектрични централи во Европа.
Дистрибутивната мрежа се напојува главно од 400 киловолтната трафостаница поврзана со РЕК – Битола.

ИТНИ ТЕЛЕФОНИ
  • ПОЛИЦИЈА   192
  • ПОЖАРНА  193
  • БРЗА ПОМОШ 194
  • ИНФОРМАЦИИ 1188
ПАТНА ВЛЕЧНА СЛУЖБА
  • АМД – ЃОРГИ НАУМОВ
    • Ул. Арон Ароести бб Битола
    • Тел: +389 (0) 47 203 220
    • Локација: Стрелиште – населба
  • АМСМ-АМД  ЃОРГИ НАУМОВ
    • Ул. Новачки пат бб Битола
    • Тел: +389 (0) 47 227 008
    • Локација: Комплекс Евро-кар
ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА
  • ВИШО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
    • Ул. Булевар 1-ви Мај Бр. 63  Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47  239 368 242 882
  • ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
    • Ул. Булевар 1-ви Мај Бр. 63  Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47  230 333
    • Факс: +389 (0) 47 230 330
  • АПЕЛАЦИОНЕН СУД БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1-ви Мај Бр. 63 Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 203 490 227 999
    • Факс: +389 (0) 47 239 319
  • ОСНОВЕН СУД БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1-ви Мај бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 223 066 223 166 221 331
    • Факс: +389 (0) 47 239 352
    • e-mail: info@osbitola.mk
  • СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1-ви Мај бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 225 110
  • КАЗНЕНО ПОПРАВЕН ДОМ БИТОЛА
    • Ул.  Девеани бр.25 Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 229 544
    • Факс: +389 (0) 47 229 544
  • НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Јане Сандански бб
    • Тел: +389 (0) 47 242 510
    • Битола  7000
    • Локација: зграда на Кјуби-Македонија
    • Ул. Партизанска бб Битола 7000КЛИНИЧКА БОЛНИЦА БИТОЛА
    • Тел: +389 (0) 47 203 120
    • Факс: +389 (0) 47 253 435
  • ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ БИТОЛА
    • Ул. Партизанска бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 208 113
    • Факс: +389 (0) 47 208 130
  • ЗДРАСТВЕН ДОМ БИТОЛА
    • Ул. Филип Втори Македонски бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 242 675
    • Факс: +389 (0) 47 220 112
  • ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА БИТОЛА
    • Ул. Населба Карпош бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 241 426
    • Факс: +389 (0) 47 241 426
  • ЈУ  ДОМ ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА БИТОЛА
    • Ул. Младински Бригади бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 254 339
    • Факс: +389 (0) 47 254 339
  • ЗАВОД ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС БИТОЛА
    • Ул. Елпида Караманди Бр.28 Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 202 479
  • ЗАВОД ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ЗА ДЕЦА СО ОШТЕТЕН СЛУХ  БИТОЛА
    • Ул. Захарија Шумљанска бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 212 017
    • Факс: +389 (0) 47 227 017
  • АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА БИТОЛА
    • Ул. Ѓорче Петров бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 237 154
  • СТУДЕНСКИ ДОМ „КОЧО РАЦИН“ БИТОЛА
    • Ул. Студенска Бр.2 Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 255 132
  • ДРЖАВЕН УЧЕНИЧКИ ДОМ „МИРКА ГИНОВА“ БИТОЛА
    • Ул. Македонска Фаланга Бр.31-а Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 237 548 222 079
  • ДРЖАВЕН АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ЕДИНИЦА  БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1-ви Мај Бр.55 Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 239 491
  • АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ – ПО ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Климент Охридски бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 228 860
    • Факс: +389 (0) 47 228 – 430
  • ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОНАЛНА РЕГИСТРАЦИОНА КАНЦЕЛАРИЈА БИТОЛА
    • Ул. Мирче Ацев Бр. 3 Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 224 396
  • ЈП СТРЕЖЕВО БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1-ви Мај Бр. 77
    • Тел: +389 (0) 47 207 800, 207 816
    • Факс: +389 (0) 47 207 836
    • Битола  7000
    • Бесплатен телефонски број за пријавување на дефекти на Детална цевководна мрежа и хидромеханичка опрема на ЈП Стрежево: 0800 50 555
  • РЕГИОНАЛНИ ЕДИНИЦИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА
  • ФОНД ЗА ЗДРАСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
  • ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Столарска бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 231 614
  • ФОНД ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
  • ПОДРЧНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Столарска Бр.5  Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 231 480
    • Факс: +389 (0) 47 231 662
  • УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ – РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА
    • Ул. Димитар Илиевски Мурато бр. 24 –а  Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 235 504
    • Факс : + 389 (0) 235 501
  • УПРАВА ЗА ИМОТНО ПРАВНИ РАБОТИ – РЕГИОНАЛНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Димитар Илиевски Мурато бр.24 – а Битола 7000
    • Тел: + 389 (0) 47 237 080  237 070
  • ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ – ЕДИНИЦА ЗА  ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1 ви Мај Бр. 200 Битола 7000
  • ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ  ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1 ви Мај бб  Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47  237 020 – 223 635
    • Факс: + 389 (0) 47 203 088
  • ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД – ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Кирил и Методиј Бр. 14 Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 222 852
  • ДРЖАВЕН ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ БИТОЛА
    • Ул. Македонска Фаланга бр. 31 –а Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 237 548 222 079
  • ДИРЕКЦИЈА ЗА ВЕТЕРИНАРНА ИНСПЕКЦИЈА – РЕГИОНАЛНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1- ви Мај бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 237 419 231 013
  • ДИРЕКЦИЈА ЗА ДРЖАВНА ВЕТЕРИНАРНА ИНСПЕКЦИЈА ВО ЗДРАСТВЕНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ – РЕГИОНАЛНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1- ви Мај бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 237 419 231 013
  • ДРЖАВЕН САНИТАРЕН И ЗДРАСТВЕН ИНСПЕКТОРАТ – РЕГИОНАЛНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1- ви Мај бб Битола 7000
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ –РЕГИОНАЛНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Климент охридски бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 228 486
  • МЗШВ – РЕГИОНАЛНА ЕДИНИЦА БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1- ви Мај бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47 237 419
  • РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ БИТОЛА
    • Ул. Булевар 1- ви Мај бб Битола 7000
    • Тел: +389 (0) 47  208 633
  • МИТРОПОЛИСКА РЕЗИДЕНЦИЈА  –  ПРЕСПАНСКО ПЕЛАГОНИСКА ЕПАРХИЈА  БИТОЛА
    • Ул. Ѓуро Ѓаковиќ Бр.55
    • Тел: +389 (0) 47 236 967
    • Битола  7000
  • МУФТИСТВО НА ИВЗ БИТОЛА
    • Ул. Жикица Јовановиќ Шпанац  Бр. 46
    • Тел: +389 (0) 47 240 631
    • Битола  7000
  • ПРЕСВЕТО СРЦЕ ИСУСОВО – Католичка црква
    • Ул. Широк Сокак Бр. 63
    • Тел: +389 (0) 47 233 705
    • Битола  7000
  • ХРИСТИЈАНСКА АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА БИТОЛА
    • Ул. Пеце Матичевски Бр. 37
    • Тел: +389 (0) 47 224 758
    • Битола  7000

Јавното осветлување на територијата на општина Битола опфаќа околу 10500 расветни тела.Одржувањето на јавното осветлување  подразбира обновување и замена на прегорени светилки и елементи за нивно нормално функционирање, како и дополнување на мрежата на јавно осветлување на делови во градот и населени места, каде постои мерење а се работи за незначително проширување на мрежата и опфакање на поедини делови од улици каде нема јавно осветлување. Замената на светилки и опремата за нормално функционирање на јавното осветлување (тековно одржување), се врши континуирано секојдневно врз основа на сопствена иницијатива, како и по барања и пријави на граѓани. Во прилог е табелата во која можат да се погледнат податоците за Јавното Осветлување во општина Битола.

Јавното осветлување во Битола

Демографија

Респонсивна Табела
Општина Битола
Вкупно население Домаќинства Станови (сите видови живеалишта)
Вкупно население во општина Битола 86408 26387 33232
Град Битола 74550 23010 28155
18 Села 11858 3377 5077

Извор:  Државен завод за статистика, Попис 2002 год.

 Во 2004 год. со новата територијална поделба на Р.Македонија  подрачјето на  Општината Битола е утврдено со закон и ги опфаќа градот Битола и 65-те села :  Барешани,  Бистрица, Братин Дол, Брусник, Буково, Велушина,  Габалавци,  Гопеш, Горно Егри,   Горно Оризари, Граешница, Дихово,  Доленци, Долно Егри,   Долно Оризари,  Драгарино, Драгожани, Драгош,  Древеник,  Ѓавато,  Жабени,  Злокуќани, Кажани,  Канино, Карамани,  Кишава,  Кравари,  Крклино,  Кременица,  Крстоар,  Кукуречани, Лавци,  Лажец,  Лера,  Лисолај, Логоварди,  Лопатица, Магарево,  Маловиште,  Метимир,  Меџитлија,  Нижеполе,  Ново Змирнево, Облаково,  Олевени,  Оптичари,  Орехово, Острец,  Поешево, Породин, Рамна,  Раштани, Ротино,  Свиниште,  Секирани, Снегово,  Средно Егри, Српци, Старо Змирнево,  Стрежево, Трн,   Трново, Цапари,  Црнобуки и Црновец.

Респонсивна Табела
Општина Битола
Вкупно население Домаќинства Станови (сите видови живеалишта)
Вкупно население во општина Битола 95385 28942 37225
Град Битола 74550 23010 28155
65 Села 20835 5932 9070

Густина на населението: 788 лица/км2

Податоци од ПОПИС 2021:

Респонсивна Табела
Општина Битола
Вкупно население Домаќинства Станови (сите видови живеалишта)
Вкупно население во општина Битола 85164 30154 43724
Град Битола 69287 24974 33367
65 Села 15877 5180 10357

Вкупно население на Општина Битола според национална припадност

Етнички групи Население
Македонци 69182
Албанци 4018
Турци 1174
Роми 2890
Власи 1205
Срби 359
Бошњаци 49
Останати 750
Вкупно 85164

Извор:  Државен завод за статистика, Попис 2021 год

Клима

Од климатски поглед, за градот би подвлекле повеќе карактеристики. Во Битола,  официјално, главната метеоролошка станица започнува со работа од 16.3.1945 г.  иако за одредени метеоролошки елементи, има систематски податоци од 1926/27г.  Метеоролошката станица во градот се наоѓа на надморска височина од 586 м.  Според, метеоролошките податоците, градот има средна годишна температура на  воздухот од 11,1оС, но со големи отстапувања во одредени години од 10,1оС во 1975  година  до 13,1оС во 1952 г. Најстуден месец е јануари, со просечна месечна  температура од 0,6 оС, но со апсолутна минимална температура од -30,4оС. Најтопол  месец е јули, со средна месечна температура од 22.2 оС и со апсолутно максимална  температура од 41,2оС. Апслолутното годишно варирање на температурата во  воздухот изнесува 71,6оС што е специфика на подрачјата со континентална клима.
Пролетните и есенските месеци се со пријатни температури на воздухот, но истите  можат да добијат специфики и на продолжена зима или на продолжено лето. Според  тоа, во Битола, климата, во основа, е со умереноконтинентален карактер, со  нагласена континентална компонента, со динамична и со нестабилна клима на суво  многу топло лето и на зимски период поделен на пократок, сув и студен. Поинаку  кажано, температурата има специфика на континентална клима, а врнежите, на  сушна изменето-медитеранска или степска клима која, на моменти, има пробиви и на  жешки воздушни маси од Северна Африка – Сахара.
Просечното годишно количество на врнежи изнесува 601 мм. Со вредности кои се  движат од 338 мм до 879 мм, што претставува разлика која е близу до просечното  количество.
Битола исто така е пример со појавата на поларна светлина. Преку Битола поминува  изохазмата (линија која поврзува места со еднаков број на денови со појава на  поларна светлост) 0,1, што значи дека на небото на Битола просечно само еднаш во
10 години, се појавува поларната светлост.

ПРОФЕСИОНАЛНИ СПОРТОВИ И СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ

Општина Битола преку Советот на Општината Битола донесува Програма за активностите во областа на спортот врз основа на основните одредби од Зaконот за спорт и Законот за локална самоуправа.

Главни цели на програмата за активности во областа на спортот е афирмирање на Општина Битола како развиена спортска општина која создава услови за развој и поддршка на програмите за спорт и спортско-рекреативните активности.

Програмата за активностите во областа на спортот се состои од активности за :

  1. Поддршка и развој на предучилишен и училишен спорт со реализирање на спортски активности и систем на натпревари на учениците.
  2. Поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови и професионалните спортски клубови регистрирани на подрачјето на Општина Битола.
  3. Поддршка на рекреативни активности на граѓаните и рекреативни активности на лица со посебни потреби.
  4. Поддршка на традиционални манифестации и манифестации од особен интерес на Општина Битола.
  5. Поддршка на програми и проекти на останати спортски организации од интерес на Општина Битола.

Вреднувањето на доставените програми се одредува врз основа на:

– остварени спортски резултати ( клубови кои се натпреваруваат  во највисоката лига на натпревари или клубови кои што имаат поединци со остварен висок пласман прво, второ или трето место на официјалните Европски и Светски Првенства )

– број на учесници во активностите или манифестациите во поднесените програми и проекти

– број на земји учеснички

– манифестацијата да е во календарот на меѓународната спортска асоцијација, со статус и категорија на меѓународен натпревар.

УЧИЛИШНИ ЛИГИ                                                 

Во насока на унапредување на училишниот спорт општина Битола ги финансира програмите, проектите и спортските активности на учениците и на младината, со посебен акцент на реализирање на спортски активности и натпревари на учениците од основните и средните училишта на подрачјето на општина Битола –  РАЗВОЈ НА УЧИЛИШНИОТ СПОРТ.

Организирањето на училишниот спорт во основните и средните училишта на подрачјето на општината Битола се врши преку основање на училишни спортски клубови кои делуваат во своите училишта со дадена согласност и приоритет во договорите за користење на училишните спортски сали без надомест.

Општина Битола во својата програма предвидува  реализиција на училишни спортски лиги во учебната 2014/2015 година во машка и женска конкуренција во 4 спортови и тоа:

  • МАЛ ФУДБАЛ (МАШКИ) за основни училишта во која учество ќе земат 14 основни училишта. Реализицијата согласно програмата е од месец Октомври до месец Мај и планирани се одигрување на вкупно 44 натпревари во еднокружен систем на натпреварување до финален турнир.
  • КОШАРКА (ЖЕНСКИ) за основни училишта во која учество ќе земат 10 основни училишта.Реализирањето истотака ќе се одвива од месец Октомври до месец Мај и планирано е да се одиграат вкупно 39 натпревари во еднокружен систем на натпреварување до финален турнир.
  • РАКОМЕТ (МАШКИ) за средни училишта во која учество ќе земат 6 средни училишта.Ќе се реализира од месец Октомври до месец Мај и планирани се вкупно 30 натпревари во двокружен систем на натпреварување.
  • ОДБОЈКА (ЖЕНСКИ) за средни училишта во која учество ќе земат 6 средни училишта. Ќе се реализира од месец Октомври до месец Мај и планирани се да се одиграат вкупно 30 натпревари во двокружен систем на натпреварување.

Во сите овие активности учество земаат 14 основни училишта, како и 6 средни училишта од нашата општина со вклученост на 3000 до 4000 ученици. Активностите ги реализираат и спроведуваат стручни кадри, околу 50 професори по ФЗО од нашата општина (членови на ОСУС Битола), општинските судиски  организации како и одделот за спорт од нашата општина.

За унапредување на училишниот спорт главна улога има мотивираноста на стручниот кадар кој произлегува од воспитно образовниот систем, константна расположливост на објектите за спорт во училиштата, прилагодување на систем на натпревари заради мотивираност на учениците и воннаставни активности.

Училишните сали можат да се користат за рекреација или спортски активности по од страна на граѓаните на општината со претходно барање за користење и согласно цени утврдени со Одлука Ценовник за користење на спортски објекти на подрачјето на Општината Битола донесен од  Советот на Општина Битола но по завршувањето на активностите опфатени со Училишниот спорт и училишните спортски клубови.

Одлука 1

ТРАДИЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ  

Општина Битола ги финансира традиционалните спортски приредби и манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер, со цел зачувување на континуитетот на вакви манифестации за кои има интерес од граѓаните и кои се во интерес на развојот на спортот во општината.

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ

Општина Битола ги поддржува спортските активности на спортисти – аматери како и спортските клубови регистрирани на подрачјето на Општина Битола. Општина Битола превзема активности на разгледување, поттикнување и создавање на здрав потенцијал за врвен спорт притоа земајќи ги во предвид и состојбите од останатите сфери во општеството кои се поврзани со создавање на врвни спортисти и натамошно делување во квалитативна насока. Ова ќе ни овозможи квалитетни спортски резултати во континуитет, а не само поедини резултати на наши спортисти кои се главно плод на вешта импровизација или сплет на среќни околности. Оваа програма треба да обезбеди поддршка на спортските клубови кои се членки во националните спортски федерации за учество на спортисти поедици и национални тимови во рамки на меѓународен систем на натпревари. Поддршката треба да се заснова на претпоставки за успех темелени брз реални параметри, односно врз основа на спортски резултати кои во рана фаза ќе го потврдат врвниот спортски потенцијал.

ПРОФЕСИОНАЛНИ  СПОРТСКИ  КЛУБОВИ

Општина Битола во насока на унапредување на спортот ги поддржува и финансира професионалните спортски клубови регистрирани на подрачјето на Општина Битола. Со поддршката на професионалните спортски клубови – акционерски друштва им се помага во разрешување на финансиските тешкотии со што ќе понудат соработка и ќе привлечат голем број компании, а исто така со добро раководење ќе имаат можност да остварат профит кој ќе биде вложен во клубот. Самите вложувачи акционери ќе имаат свои права кои ќе ги остваруваат. Со оваа мерка ќе се придонесе кон следење на европските и светските искуства каде што најголем број на клубови функционираат како акционерски друштва, регулирање и утврдување на сопственоста и сопственичката структура на клубовите, привлекување на повеќе спонзори и приватни компании кои ќе инвестираат во спортските клубови и поголеми можности за остварување профит од истите.

ПРОГРАМИ ЗА АКТИВНОСТИ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

( шах,  стрелаштво,  пинг понг)

Општина Битола ги поддржува и спортско-рекреативни активности на лица со посебни потреби на подрачјето на општината.

СПОРТСКИ САЛИ И ОБЈЕКТИ

Општина Битола покрај поддршка на програми и проекти на спортски клубови исто така во континуитет ги подобрува и условите за тренинг како главен предуслов за постигнување на врвни спортски резултати. Континуирано се инвестира во обезбедување услови за спортување преку реализирање на програми за подобрување на спортската инфраструктура, преку изградба и адаптација на спортски објекти, реконструкција и  модернизација на постојните спортски објекти како и со замена на дотраените спортски реквизити со нови.

Со реализација на инфраструктурниот проект за инсталирање на вештачка трева, во фудбалското игралиште – Ќумурно од страна на Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со УЕФА и Општина Битола се овозможија нови услови за тренинг. Ова е од особено значење за развојот на спортот, бидејќи фудбалското игралиште се користи за непрестајно одвивање на тренинзи без притоа да се оштети теренот и се овозможи бесплатни тренинзи за сите категории членки на ФФМ.

Фудбалските игралишта можат да се користат и за рекреација од страна на граѓаните на општината со претходно барање и со цени утврдени со Одлука Ценовник за користење на спортски објекти на подрачјето на Општината Битола донесен од  Советот на Општина Битола.

Одлука2

Покрај бесплатните тренинзи кои што ги имаат фудбалерите, Општина Битола им овозможува и бесплатно користење на спортската сала „Младост“ за одржување на спортски тренинзи на прволигашите како што се машкиот и женскиот ракомет и кошарка.

Со ставање во функција на сега ново реновираната мала сала во спортската сала „Младост“, покрај условите кои им се овозможени на сениорската постава сега се овозможи бесплатни тренинзи и на младинските категории во ракометот и кошарката.

Спортската сала „Младост“ може да се користи и за рекреација од страна на граѓаните на општината со претходно барање за користење и согласно цени утврдени со Одлука Ценовник за користење на спортски објекти на подрачјето на Општината Битола донесен од  Советот на Општина Битола.

Одлука-3

  1. Спортска сала „ Младост “
  2. Спортска сала „ Павел Шатев“
  3. Фудбалско помошно игралиште во Горно Оризари
  4. Фудбалско игралиште со вештачка трева „Павел Шатев“
  5. Отворен базен со ресторан, закуп ЅИУ – Битола ( ЈПССП )
  6. Тениски игралишта, закуп ДГС „Партизан“ ( ЈПССП )
  7. Ракометни игралишта , закуп МЕГА СПОРТ – Битола ( ЈПССП )
  8. ДТВ Партизан , закуп ЏОКЕР ТУРИСТ – Битола ( ЈПССП )
  9. Спортска сала во ОУ „Св.Климент Охридски “
  10. Спортска сала во  ОУ  „Коле Канински “
  11. Спортска сала во  ОУ  „Елпида Караманди “
  12. Спортска сала во СОЗУ  „ Кузман Шапкарев “
  13. Спортска сала во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито “
  14. Спортска сала во СОЕУ „ Јане Сандански “
  15. Спортска сала во СОМУ  „ Д-р Јован Калаузи “
  16. Спортска сала во СОТУ „ Ѓорѓи Наумов “
  17. Спортска сала во  СОУ  „ Таки Даскало “

Општина Битола континуирано инвестира во обезбедување услови за спортување преку  реализирање на програми за подобрување на спортската инфраструктура, преку изградба и адаптација на спортски објекти, реконструкција и  модернизација на постојните спортски објекти како и со замена на дотраените спортски реквизити со нови.

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

Општина Битола заедно со спортистите организира доброволни крводарителски акциии со цел да ја покажат својата хуманост и да бидат позитивен пример за младината.

ХУМАНИТАРНИ МАНИФЕСТАЦИИ И НАТПРЕВАРИ

Општина Битола ги поддржува и учествува во организација на хуманитарни манифестации и разни натпревари на деца од социјално загрозени семејства.

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНО УТВРДЕНИ АКТИВНОСТИ

Општина Битола ќе ги финансира програмите, проектите, активностите и манифестациите кои не се опфатени со претходни позиции во програмата за активности во областа на спортот, а кои со својата актуелност, атрактивност, значење и квалитет, придонесуваат за остварување на програмските цели во областа на спортот во Општина Битола за 2015 година.

Образование

Градинки
ГРАДИНКА ДИРЕКТОР АДРЕСА ТЕЛЕФОН НАСТАВЕН ЈАЗИК Е-маил
ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ Весна Лозановска Наум Наумовски Борче бб 047/236-604 Македонски estrejamarabt@yahoo.com
Пролет / Наум Наумовски Борче / Македонски /
Снегулка / Чеде Филиповски / Македонски /
Вангел Мајорот / Населба Карпош / Македонски /
Колибри / Цане Бујуковски / Македонски /
Росица Паца Мирчева Македонски
Росица 1 / С. Бистрица / Македонски /
Колибри 1 / С. Кукуречани / Македонски /
Пинокио / С. Долно Оризари / Македонски /
ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Кристина Лајмановска Смилевски Конгрес бб 047/251-108 Македонски majskicvetbt@gmail.com
Коца Василевска / Мирка Гинова / Македонски /
Кокиче / Север Југ / Македонски /
Качунка Нико Фундали Македонски
Пеперутка / Питу Гули / Македонски /
Славејче / Охридска / Македонски /
Ѕвездички / Дрвинова / Македонски /
Основни Училишта
Основно Училиште Директор Година на основање Површина (м²) Адреса Телефон Наставен јазик Е-маил
Гоце Делчев Наташа Ставревска 1945 4.000 Виенска Бр.13 075/659-137 Македонски, Албански, Турски gocedelcevbt@gmail.com
Стив Наумов Никола Пискачев 1945 7.700 Стив Наумов Бр.93 075/609-651 Македонски stivnaumov@gmail.com
СВ„Кирил и Методиј“ Жанета Тошевска 1963 2.800 Булевар ЈНА бр.274 078/758/851 Македонски sv.kim.bitola@gmail.com
Д-р Трифун Пановски Лилјана Николовска 1963 4.200 Охридска Бр.50 075/227-911 Македонски trifunpanovski@yahoo.com
Даме Груев Биљана Дамчевска Бакиевскa 1963 9.800 Ѓорче Петров Бр.7 075/352-880 Македонски oudamegruev@yahoo.com
Коле Канински Дијана Христовска 1964 14.000 Бранко Радичевиќ бр.57 070/373-237 Македонски ou.kolekaninski@gmail.com
Крсте Петков Мисирков Татјана Апостоловска Ѓоргиевска 1964 1.035+9.200 с. Бистрица 070/376-671 Македонски ou.krstemisirkov@yahoo.com
Елпида Караманди Татјана Дамчевска 1980 12.600 ул.Младински Бригади бр.4 078/253-461 Македонски ouekbt@gmail.com
Тодор Ангелевски Наташа Швигир 1986 10.000 Илинденска Бр.82 075/994-277 Македонски oou-todorangelevski-bitola@hotmail.com
Александар Турунџев Никола Јовевски 1986 1.528+10.290 с. Кукуречани 070/541-035 Македонски aturundzev@yahoo.com
СВ„Климент Охридски“ Предраг Созовски 1990 16.500 Димче Лахчански бб 078/295-677 Македонски ouklimentbt@yahoo.com
Ѓорги Сугарев
(во состав на училиштето функционира и Центар за поддршка на учењето на децата со попреченост на територијата на Општина Битола)
Роберт Филиповски 1973 7.500 Димитар Влахов Бр.32 070/520-891 Македонски gorgi_sugarev@yahoo.com
Средни Училишта
Средно Училиште Директор Година на основање Површина (м²) Адреса Телефон Наставен јазик Е-маил
Кузман Шапкарев Златко Крстевски 1908 3.500 ул.Димитар Робев бр.3 076/407-592 Македонски sozukuzmanshapkarev@gmail.com
Јане Сандански Биљана Секуловска 1923 1.403 Булевар 1-ви Мај Бр.59 070/429-662 Македонски es_js_bt@mail.net.mk
Јосип Броз Тито Лидија Споа 1945 3.300 Булевар 1-ви Мај Бр.51 070/344-989 Македонски gimnazija.jbt.bt@gmail.com
Д-р Јован Калаузи Горан Талевски 1956 2.245 Македонска Фаланга Бр.31Б 070/733-011 Македонски drjkalauzibt@t-home.mk
Ѓорги Наумов Жанета Сервини 1957/58 6.375 ул.Михајло Андоновски бр.1 076/591-523 Македонски sotugnaumov@yahoo.com
Таки Даскало Ристо Грујовски 1984/85 5.682 ул.Димитар Илиевски Мурато бр.37 078/249-804 Македонски takidaskalo@gmail.com
Државно музичко училиште Марија Шамоска Буџаковска 1963 2.177 Булевар 1-ви Мај Бр.110 070/622-623 Македонски muzickouciliste@yahoo.com

Универзитети

ДРЖАВНИ ВИСОКИ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ

УНИВЕРЗИТЕТ „Св.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛА   Адреса: Булевар 1-ви Мај бб. п.фах.100  Битола 7000

www.uklo.edu.mk

Телефони: 047 – 223 788  /  047 – 223 192
Е-пошта rektorat@uklo.edu.mk

Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, познат со акронимот УКЛО, е вториот државен Универзитет во Република Македонија, најзначајна установа од областа на високото образование во Регионот на Југозападна Македонија. Специфичната хетерогена, образовна понуда на Универзитетот којашто покрива најразлични научни дисциплини и едуцира профили компатибилни со барањата на актуелниот пазар на трудот е претставена со 42 студиски програми за I циклус студии додипломски, 81 за II циклус студии последипломски од кои 18 специјалистички и 15 студиски програми за III циклус студии докторски  распределени на 12-те единици: десет факултети, една висока стручна школа и Научниот институт за тутун. Во составот на УКЛО со статус на придружни членки се и две научно – истражувачки единици единствени од ваков вид во државата, Универзитетска библиотека и Студентски дом.

Нашиот Универзитет зазема специфична позиција во однос на останатите Универзитети во земјата. Седиштето на Универзитетот е во Битола www.bitola.gov.mk , а високообразовните и научно – истражувачките единици во неговиот состав и дисперзираните студии сместени се во повеќе центри : Битола, Прилеп, Охрид, Скопје, Велес, Кичево и Струга.

Она што е заедничко во ваквото плуралистичко опкружување е посветеноста во едукацијата на младите , дефинирана во мисијата и визијата на Универзитетот.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, годишно, во просек, привлекува околу 3000 нови студенти, а вкупниот број на студенти, во последниов период непрекинато се движи околу 12000 студенти.

Триесетипет годишниот континуиран развој на УКЛО опишан на страниците за неговиот историјат претставува постојана потрага по сопствениот специфичен идентитет којшто, на почетокот на ова столетие, се афирмира низ синтагмата: ОТВОРЕН, ФЛЕКСИБИЛЕН, ИНТЕГРИРАН ВО ОПКРУЖУВАЊЕТО, АКТИВЕН ПАРТНЕР ВО ОПШТЕСТВЕНО ЕКОНОМСКИТЕ ПРОЦЕСИ, ПОДГОТВЕН ДА СЕ СООЧИ СО НОВИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ВО ЕДНА МЕЃУНАРОДНА ПЕРСПЕКТИВА.

Токму заради фактот што регионално, на оваа високообразовна установа и припаѓа водечката улога во академскиот и научниот свет, за УКЛО, клучни зборови во водењето на универзитетската политика и стратегија се: современи, флексибилни студиски програми, транспарентна организациона структура (организациона шема, динамичен менаџмент на човечките ресурси, активна политика на интегрирање во опкружувањто на Универзитетот, креирање на силни релации Универзитет:стопанство, поддршка на нови иницијативи, акцент врз интернационализацијата меѓународна соработка спроведување на култура на квалитет во сите сфери од универзитетското делување.

ЕДИНИЦИ

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП

Во 1977 година, постојната Висока економска школа – Прилеп(1960) се трансформира во  Економски факултет, којшто  беше еден од потписниците на актот за основање на УКЛО во 1979 година.На Економскиот факултет се реализира наставнообразовен процес на повеќе акредитирани програми. 

Контакти: Економски факултет Марксова б.б. Прилеп  Тел: + 389 (0)48 427 020 Факс: + 389 (0)48 426 927

Web page: www.eccfp.uklo.edu.mk

ФАКУЛТЕТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ – БИТОЛА 

Оваа високообразовна установа е во состав на Универзитетот од неговото основање, но со статус Виша земјоделска школа.  Таа е една од најстарите високообразовни установи во Југозападниот  регион на Република Македонија, формирана  во 1960 година, на која се профилираа кадри од земјоделско-сточарска област. Во 1999 година како резултат на еден Заеднички европски проект, постојната Виша школа прераснува во Факултет за биотехнички науки  каде што до денес се остварува образование на повеќе студиски програми.

Контакти:  Факултет за биотехнички науки   Партизанска  б.б.Битола  Тел: + 389 (0)47 238 276 Факс: + 389 (0)47 226 220

Web page: www.fbn.uklo.edu.mk

ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

Техничкиот факултет е основан во 1977 година со трансформацијата на дотогашната Висока техничка школа (1961). Влегува во состав на УКЛО од неговото основање во 1979 година.Техничкиот факултет реализира наставнообразовен процес во повеќе образовнонаучни области и студиски програми.

Контакти: Технички факултет  Иво Лола Рибар б.б.7000 – Битола  Тел:+ 389 (0)47 207 701   + 389 (0)47 207 741  + 389 (0)47 207 740 Факс: + 389 (0)47 203 370

Web page: www.tfb.uklo.edu.mk

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

Педагошкиот факултет во Битола е високообразовна установа формирана  во 1977 година низ процесот на трансформација на постојната Педагошка академија, чија дејност се остваруваше од 1964 година.

Контакти: Педагошки факултет  Васко Карангелевски б.б.Битола  Тел: + 389 (0)47 253 652    + 389 (0)47 253 694  Факс: + 389 (0)47 203 385

Web page: www.pftb.edu.mk

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД

Факултетот за туризам и угостителство е високообразовна установа единствена од овој вид во дражавата, основана во 1977 година. Овој факултет ја продолжува  образовната традиција од претходно постоечката Виша туристичка школа во Охрид, а со новите трендови во високото образование во 70-те години од минатиот  век се трансформира во респектабилна високообразовна единица што е во состав на Универзитетот од неговото основање.

Контакти:Факултет за туризам и угостителство Кеј Маршал Тито бр.95 Охрид Тел: + 389 (0)46 262 147  + 389 (0)46 264 215  Факс: + 389 (0)46 262 281

Web page: www.ftu.uklo.edu.mk

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – СКОПЈЕ

Факултетот за безбедност – Скопје е  формиран во 1977 г. во состав на Центарот за образование на кадри за безбедност и општествена самозаштита. Во 2003 година се возобнови како Полициска академија и стана рамноправна членка на УКЛО. По трансформацијата во 2008 година, Факултетот за безбедност функционира како правен наследник на Полициската академија и претставува единица на УКЛО. Неговата специфика е едукацијата на студентите  во областа на безбедноста.

Контакти: Факултет за безбедност   Идризово б.б.Скопје  Тел: + 389 (0)2 2546 200  Факс: + 389 (0)2 2546 211

Web page: www.fb.uklo.edu.mk

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Оваа високообразовна единица влегува во составот на УКЛО од академската 2008/2009 година кога се запишува и првата генерација студенти кои своето студирање го реализират во Кичево, каде е седиштето на Факултетот или во Битола на дисперзираните студии. 

Контакти: Правен Факултет Александар Македонски 72 Кичево Тел:  + 389 (0)45 220 267  Факс:+ 389 (0)45 220 267

Web page: www.pfk.uklo.edu.mk

ТЕХНОЛОШКO-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС

Оваа високообразовна установа, исто така, започна да функционира со почетокот на акдемската 2008/2009 година. Седиштето на Факултетот е во Велес. 

Контакти: Технолошко-технички Факултет Петре Прличко 42 Велес Тел: + 389 (0)43 211 202 Факс: + 389 (0)43 211 204

Web page: www.ttfv.uklo.edu.mk

ВИСОКА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА – БИТОЛА

Во 1988 година новоформираната Виша медицинска школа во Битола стана членка на УКЛО. Како единствена високообразовна установа за виши медицински сестри, со донесувањето на Законот за високо образование (2000), прераснува во Висока медицинска школа. 

Контакти: Висока медицинска школа Клиничка болница Партизанска б.б..Битола Тел: + 389 (0)47 253 268 Факс: + 389 (0)47 258 311

Web page: www.vmsb.uklo.edu.mk

ВЕТЕРИНАРЕН ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

Ветернираниот факултет во Битола започна со работа во академската 2009/2010 и е една од поновите едниници во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Кандидатите заинтересирани да студираат на овај факултет можат да го направат тоа на насоката за ветеринарна медицина.
Контакти: Ветеринарен Факултет – Битола Прилепска б.б Битола Тел: + 389 (0)47 228 899 Факс: + 389 (0)47 228 899

Web page: www.vfb.uklo.edu.mk

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ – БИТОЛА

Оваа единица на Универзитетот е најнова во неговиот состав и е формирана во 2014 година, врз основа на Закон за основање Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (Сл. весник бр. 187/30.12.2013). Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола во себе ги инкорпорира студиските програми од научните полиња на информатика и компјутерска техника и информатика на Техничкиот факултет и на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, којшто со основањето на Факултетот за информатички и комуникациски технологии престана да функционира.  

Контакти: Факултет за информатички и комуникациски технологии Партизанска б.б.Битола Web page: www.fikt.uklo.edu.mk

НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН – ПРИЛЕП

Најстарата научна установа  на Универзитетот и единствената од овој вид во Република Македонија, Институтот за тутун во Прилеп, е основана уште во 1924 година и тоа како прва организирана научно-истражувачка единица во земјата. Со основањето на Универзитетот, Институтот станува негова членка од редот на научно-истражувачките установи.Научно-истражувачка дејност  се остварува преку следниве одделенија:- Одделение за генетика, селекција и семеконтрола;- Одделение за агротехника на тутунот;- Одделение за заштита на тутунот од болести,штетници и плевели;- Одделение за технологија, ферментација и фабрикација;- Одделение за хемија на тутунот, тутунскиот чад, резидуи од пестициди и биохемија и- Одделение за економско планирање и програмирање
Контакт: „Кичевска” б.б. Прилеп Тел: + 389 (0) 48 412 760 Факс: + 389 (0) 48 412 763 Web page : www.tip.edu.mk

 

ПРИВАТНИ ВИСОКИ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ „ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН “ –ОФИЦИЈАЛЕН РУСКИ ПАРТНЕРСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Адреса: Кампус Битола

Новачки пат бр.16

7000 Битола

Телефони: + 389 47 222 503

+389 47 238 077

Е-пошта info@msu.edu.mk www.msu.edu.mk

Адреса: Кампус Свети Николе

Маршал Тито бр.7

2220 Свети Николе

Телефони: + 389 32 440 330

+389 32 440 202

Е-пошта info@msu.edu.mk www.msu.edu.mk

Денес Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) „Гаврило Романович Державин“ располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2000 студенти.

Официјален руски партнерски универзитет

Ние сме еден од првите приватни универзитети во Република Македонија и нашиот универзитет има развиено силна соработка Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од градот Тамбов, Руска Федерација. Нашата соработка се одвива преку размени во научната, наставната и студентската сфера, заедничка организација на конференции, обуки итн.

Живејте ја Вашата визија

Уште од основањето на универзитетот ние сме тука за нашите студенти. Ќе Ви помогнеме да ги откриете Вашите интереси, да ги развиете сопствените таленти, да совладате клучни вештини. Ние ќе Ви помогнеме да ја живеете својата визија.

Тука сме за Вас

Нашиот Центар за кариера ќе се погрижи за да Ве насочи кон Вашата идна професија и ќе Ви дава безрезервна поддршка во текот на студирањето.

Ние ќе бидеме Вашиот втор дом

Ние сме отворени за сите – посетете нè, прошетајте низ нашите кампуси и на секој чекор ќе пронајдете активности во кои ќе се препознаете себеси. Кај нас има простор за учење, дружење, соработка… Во текот на студирањето овие места ќе бидат Вашиот втор дом.

За одржување на наставата Ви ставаме на располагање простории од над 6500 m2 во Свети Николе и Битола.

Во рамките на овие простории се опфатени конференциски сали, амфитеатар, предавални, простории за практична работа, лаборатории, работилници, простории за вежби, комплетно опремена библиотека со читална, ресторан, студентско бифе, книжарници итн.

Ве охрабруваме да бидете дел од нешто поголемо

Ние ги охрабруваме нашите студенти активно да се вклучуваат во работата на универзитетот, па така, преку Студентскиот сојуз, можете да бидете дел од организацијата на разни културни настани, конференции, семинари, хуманитарни акции, студентски размени…

Професорите се Ваши колеги и пријатели

Нашиот професорски кадар е секогаш е позитивно, професионално и пријателски расположен за работа со студентите. Тие се секогаш достапни и студентот добива пристап до нивни податоци за контакт (телефон и меил) заедно со корисничката сметка на Е-учење.

ЕДИНИЦИ

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО

Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународниот Славјански Универзитет ви нуди можност да учите од најдобрите професионалци од областа на економијата и менаџментот. Ќе се стекнете со непроценливи знаења и вештини кои несомнено ќе ве направат економисти подготвени да се соочат со предизвиците на денешното живеење.

Нашите студиски програми за додипломски и последипломски студии опфаќаат голем број предмети кои се изучуваат на светски познати универзитети. Вежбите и работилниците кои ги вклучуваме како дополнителни активности на практичен начин им го приближуваат менаџерскиот свет на нашите студенти.

Предметите од областа на економијата ќе ви покажат дека сè се врти околу изборот – од одлуките кои ги правиме како поединци, до комплексните структури креирани од компаниите и владите.

Предметите од областа на менаџментот ќе ве научат колку е важен човечкиот фактор во структурата, обликот и културата на организациите. Исто така ќе научите дека менаџерот за да може правилно да ја работи својата работа ќе мора да научи да слуша и гледа повнимателно и подалеку од очигледното.

ФАКУЛТЕТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА

Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“- Свети Николе – Битола Ви нуди можност да учите од најдобрите професионалци од областа на психологијата. Ќе се стекнете со непроценливи знаења и вештини кои несомнено ќе ве направат психолози спремни да се соочат со предизвиците на денешното живеење.

Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“- Свети Николе – Битола Ви нуди не само теоретска подготовка, туку и практична настава која задолжително се реализира во текот на студиската година во сите институции во кои психолозите работат: во училишта, центри за ментално здравје, клиники, центри за социјална работа и многу други институции.

На факултетот исто така се организираат и многу семинари, работилници и настани со надворешни соработници и истакнати експерти од праксата, што е од непроценливо значење за нашите студенти, кои имаат единствена можност да учествуваат на нив.

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА

Факултетот за информатика кој е во состав на МСУ од 2011-та година е втор дом на бројни млади информатичари кои направија избор своите знаења да ги унапредуваат и надоградуваат на Славјански. Нашиот факултет нуди две насоки на додипломските студии по информатика. Студиите се со времетраење од три години (180 ЕКТС).

Во текот на студирањето, на студентите им се задаваат задачи (или помали проекти) од изучениот материјал кои треба да ги изработат самостојно и да ги презентираат на часовите. Токму самостојната работа на овие задачи открива на какви проблеми може да се наиде при креирање на компјутерски програми. Така, студентите заедно со професорот ги разгледуваат опциите зошто една програма функционира, а друга не. На овој начин нашите студенти побрзо го совладуваат предвидениот материјал и покажуваат добри резултати во студирањето.

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСНО ИНЖЕНЕРСТВО

Факултет за безбедносно инженерство е еден од помладите факултети на МСУ и нуди две насоки на додипломските и последипломските студии.

Факултетот како прв и единствен од ваков вид во Република Македонија овозможува едукација на стручни лица за безбедност и здравје при работа како и безбедност од пожари, со цел поефикасно и поуспешно имплементирање на европското законодавство, во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.

Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.

Безбедноста од пожар се однесува на заштитата во случај на пожар, инструментите и апаратите за безбедно гаснење, тактиката за интервенции и спасување, а пред се спречување на негово настанување.

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ

Ова е прв факултет за правни науки во државата со акредитирани програми согласно најновите измени на Законот за високо образование. Иако најмлад член на нашата фамилија факултети, факултетот за правни науки има е потпишано договори за соработка и пракса со Уставниот суд на Република Македонија, со Комората на извршители на Република Македонија и со Комората на нотари на Република Македонија, а во подготовка се договори за соработка со многу други државни институции.

Тој претставува факултет во кој работат квалитетни кадри по претпознатлива наставна програма надополнета со квалитетна клиничка настава, односно практично надополнување на теоретското знаење. Овде наставниот и соработничкиот кадар, составен од млади ентузијасти и искусни стручни работници, им стои на располагање на студентите во секое време.

БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС

Приватната самостојна високообразовна установа Висока стручна школа Бизнис академија Смилевски, повеќе од 10 години нуди високо образование во областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент за граѓаните од оваа општина.

Контакт информации:

Бизнис академија Смилевски – БАС

Седиште: Бул. Јане Сандански бр. 111/2, Скопје

Одделение за дисперзирани студии: ул. Херцег Нови бр.6, Битола

Телефон за контакт: Скопје – 02/2455-754 и Битола – 047/225-218

Интернет страница: www.bas.edu.mk

Контакт е-mail: bas@bas.edu.mk

Основни информации за БАС:

Бизнис академија Смилевски – БАС е приватна самостојна високообразовна установа Висока стручна школа која веќе 10 години нуди акредитирани професионални студии по Оперативен менаџмент на прв циклус на студии и Стратегиски менаџмент на втор циклус на студии.

Академијата е посветена на креирање на квалитетна средина за стекнување на знаења и развивање на вештини на студентите и интересентите од областа на професионалниот менаџмент. Академијата користи сопствена методологија на настава која овозможува голема интеракција помеѓу учесниците во наставниот процес, можност за искуствено учење, експериментирање и забрзано стекнување на компетенции за менаџерски позиции, како и можност за далечинско учење. Во склоп на тоа овозможува и практична примена на знаењето преку континуирана теренска студентска практика за редовните студенти преку која се влијае и врз можноста за вработување на истите студенти.

На академијата има можност за запишување на редовни, вонредни студенти, студенти со трансфер на кредити, студенти кои ќе студираат на далична и сл.

Информации за студиските програми:

Прв циклус на студии: ДИПЛОМИРАН ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР

Студиската програма на прв циклус на студии е по Оперативен менаџмент. Оваа програма е со тригодишно времетраење и по нејзиното завршување се стекнуваат 180 ЕКТС. Студентите кои ќе студираат на оваа студиска програма ќе се стекнат со професионални компетенции за менаџерски позиции од прво и второ ниво на менаџмент – супервизори/ надзорници, раководители. На оваа студиска програма се нудат посебни програмски модули за претприемачи, комерцијалисти, естрадни и спортски менаџери и деловни секретари.

Втор циклус на студии: МБА СПЕЦИЈАЛИСТ ПО СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Студиската програма на втор циклус на студии е по Стратегиски менаџмент. Овие студии се практично базирани интензивни едногодишни или двегодишни постдипломски студии со фокус на активно групно учење преку дискусии и размена на искуства од справувањето со стратешки организациски предизвици. Студентите кои ќе студираат на оваа студиска програма ќе се стекнат со менаџерски компетенции за водење на бизнис, компетенции за генерални и извршни менаџери. На оваа студиска програма се нудат посебни програмски модули за менаџерско консултантство, стратегиско водство, менаџмент на големи настани, менаџмент во културата, проектен менаџмент и менаџмент на човечки ресурси.

Култура

Грб на Општина Битола

Непрекинат златен фриз врз сина основа што ја симболизира богатата и длабока историја на Битола, централно поставениот црвено-златен штит и осончаните врвови на пелистерската молика и пелагониското златно класје се основните симболи на грбот на Општина Битола.

Сверичниот долен дел од грбот асоцира на белиот амфитеатар во Хераклеа

Сината боја го симболизира граѓанското општество и демократија

Црвената боја го симболизира животот и традицијата

Белата боја е метафора на моралната чистота и етика

Преку основната идеја на симболот на грбот, визуелно и хералдички се прикажани и доловени раскошните духовни и материјални добра на Општина Битола, дополнително засилени со чистата колоритна структура.

  • Тра ла ла – Интернационален музички фестивал кој традиционално се одржува во месец август веќе 19 години. Учествуваат солисти и вокални формации од околу 25 држави, поделени во возрасни категории од 6-26 години. Учесници од фестивалот Тра ла ла, 45 пати учествувале на реномирани Интернационални манифестации надвор од Македонија, достојно претставувајќи го нашиот град и нашата држава. Фестивалот Тра ла ла е член на Светската асоцијација на перфоманси и уметности, а наскоро ќе стане и член на Светската асоцијација на фестивали и уметности. Добитник е на многу признанија и награди, меѓу кои и Интернационалната плакета за мир и развој на културата.
    www.tralala.mk
  • ,,СИ ДО “ e интернационалниот детски музички фестивал, еден од најстарите и најреномираните детски фестивали со 21 годишна традиција и континуитет  во Р.Македонија и истиот претставува препознатлив бренд за градот Битола.  Дел од талентите кои произлегоа од ,, СИ ДО“ се познатите музички имиња како  Каролина Гочева,  Димитар Андоновски, Ламбе Алабаковски, Бојан Стојков , Анета Мицевска , Next Time и др. „СИ ДО“ е член на многу меѓународни организации преку кои се промовира и афирмира македонската детска песна, а тоа се докажува со бројните награди  и признанија. Цел на фестивалот е да се поттикни младата популација  за изучување на  музиката  преку што би се осознала нејзината значајност во општеството. Фестивалот има препознатлив карактер и квалитет и е еден меѓу првите фестивали со оригинална концепција   во  кој заземаат учество  деца интерпретатори од Р.Македонија и специјални гости.
  • Фестивалот познат како празник на музиката „Солстис“ претставува стара франкофонска традиција које е типична за франкофонските медитерански земји. Градот Битола долги години има тесна соработка со Р. Франција на културен план. На тој ден во Франција граѓаните и туристите излегуваат на улиците и плоштадите  каде преку песна, музика и забава го најавуваат доаѓањето на летото. Во Битола, фестивалот традиционално се организира на најамбиенталната улица Широк Сокак и на десетина импровизирани сцени настапуваат различни музички групи, хорови, домашни и странски уметници со различен жарн на музика, како класика, етно, рок, поп и друга музика. Фестивалот се одржува во месец јуни.
  • Битолско културно лето „Бит Фест“  Бит фест ја издвои Битола како град со најсериозна културна понуда во Р.Македонија во летниот период. Бит Фест е музичко-сценска манифестација во чија програма се застапени сите културни жанрови:  театар, балет, опера, класична музика, ликовни изложби, разни перформанси, фолклор, рок, поп, етно и џез концерти, литература, филм, разни работилници и др. Богатата културна понуда ја надополнува туристичката понуда на Општина Битола, што резултира со зголемен број на домашни и странски посетители. Од 2005 год е во целосна организација и финансиска поддршка на Општина Битола. Фестивалот се одржува во летните месеци јуни, јули и август.
    http://www.bitfest.mk   
  • Локум фест е фестивал на музиката и традицијата, кој се одржува во Битола од 2007 год во срцето на старата битолска чаршија. Силната порака и мисија на фестивалот е заживување на старата чаршија, културното наследство и традицијата преку модерната чалгија и македонските ракотворби презентирани во духот на традицијата. Локум фест се одржува во месец јули.
    http://lokumfest.mk
  • Интернационален Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ –Желбата да се зачува, а истовремено да се популаризира изворниот фолклор, ја наметнува потребата од организирање и одржување на традиционални фестивали. Се одржува секоја година спроти националниот празник на македонскиот народ 2-ри август- Денот на Илинденското востание. Фестивалот секогаш се одржува од 29 јули до 1 август. На него достојно се афирмираат народните песни и игри, не само на македонскиот народ и народности кои живеат во Македонија, туку и на народите од светот. Како меѓународна фолклорна манифестација предизвикува голем инерес и во другите земји, чии фолклорни друштва и групи досега имаат земено учество на него.
  • Традиционална средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија –  се прославува на 2-ри август на ден Илинден во чест на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија (северна Грција). Средбата ја претставува обединетоста  на децата бегалци од егејскиот дел  во селото Трново во дворот на црквата Успение на пресвета Богородица каде се слави со традиционали ора и песни и македонска храна.
  • Младински Арт фестивал – „Битола отворен град“ – Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности, креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина на Балканот. Фестивалот трае четири дена и се одржува кон крајот на месец Јуни. Програмата вклучува улични концерти, работилници, изложби, перформанси, видео проекции, јавни дискусии и голем музички хепенинг.
  • Фестивалот „Битола отворен град“ создава простор за промоција на граѓанскиот активизам, демократските вредности и интеркултурната соработка, служи како важна платформа за многумина уметници, млади луѓе и учесници од граѓански организации да ги искажат своите ставови за општествено релевантни теми преку културни активности.
    http://mkcbt.org.mk
  • Интернационален Фестивал на класична музика „Интерфест“- е основан во 1992 година од битолската пијанискта Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски. Во програмата на фестивалот опфатени се концерти од класична музика, музичко-сценски приредби, ликовни изложби, сценски и драмскии претстави како и поетски вечери каде чест да учествуваат имаат еминентни македонскии странски уметници. Фестивалот се одржува од 2 до 12 октомври.
    http://www.interfest.com.mk
  • Фестивал на современа уметност – „АTTUTIDE“ е фестивал кој обединува уметници од целиот свет со акцент на современата уметност како што се видео-арт изведувачите. Овој фестивал се одржува во месец октомври.
  • Интернационален фестивал „КАМЕРА 300“ – е фестивал на аматерски-непрофесионален краткометражен филм. Интернационалниот фестивал „Камера 300“ се одржува секоја година во месец ноември.
  • Фестивал на монодрама – се слави сценската уметност преку најобврзувачкиот актерски предизвик- монодрамата.
  • Фестивалот го има своето заслужено место на театарската мапа, не само во Битола и Македонија, туку и пошироко, како еден од најстарите фестивали во регионот. Се одржува во месец мај
  • Фестивал на музика од светот – Интернационален музички фестивал  кој со својот концепт, е репрезент на актуелностите во музиката од светот и случување кое токму поради звучните имиња се понагласено се наметнува како аниматор на вниманието на пошироката публика од регионот. Се одржува во месец ноември.

Публикации

Денот на Европа традиционално секоја година се чествува на 9 мај. На еден од плоштадите во Битола (на отворено) се поставуваат штандови, каде се претставуваат сите земји од Европската Унија преку традицијата, храната, музиката и симболите.

https://europa.eu/european-union/about-eu/symbols/europe-day_en

Светскиот ден на музеите –  е познат како Меѓународниот ден на музеите кој традиционално се прославува од 1977 година во месец мај. Овој ден е востановен од Меѓународниот совет на музеи (ИКОМ) , а прифатен е од 90 земји. Насекаде во светот влезот на музеите на овој ден е бесплатен.

  • Мал битолски Монмартр е традиционална меѓународна детска ликовна колонија од 1982 година, во организација на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола. Колонијата се одржува во Битола секоја година од 23 до 30 мај. На оваа манифестација учествуваат ликовни таленти од Европа и светот на возраст од 5 до 14 години. Учеството е по пат на конкурс (на слободна тема и ликовни техники), што се распишува на почетокот на септември, а трае до 20 февруари. Сите пристигнати творби на конкурсот ги разгледува и оценува меѓународно стручно жири, кое доделува повеќе вредни награди. Како придружна манифестација на Колонијата, секоја година во Битола се организира и меѓународна изложба, на која се поместуваат околу 1.500 најдобри творби на учесниците на конкурсот.

    www.smallmontmartreofbitola.com

  • 8 – ми септември Денот на независноста на Република Македонија – денот на независноста на Република Македонија се слави од 1991 година кога на тој ден македонскиот народ излезе на Референдум и на најдемократски начин ја изгласа својата независнот со мнозинство позитивни гласови, за самостојна и независна Република Македонија. Независноста на Република Македонија се прославува во целата држава со пригодна културно-уметничка програма.

  • Интернационален Фестивал на Филмска Камера „Браќа Манаки“ – Десет години по првата проекција во Гранд – кафе во Париз, браќата Јанаќи и Милтон Манаки со нивната сега веќе легендарна Камера 300, купена во Лондон од компанијата „Урбан“ од моделот „Биоскоп“ под сериски број 300, во 1905 година ги снимиле првите подвижни слики кои биле  направени на Балканот.

    Несомнено дека врз нивните подвижни слики, нивните уметнички творби, се надоврзаа основите на Македонската кинематографија, но браќата Манаки го трасираа и патот на балканската филмска историја.

    Фестивалот се роди во 1979 година благодарение на група филмски ентузијасти, основан во чест на делото  на браќата Манаки. Фестивалот денес има интернационален карактер, најстар во светот од ваков жарн, кој ја вреднува естетиката на филмската камера во обликувањето на кинематографското дело.

    Република македонија и Битола денес се дел од големото филмско семејство на Европа, место на кое се одржува вистинска презентација на актуелното светско филмско творештво.

    Фестивалот се одржува секоја година во месец септември.

    http://manaki.mk

4 – ти Ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Голем број културни манифестации го одбележуваат празнувањето на денот на Битола 4 – ти Ноември, со културна програма во траење од повеќе денови (спорт, литература, сценско – музички презентации, ликовни изложби, филм, свечена академија со доделување на 4-то ноемвриска награда).

Организиран дочек на Нова Година – е традиционална манифестација богата со музичка и детска театарска содржина. Програмата започнува со детска театарска програма во претпладневните часови на плоштадите во Битола, а дочекот на Новата Година се прославува со богата музичка програма во која настапуваат домашни и странски естрадни уметници.

Манифестации - Општина Битола
Манифестации во Општина Битола
МАНИФЕСТАЦИИ РЕАЛИЗАЦИЈА ПОКРОВИТЕЛ
Дочек на Нова Година Декември Општина Битола
Коледе 5-ти Јануари Општина Битола
Ден на планетата Земја Април Општина Битола
Денот на Европската Унија 9-ти Мај Општина Битола
Фестивал на монодрама Мај Општина Битола
Месец на пожарникарите Мај Општина Битола
Мал битолски монмартр Мај Општина Битола
Велигден Април-Мај Општина Битола
Битолско културно лето - Бит-фест Јуни-Јули-Август Општина Битола
Ден на културата 10-ти Јуни Општина Битола
Шекспир фестивал Јули Општина Битола
Илинденски денови Јули-Август Општина Битола
ИФФК Брака Манаки Септември Општина Битола
Камера 300 Октомври-Ноември Општина Битола
Интерфест Октомври Општина Битола
Графичко триенале Октомври Општина Битола
4-ти Ноември Ноември Општина Битола
Св. Нектариј Битолски Декември Општина Битола
Поддршка на млади таленти и самостојни уметници Во текот на цела година Општина Битола
Регионална соработка Во текот на цела година Општина Битола
Меѓународна соработка Во текот на цела година Општина Битола
Саеми (ЗЕЛС, ЕХПО и др) Во текот на цела година Општина Битола
Нови манифестации Во текот на цела година Општина Битола
  • Саат кулата е најпрепознатливиот споменик со кој се идентификува Битола. Според некои недоволно потврдени научни сознанија се смета дека Саат кулата е изградена во периодот на турското владеење, во 1830 година кога беше изградена и црквата Св.Димитриј. Се раскажува дека за време на градбата, во материјалот за врзување на камените блокови биле употребени 60.000 јајца, собрани од селските домаќинства од Битолско. Со тоа градителите сметале дека ѕидовите ќе бидат многу поцврсти. Изминативе неколку векови во целина ја оправдаа оваа нивна градителска мајсторија, што е уште еден доказ за архитектонската уметност дека убавото е и во вечното.
    Инаку Саат кулата е висока 33 метри, поставена на квадратна основа, со страници од по 5,8 м. Нaјгорниот дел е една мала купола која лежи на квадратно плато, заштитено со железна ограда, од каде се гледа прекрасна панорама, не само на градот туку и на пошироката околина. Градскиот часовник со својата висина, доминација во просторот и саатниот механизам, кој кога ги отчукува часовите емитува и популарна музика, го свртува вниманието и постојано работи за граѓаните, гледачите и слушателите кои имаат потреба некој да им го мери времето. Денес забрзаната динамика во која живее модерниот човек не може без оваа потреба, за што битолчани навремено и точно ги известува стариот и добар Градски саат.
  • Безистен – од повеќето битолски споменици на културата, Безистенот е еден од највредните и најсочуваните стари градби, со препознатливи архитектонско-естетски и други вредности. Порано Безистенот бил покриен ориенталски пазар, наменет главно за продажба и чување на скапоцена стока, текстил, пари и др. вредности. Немало патописец кој поминал низ Битола, а да не го спомне како бележита градба, а најчесто како место каде можело да се купи скапа срма, лен, памук, свила, злато. Импонирал со својата масивност, чии куполи од олово, можеле да се забележат од далеку. Имало вкупно 86 дуќани. Што се однесува до надворешноста на објектот, тој претставува базиликално решена лонгитудинална градба, со неправилна правоаголна форма.
    Безистенот не ќе бил она што бил, и она што е, ако не се има во предвид целокупниот архитектонски ансамбл што постоел околу него: нагоре и надолу, по Драгор имало стотина наредени ситни дуќанчиња, од кои секое претставувало еден посебен свет на трговската фантазија, правејќи го овој дел на Битола неповторлива урбана и архитектонска целина, која дишела со медитерански здив, во овој сончев предел на повеќе цивилизации.
  • Црквата “Св. Димитрија“ – новата црква “Св. Димитрија“е изградена во најстрогиот центар на градот во 1830 год. речиси под драматични околности. Самиот габарит на објектот за тоа најдобро зборува, како и релативно сиромашниот екстериер и архитектура, во однос на богатиот ентериер. За префинетата битолска градителска традиција и познатиот вкус за естетското на овдешните граѓани, очигледно една голема замисла на најдобрите мајстори не се остварила, барем не онаква каква што тие знаеле, умееле и граделе велелепни објекти по балканските престолнини. Затоа многубројните битолски занаетчии, не само христијани, туку и од друга вероисповед помагале црквата само за четири месеци да биде подигната. Причина за негаторскиот однос за нејзината градба биле локалните власти, кои не сакале да се изгради на овој простор голем христијански храм, повисок и побележит од околните нехристијански сакрални објекти. Оттаму се изнашол овој компромис за сметка на надворешноста да се направи импресивна внатрешност, високи сводови, бројни канделабри, чудесни полилеи и монументален раскошен олтар којшто подоцна бил изработен од прочуените македонски копаничари. Таквата определба му овозможила на овој познат наш храм необичен таинствен мир и атмосфера на возвишеност, што го прави и до денес свртилиште на бројните верници.
    Црквата е градена во форма на трибродна базилика, со странични галерии. Секој брод претставува засебен параклис. Има уште една причина внатрешноста на храмот да биде вистинско уметничко сокровиште што е доминација на прочуеното македонско резбарство, посебно од XVIII и XIX век. Посебно воодушевува иконостасот со своите монументални димензии. Забележливи се знаци на европскиот барок и рококо стилот.
    Како составен дел на оваа бележита градба на битолското архитектонско културно наследство е и новата камбанарија, изградена во 1936 год. Во 1999/2000 година во внатрешноста на црквата “Св.Димитрија“, се наиде на негибнат средновековен културен слој кој по старост на наодите се датира од X век. Тоа беше непобитен доказ дека еден дел од средновековна Битола е точно под темелите на денешна Битола.
  •    Црква “Пресвета Богородица“. Таа е уште еден од познатите битолски црковни храмови, изградена во 1870, а осветена во 1876 год. Црквата претставува трибродна базилика во поскромна форма. Во архитектонска смисла храмот нема некои особени посебности, бидејќи на него можат да се забележат повеќе стилови, карактеристична одлика на тогашниот еклектика, појава видена кај вакви објекти од минатиот век: траги од неокласицизам, барок, романтизам и сл. Овој храм е познат со својот иконостас и резба што можат да се видат на олтарот. Се смета дека го работеле мијачките мајстори. Во храмот можат да се видат повеќе убави икони од XIX и XX век на различни дарители. Најмногу дарувале битолските еснафи.
    Треба да се напомене дека во оваа црква на задниот дел од северниот брод е гробницата на митрополитот Григориј, во чие време е изградена Митрополијата, во 1901 г. во француски
    барокен стил), а блиску неа, кон северната страна, е погребан првиот Митрополит Преспанско-битолски г.Климент (Бабаче), кој умре во 1979 година.
  •    Црква “Св. Недела“. Се наоѓа на левата страна од северниот влез на Битола. Изградена е во 1863 год. Претставува трибродна базилика. Има иконостас којшто е изработен од дрво. Иконите се од поново време, од XX век. Како и кај другите цркви битолските еснафи најмногу помагале и за нивното внатрешно уредување. Куполата на црквата е насликана во 1864 год. по порачка на еснафот на битолските ќурчии.
    Во Битола има и други цркви, главно градени во поново време, коишто покрај основната намена за верски потреби, со своите градителски решенија, фреско-живописот, иконописот и копаничарската уметност, го збогатуваат културното наследство на градот.
  •    Исхак џамија. Во Битола има сакрални споменици на културата кои и припаѓаат и на исламската култура и  уметност. Долгото петвековно владеење на Турската империја имало влијание и на културниот живот на градот. Исхак џамијата по својата монументалност и убавина е една од најпознатите споменици од исламската култура во Битола. Изградена е во 1506 год.  како задужбина на кадијата Исхак Челеби, кој пред да дојде во Битола, кадиската функција ја вршел во Солун. По својата архитектонска препознатливост, надворешниот и внатрешниот изглед, хармоничноста на линиите, претставува усовршен брусански тип на џамија. Се смета дека оваа џамија припаѓа на класичниот османлиски стил на турското градителско наследство.
    Внатрешноста е богата со разнобојна орнаментика. На поголемите површини по ѕидовите се изведени медалјони во кои се испишани текстови со верски пораки од Коранот. Се знае дека и самиот Исхак Челеби е погребан до самата џамија.
  • Јени џамија (Нова џамија). Се наоѓа во централниот дел на градот, од десната страна на р. Драгор, наспроти Градскиот часовник. Изградена е во 1558/59 од Кади Махмуд- ефендија. Убавата декорација на ентериерот, како и употребата на фајанс околу главниот портал, претставува обид да се постигне највисок архитектонски уметнички дострел- привилегија каква имале само богатите и познати културни градови на Ориентот. Инаку фајансот потекнува од Изник- многу познат центар на т. н. “сино-бела“ керамика од XVI и XVII век. Ова зборува дека Битола за тоа време се сметала за многу развиена културна средина во која се што било модерно и скапо требало да биде присутно и во овој познат градски центар во средиштето на Балканот.
    Денес во Јени џамија која одамна не служи за верски обреди, се наоѓа уметничката  галерија на градот Битола. Во Галеријата, годишно, се одржуваат 20-30 ликовни изложби од најразличен вид: самостојни, групни, тематски, ретроспективни, студиски и сл. формиран е и посебен фонд на сопствени уметнички дела, добиени преку откуп, донаторство и слично, чиј број изнесува околу 800 експонати; речиси половина од нив ја сочинуваат графичката збирка, која е единствена во нашата земја.
  • Низ долговековното османлиско владеење со овие простори, во Битола останале и други сакрални објекти во ориенталското градителство. Дел од нив сведочат и за една посебна култура во која можат да се забележат меѓусебни дополнувања помеѓу Истокот и Западот.
  • Зандан-Куле. Овој споменик и денес му пркоси на времето како потсетување на некогашните бурни настани што се одиграле во овие краишта. Градено е во XVII век.  Има многу интересна градба, особено нејзината внатрешност. Служела за приватни цели, за заштита од напади или од крвна одмазда. Според пишаните извори може да се види дека нејзин сопственик бил муфтијата од Битола од 1628/29 година Хаџи Махмуд- ефендија. Тој овој објект го изградил во дворот на неговиот чифлик. Во неа се влегувало само со помош на подвижни скали. Приземјето се користело за женските членови на семејството. Имало и сутерен за намирници како и бунар за вода. Најубав бил катот кој служел за живеење. Под покривот има тесни окна пушкарници за одбрана од напаѓачи. Тука биле затворани востаници и затоа народот овој објект и денес го вика “Зандан- куле“.
  • Широк Сокак. “Ако сте биле во Битола, а не се прошетале низ Широк Сокак, како ништо да не сте виделе.“ За восхитот од оваа улица најпофални зборови изрекле уметниците, посебно поетите и композиторите, како и многубројните пејачи. Потребата најголемиот дел од градскиот јавен живот да се случува во центарот на градот, кој секогаш имал интензивен културно-забавен живот, барала во овој уличен простор да се изградат бројни репрезентативни згради.
    Битолските и пошироко македонските градители, со многу љубов и инвенција, успеале да направат спој меѓу разните европски стилови и домашната неисцрпна традиција. На таков начин се постигнати извонредно хармонични односи, складност на линиите, благородна едноставност, функционалност, изострено чувство за елеганција и вкус. На овој Сокак битолчани често пречекувале и испраќале разни луѓе: кралеви и цареви, султани и везири, владици и мисионери, циркузанти и безделници, и при тоа секогаш се чувствувал гордо што е негов овој крстопат меѓу Истокот и Западот.
    Токму таквите одлики и историски премрежја што го следеле овој неповторлив градителски подвиг, го направиле Широк Сокак заедничко место на светот и човекот , носејќи му епитет како еден од најбележитите споменици на културата во градот.
  • Старата Чаршија. Низ својата долга историја Битола била позната и како значаен трговски центар на овој дел од Балканот. За битолските трговци се знаело подалеку, како на Исток, така и на Запад.
    Чаршијата како еден од најзначајните витални делови на градот, со се она што значело економски живот на овдешниот граѓанин, играла многу значајна улога во неговиот просперитет низ вековите. Таа била не само составен дел на секојдневното живеење на не само овдешните жители, туку и преку неа опстојувал еден многу поширок регион, и поголема структура на луѓе: трговци, занаетчии, земјоделци, анџии, пренесувачи на стока и др. Старата Чаршија е еден од најзначајните белези на Битола и како културно- историски споменик. Таа ја следела својата судбина. Не била само место за трговија, туку овде се чувствувал здивот на времето, политиката и културата.
    Во оваа чаршија која во XVII век имало над 900 дуќани, за половината на XIX век да пораснат на неколку илјади, се тргувало со се и сешто, се разбира на “чесен збор“ и доверба. Или, како се прикажувало по балканските анови дека тука, во битолската чаршија “нема што нема“. Во врска со чаршискиот живот и воопшто “чаршиската клиентела“, сите тие луѓе имале свои навики и барања, ситни човечки слабости и желби, да се доживее, купи или понесе нешто од најградскиот град од овој дел од Империјата.
    Што се однесува за Чаршијата како урбан и архитектонски комплекс, со својата автохтоност и оригинални решенија, со сите неодминливи надворешни влијанија и спецификите на ориенталниот урбанизам и градителство, таа останува неповторлив пример на битолското културно наследство. Во својот речиси петвековен развој, во најголемиот свој процут (особено во текот на XIX век), имала над  2.000 дуќани и 30 функционално поделени делови, определени според стоката што се продавала. Во времето на Првата Светска Војна на Битолската чаршија и е зададен најтешкиот удар којшто никогаш повеќе не ја поврати некогашната слава и економска моќ.
  •    Хераклеа Линкестис – Античкиот град Хераклеа Линкестис крај Битола, е културна ризница на Балканот. Некогаш градот со истоименото име се наоѓал на падините на Баба крај Сива вода. Се претпоставува дека градот го основал древномакедонскиот владетел Филип II во 349 год. п.н.е. Не е исклучена можноста дека на тоа место некогаш постоела илирска населба зашто според името таа можела да биде формирана само од древно – македонските владетели.
    Со името Хераклеа се поврзува племето Линкести и нивната земја Линкестида, што го опфаќала просторот од Јужна Македонија. Се смета дека Линкестите дошле на тоа подрачје од југ, покорувајќи го домородното население Пелагонци. Градот ги имал сите материјални услови: пасишта, рамница за житарици, а бил опашан со ѕид, со бастиони, а на ридот постоела акропола со засебна тврдина, со бедеми сврзани за градскиот ѕид. Наспроти неа постоела некропола. Откопаната со многу мозаици голема базилика, припаѓала на периодот од доцната антика во рановизантиската епоха. Подрачјето околу Хераклеа Линкестис било значајно и по војната меѓу Филип II – ри и римјаните. Во неа градот е заземен од римјаните, кога и го доживува својот врвен процут.
    Тој стана еден од главните стратешки центри на Балканот. Тогаш римјаните го изградиле прочуениот пат од Драч преку Хераклеа Линкестис и Солун до Цариград во историјата познат како Виа Игнација. Со него Хераклеа Линкестис се претворила во важен стопански центар, а се развила и како општествен и културен центар, кој дури бил посетен и од римскиот император Нерон. Кон крајот на V век градот го нападнале Готите, а подоцна од рацете на римјаните прејде во рацете на византијците. Градот е уништен од силен земјотрес.
    Античкиот локалитет Хераклеја Линкестис-Битола, со решение бр. 1040 од 27.07.1950 година, прогласен е за споменик на културата од прва категорија, со исклучително и универзално значење.
    Со првите собирачи на старините во Хераклеја овластени со посебна дозвола од Султанот на Турција во XIX век, изразени преку дипломатските претставници во Битола, која во тој период претставува центар на Европска Турција, со право да вршат ископувања, а откриениот материјал да го откупат или едноставно однесат во својата земја, се и првите евидентирани податоци за истражувања во Хераклеја. Ваквите истражувања се повторуваат и во 40 години од XX век, кога се вршат сондажни истражувања на хераклејската акропола, под раководството на Антун Жегура, професор по латински јазик во битолската Гимназија и професорот Михајло Петрушевски. Од овој период се до 1975 година истражувањата во Хераклеја се вршат со екипи на Музејот на кнез Павле од Белград, а покасно со екипи од Југословенскиот институт за заштита на спомениците на културата Белград во соработка со веќе формираниот Одбор за Хераклеја Битола.
    Од 1975 година, со натамошните систематски истражувања работи и раководи самостојна стручна екипа од Заводот за заштита на спомениците на културата Битола. Античкиот локалитет Хераклеја, зафаќа површина од околу 4 хектари, од кои 1300 м2 мозаични површини. Истражени се и презентирани следните градби :
    • портик на судница од римско време (II в.н.е.)
    • терма од римско време (II в.н.е.)
    • театар римско време    (II в.н.е.)
    • епископска резиденција од ранохристијанското време (IV до VI век)
    • мала базилика од ранохристијанското време (IV до VI век)
    • голема базилика од ранохристијанското време (IV до VI век)
    • градска чешма од времето на Јустинијан (562)
    Со грижата, негувањето, чувањето, презентирањето, систематското археолошко истражување, континуираната заштита, конзервацијата на архитектурата и ревитализацијата на Римскиот театар, оживувањето на Хераклејските вечери, богатиот пропаганден материјал, нејзината посетеност со бројки кои достигнуваат над 50000 посетители, Хераклеја се вбројува меѓу ретките музеи на отворено. Богатиот археолошки материјал од досегашните истражувања како репрезент на античкиот период од ова поднебје во најголема мера презентиран е во археолошката поставка на Битолскиот музеј како и во археолошката поставка во самиот локалитет Хераклеја.
    Во простор од околу 50 м2 изложени се материјал и предмети од I век п.н.е. до VI век .н.е. Изложени се предмети од ќерамика, метал и стакло. Најзастапени се монетите, накитот, предмети за секојдневна употреба и бронзена пластика. Централно место во оваа музејска поставка зазема макетата на Римскиот театар која тродимензионално ја дава сликата на целосното истражување на театарот до неговата конзервација и ревитализација. Изработената макета претставува своевиден документ, сведоштво за љубовта и приврзаноста на археологот Др. Томе Јанакиевски кон Римскиот театар, неговите напори од почетните истражувања до конзервацијата и ревитализацијата на објектот.
  •    Спомен соба на Мустафа Кемал Ататурк – Првите музејски презентирања во Битолскиот музеј на познатиот државник, таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, датираат од 1978 година, кога е отворена првата изложба на фотографии, документи и факсмили, кои го прикажуваа животот и дејноста на големиот реформатор на Турција, кој во 1899 година завршил средно воено училиште (Мектеби аскери идади) сместено во денешната зграда на Битолскиот музеј, Старата битолска касарна.
    Во 1994 година, на простор од 40 м2, со постоечките материјали обогатени со одредени предметикопии сместени во две прикладни витрини и спомен биста за Кемал Ататурк, за прв пат е поставена музејската поставка.
    Во 1998 година, со договорениот инвестициски зафат меѓу владите на Република Македонија и Република Турција, се адаптира простор од околу 120 м2, во кој Битолскиот музеј со свој кадар и соодветен кадар од Република Турција ја поставија денешната музејска поставка во која е претставен Кемал Ататурк. Оваа поставка свечено ја отворија на 3 октомври 1998 година тогашните престедатели на Република Македонија, Киро Глигоров и на Република Турција, Сулејман Демирел.
  • Ентериер на градска соба – На простор од 30 м2 во дел од јужното крило од објектот, како издвоен адаптиран простор, презентиран е дел од материјалот за уметничкото и ѕидно декорирање во ентериерите на битолските куќи од почетокот на XX век. Покрај основната цел да го прикажеме амбиентот на декорот во битолските куќи, направена е реконструкција на ентериерот на градска соба, колоритот на бордурата, розетата, аголните декоративни елементи и картушите. Всушност, оваа поставка го прикажува амбиентот на битолската градска куќа од периодот на националната преродба, во сите сфери од растежот и живеењето на младата македонска буржоазија и интелегенција чии врски со западно европските и балканските земји донесоа нов сензибилитет и естетика во начинот на живеење, градење, облекување, декорирање и размислување.
  • Спомен музеј на Гоце Делчев – Спомен – музејот посветен на великанот на Македонското ослободително движење се наоѓа на ул. “Стевче Патако“ бр. 11 – Битола. Отворањето на овој музеј е иницирано по повод престојот на Гоце Делчев во Битола во 1901 год. во овој објект. Главната негова цел при овој престој му беше да се сретне со неговиот сакан другар и соработник Даме Груев, основоположникот на ТМОРО, кој во овој период се наоѓаше во Битолскиот централен затвор. Поставката содржи две изложбени простории со вкупна површина од околу 37 м2 , од кои во првата просторија е сместена содржина “За животот и револуционерната дејност, на првоапостолот на македонското ослободително дело”. Во оваа просторија како континуитет на Гоцевата револуционерна дејност со бројни документи и фотографии прикажана е состојбата и настаните во Битолскиот револуционерен округ. Од бројните поместени експонати во оваа поставка значајно место зазема револверот подарен од Гоце Делчев на Михаил Ракиџиев, сопственик на куќата и член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ.
    Во оваа поставка изложен е и оригинален експонат од 1905 година, (вез од ситни мониста во разни бои со претстава на еленче што пие вода), кое е посветено и подарено на Михаил Ракиџиев од затворениците кои за иста цел се наоѓаа со него во Битолскиот централен  затвор.
    Во составот на поставката, во соодветна просторија, поставена е витрина со симболите на револуционерната заклетва на Организацијата како и оружје од Илинденскиот период.
    Како составен дел на оваа музејска поставка, во собата во која престојувал Гоце Делчев и во која се одржувале состаноците, задржан е ентериерот со амбиентот во оригинална состојба. Исто така во оваа соба, за да се наслика автентичноста на времето, поместени се материјали од тие години. Во 1987/88, по извршената темелна реконструкција на објектот и изработениот елаборат, по повод 85 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, на 4 мај 1988 година свечено беше промовирана постојаната музејска поставка.
  • Меморијален музеј Смилево – По повод 100 годишнината од Илинденското востание, со Одлука на Министерството за култура на Република Македонија, во 2003/4 година, изграден е Меморијален музеј во с. Смилево.
    На Музејот од Битола му беше доверена задача да изготви елаборат за постојаната музејска поставка од меморијален карактер. На простор од 130 м2, е реализирана музејска поставка која ги содржи следните тематски целини:
  1. Меморијална соба за Смилевскиот конгрес 1903 година
  2. Смилево во Илинденското востание
  3. Спомен соба за животот и револуционерната дејност на Даме Груев
  4. Спомен соба за Партизанскиот одред “Даме Груев”
  5. Етнолошка соба за Смилево
  • Во Конгресната сала, преку уводен текст посетителот се запознава со содржината и значењето на Смилево, со над 35 фотографии од кои 27 од учесниците на Конгресот, а останатите се од чети.
    Со 20-на документи претставени се протоколите од заседанијата на Конгресот, фрагменти од Дисциплинскиот востанички устав, портрети од членовите на Главниот штаб, копија од знамето на II (Битолски) револуционерен округ. Во една витрина изложени се два раритетни оригинални предмети: револверот на Смилевскиот војвода Веле Илиев Пенчо и бомба изработена во една од леарниците што постоеле во тоа време во с. Смилево. Овој простор е уреден како конгресна соба.
    Како посебна целина во овој простор прикажано е Смилево во портрети на неколку смилевски војводи, како и фотодокументи за контраофанзивата и последиците од тоа во селото. Поместени се и две витрини во кои е изложен материјал, оружје од Илинденскиот период.
    Спомен собата за Даме Груев содржи преку 30-на фотографии, 14 документи од кои некои се изложуваат за прв пат, како што е записникот од судењето на Даме Груев, писма од архивата на Даме и др. Во овој простор поместена е витрина со фонд на книги кои се однесуваат на историјатот на Смилево и за животот и делото на Даме Груев.
    Спомен собата посветена на Битолскопреспанскиот одред “Даме Груев”, е со акцент на неговата прва воена акција изведена на 2 август 1942 година, во селото Смилево. Целта на оваа акција беше спречување на бугарскиот окупатор да одржи митинг во с.Смилево. Во овој простор од 20-на м2 поместени се 50 фотографии и документи преку кои се следи равојот на револуционерната дејност во с. Смилево во периодот меѓу двете светски војни, при што се претставени револуционери од самото село и тој крај, економската моќна селото, со завршница за развојот и воената дејност на Партизанскиот одред “Даме Груев”. Во 3 витрини изложено е партизанско оружје и воени материјали.
    Во етнолошката соба презентиран е материјал од материјалната култура во Смилево, истакнат преку народната носија и тоа: невестинска, носија за постара жена и машка носија. Народната носија по своите карактеристики припаѓа на мијачкодебарската носија и се вбројува во најкарактеристичните народни носии. Како друг сегмент во презентирањето, претставена е функционалноста на куќата преку вградена мусандра, огниште, софра, ковчег, кои биле во функција. Презентираните предмети потекнуваат од Смилево.
       Спомен куќа на Стив Наумов – Родната куќа на народниот херој Стеван Наумов Стив се наоѓа на ул. “Пецо Божиновски” бр.11 Битола. Во првите активности на Народниот музеј Битола, поточно на 4 јули 1961 година, а по повод Денот на борецот, отворена е за прв пат постојаната музејска поставка, откако објектот е реконструиран и адаптиран за ваква намена.
    Во 1977 година објектот е повторно реконструиран и адаптиран со тоа што беа овозможени услови за нова презентација на ликот животот и делото на Стеван Наумов Стив, кој во периодот на Народноослободителната и антифашистичка војна на македонскиот народ како секретар на КПЈ-КПМ за Битола со својата револуционерна дејност уште во тој период прерасна во легендарна личност. Самата поставка е поставена на простор од околу 150м2 во приземје и спрат. Истата, во 2002 година, по трет пат е обновена со содржина од нови експонати.
    Во приземниот дел во најголема мера прикажана е покуќнината и предметите за секојдневна употреба на семејството Наумови. На горниот кат од објектот кој завзема простор од околу 80 м2 во 4 посебни целини, презентирани се документи и предмети што го следат животот и делото на херојот од неговото најрано детство (фотографии, документи, предмети тесно поврзани со животот на неговото пошироко семејство), за во втората целина-простор да биде прикажана неговата револуционерна активност, неговото загинување на 12 септември 1942 година заедно со неговиот соборец и другар народниот херој Мите Богоевски. Историскиот дел завршува со приказ на победата над фашизмот и сé она што за херојот, за неговото име и во негова чест, е напишано и изградено како спомен.
    Во третата целина во простор од 18 м2 уредена е гостинска, приемна соба за свечености-визити, со оригинални и откупени предмети од тој период што даваат приказ на средно имотлива фамилија од тој период, со еден фонд на урамени фамилијарни фотографии.
    Завршница на целокупната поставка е преуредениот затворен ходник во кој се поместени три уметнички ликовни дела со димензии од над 3х4м од ликовниот уметник и учесник во НОАВМ, Тоде Ивановски. Во нив авторот го прикажува револуционерниот пат на Стив, и тоа формирањето на Првиот партизански одред “Пелистер”, убиството на злогласниот полициски начелник Ќурчиев, и средбата на Стив и Мите пред загинувањето. Во истиот ходник поставена е и макета која тродимензионално и со одредени светлосни ефекти го прикажува нападот на Партизанскиот одред “Даме Груев” на полициската станица-участок во с. Кажани под раководство на Стеван Наумов-Стив. На посебно пано се прикажани и народните херои од Битола и Битолско.
  • Музејска поставка за Еврејски етнос – Музејската поставка за еврејскиот етнос во Битола поставена е во една од просториите во порталот на Еврејските гробишта во Битола. Со свеченото отворање Музејот од Битола даде придонес кон одбележувањето на 500 годишнината од прогонувањето на Евреите во XV век од Шпанија и Португалија и нивното доселување на Балканот и во Битола.
    Самата поставка својата содржина ја темели низ фотодокументи, копии и друг пишуван материјал што го прикажува еврејскиот етнос кој 500 години живее заеднички со македонското население. Во најголем број фото материјалот изложен во оваа поставка потекнува од крајот на XIX и почетокот на XX век. Презентирани се повеќе фамилијарни фотографии од видни еврејски семејства, фолклорни, спортски друштва, поединци рабини, занаетчии. Во рамките на поставката се презентираните материјали за нивното учество во НОАВМ и геноцидот спроведен врз нив на 11 март 1943 година од страна на фашистичките окупаторски воени сили и нивната идеологија.
Институции
НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА

ГРАНДИОЗНИТЕ ТЕАТРИ ЈА ПИШУВААТ НАШАТА ИСТОРИЈА …….

Првата театарска зграда е изградена по наредба на битолскиот валија Абудл Керим – паша

Нејзината изградба трае долго, од 1897 година, кога се поставени темелите се до 1906, односно 1908/1909 година, кога најпосле е завршена и сцената. Зградата е користена за сите видови приредби, од  естрадни и циркуски до театарски. Првиот професионален театарски ансамбл во неа работи од 1910 до 1912 година, кога пожарот целосно ја уништува.

Од крајот на 1913 до 1915 година во Битола функционира Градски театар, професионална трупа составена од некогашните патувачки актери, кои претставите ги играат на српски јазик.

До почетокот на Втората светска војна во Битола се активни уште неколку театарски трупи, коишто претставите ги изведуваат на српски јазик, додека скопскиот Народен театар          „Краљ Александар Први“ постојано и задолжително гостува со речиси сиот свој репертоар. Оттука, театарскиот живот во Битола се одвива исклучително интензивно.

За време на Втората светска војна во Битола перманентно работи бугарскиот театар (најпрвин како полупрофесионален, а од 1943 година како професионален). Истовремено, во градот функционираат и повеќе аматерски и полупрофесионални дружини, организирани по училиштата.

Битолскиот народен театар е основан на 14 ноември 1944 година, со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“ , прва  театарска претстава изведена на македонски јазик.  Првите членови и основачи на Битолскиот  театар се : Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски,Славче Матевски,  Георги Карев  и Јован Бејко.

Од 1980 година театарот работи во нов, исклучително функционален објект, кој на ансамблот му овозможува најдобри технолошки услови за работа. Театарската ложа располага со 418 седишта, современа сцена и сценска техника, работилници, гримиорни и помошни простории.
Народниот театар – Битола , во својата долгогодишна успешна работа  добитник е на голем број награди и признанија како: „11 Октомври“, „Климент Охридски“, „4 Ноември“, Стерини награди, Златни ловорови венци,  „Војдан Чернодрински“ и др.

Учесник е на многу театарски фестивали и манифестации во земјава и надвор од неа како: „Стерино позорје – Нови сад“, „МЕС – Сараево“, „Театарски игри Војдан Чернодрински – Прилеп“, „Охридско лето“, „МОТ –  Скопје“, „Екран театар-фест“, „Дубровнички летни игри“, „ЕУРОКАЗ – Загреб“, „Саем на театарот – Љубљана“, „Алтернативе театар – Подгорица“, „Град – театар – Будва“, „Фестивал на детето – Шибеник“ и др.

Гостувал во многу градови во земјава и странство како во: Москва, Ташкент, Кишињев, Вроцлав, Софија, Плевен, Благоевград, Корча, Лондон, Израел, Санкт Петербург, Торонто итн.

Битолскиот народен театар ја раситнува осмата денеција со активна театарска креативност.

НУ „ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА“ БИТОЛА

Културата и уметноста се знак на распознавање на секое општество, и затоа претставува  моќен производ за презентирање на културните вредности.

НУ „Центар за Култура“ – Битола, е основан во 1980 год со тенденција и програма за развој и промоција на културно-уметничката, филмската и драмската уметност.

Самото создавање вистински услови за слободно уметничко творештво, со поттикнување на културните процеси како и почитување на културните традиции се основа за културен развој и презентирање на вредностите на заедницата.

Битола, своите почетоци на развој на културната цивилизација ги влечи многу оддамнина, почнувајќи од средината на IV век пред н.е.  Театарот на  античкиот локалитет Хераклеја, е вечен историски доказ каде се играле пресудни улоги во издигањето и создавањето на културните процеси на почитување на културните традиции за културен развој и презентирање на вредностите на заедниците.

Битола како лулка на цивилизацијата и град со инзвонредно културно-уметничко наследство и најмоќен духовен центар на многу народи, претставува богато поле на повеќеслојни цивилизации кои оставиле траги од културите што поминале и напишале вредности.

Центарот за култура, како јавна установа, која постои повеќе од триесетина години, создава услови за континуиран непречен развој и поддршка на граѓанските културни иницијативи, во интерес на потребите на заедницата и локалната самоуправа, осознавајчи го своето духовно и културно богатство.

Покрај традиционалната постоечка форма на дејности и целни групи што се опфатени, тоа неминовно  бара и создавање на услови Центарот за култура да ги отвори вратите за задоволување на културните потреби на младата генерација, како основен генератор на сите позитивни промени.

Незаобиколна форма на дејност во Центарот е  и поддршката на аматеризмот и неговото интензивирање, како една од методите за развивање на севкупната сопствена креативност и инвентивност во начинот на презентирање на културните вредности,традиции и обичаии..

Центарот за култура е потполно отворен за меѓународна културна соработка со културни орагнизации кои би подготвувале заеднички проекти за работа на прекугранична соработка со цел спроведување на културните и уметничките активности во делот на вмержување, размена на идеи, информации и мобилност.

НУУБ  Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – БИТОЛА

Со решение на Градскиот народен одбор на ден  25.03.1945 год, во срцето на старото градско јадро во градот на конзулите е основана најстарата библиотека во Република Македонија,  НУУБ Св. „Климент Охридски“ – Битола.

Нејзините почетоци со книжен фонд биле сиромашни и туѓи. Првите 300 книги кои биле затекнати, биле книги на бугарски јазик, а останатиот дел биле подарени книги од  организации, установи и приватни лица.  Административниот персонал се состоел од два службеника и еден прислужник. Банкарските службеници и службениците од фабриката за кожа во библиотеката работеле како благајници или помошни книжари.

Во своето седумдесетгодишно постоење Библиотеката променила повеќе простории и локации во Битола. Била сместувана во просториите на поранешен хотел „Турист“, во зградата на ОУ Св. „Климент Охридски“, денешно ОУ „Гоце Делчев“, во просториите на поранешниот ресторан „Ројал“ на Ул. Маршал Тито бр. 89 (1954-1974). Од 1974 год библиотеката е адаптирана во хируршкото одделение на старата битолска болница, а од 1982 год, библиотеката се проширува во ново изградениот современ обликуван простор кој се наоѓа на Ул. Пеце Матичевски (Ленинова) бр.39.

НУУБ Св. „Климент Охридски“ – Битола, составена е од стар дел изграден на КП бр.7769/1, која зграда е одредена за споменик на култура со Решение бр. 266 од 30.03.1978 година од Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и музеј Битола и влегува во состав на зона „А” од заштитеното градско јадро, како и во состав на амбиенталната целина на улица Пеце Матичевски (Ленинова). За новиот дел од зградата, со спогодба за давање на користење градежно земјиште бр.12-5996 од 18.11.1981 година, Општина Битола на Матичната библиотека и дава на користење земјиште што претставува дел од КП.бр.7769/1 со површина од 2105 м2 КО Битола, за доградување на библиотека. Со добивањето на целата потребна документација за градба на новиот објект и по одобрениот проект од 02.09.1983 година, се изгради новиот дел на Библиотеката кои денес заедно со стариот објект претставуваат неразделна целина.

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”- Битола е современа културна институција со книжен фонд од околу 600.000 книги и бројни списанија, со тенденција за перманентно зголемување.

Де­нес библиотеката претставува со­вре­ме­на и мо­дер­на ин­сти­ту­ци­ја ко­ја оп­фа­ќа 3.000 ква­драт­ни ме­три по­вр­ши­на, од ко­ја  по­ло­ви­на е на­ме­не­та за чи­та­те­ли­те. Нејзина позитивна и афирмативна карактеристика е издавачката и библиотечната дејност.  Библиотеката се стреми да стане вистинска виртуелна библиотека, да навлезе во сè повисокиот степен на задоволување на научно-истражувачките и образовните потреби на крајниот корисник, без тој да се грижи од каде и како пристигнала бараната информација, што е возможно само со натамошен развој на современото автоматизирано библиотечно работење.

Составена е од два функционално поврзани објекти кои претставуваат една целина. Новиот простор опфаќа 500 метри квадратни и претставува современ и функционален простор наменет за корисниците на услугите на Библиотеката и читателите.

Програмата на Националната установа – Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ – Битола се темели на реални и остварливи параметри.

ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ БИТОЛА

Битола е град со огромно културно наследство, речиси од сите сфери на човековото духовно битисување. Во неговиот потесен и поширок простор има мноштво споменици на културата, природни реткости, музејски и галериски експонати со високи уметнички, историски и други вредности, скоро од сите периоди на опстанокот човечки: неолитот, енеолитот, бронзеното време, железното време, антиката, средниот век, деветнаесеттиот век, па до најново време.
Најзначајната институција во градот која се грижи за заштита, чување, презентација и проучување на ова богатство е Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости, Музеј и Галерија. Овој Завод е формиран од страна на тогашното Собрание на општината – Битола, во 1975 година. Подоцна, кон него се приклучуваат постојните организации: Народниот музеј, Хераклеја, Уметничката галерија и Магазата (мултимедијален простор) со тоа што е проширена неговата дејност и со заштитата и презентацијата на природните реткости од ова подрачје. На таков начин е овозможена негова целосна организациона, просторна и кадровска физиономираност.
Седиштето на Заводот е во импозантната зграда на Старата битолска касарна, изградена во 1848 година за воена гимназија. Потоа, прераснува во Воена академија – харибие, се до 1909 година. Следувала нова промена. Неколку години до Балаканските војни во зградата било сместено Средно воено училиште – идадие. За она време, низ овие школи поминале како питомци или професори повеќе познати личности на Турската империја. Еден од питомците на Академијата бил и Кемал Ататурк.
По сите историски и политички промени, што се случиле по 1913 година, дошол на ред и овој објект. Имено, оттогаш, па се до 1974 година, зградата била користена за воени цели: сместување на војска, магацински простор и слично, односно таа била една од познатите битолски касарни, со површина од над 5.000 м2. Се наоѓа на историското јадро на градот Битола, како еден од централните градски организми, со својство на културно-историски споменик којшто поседува бележити архитектонско-уметнички вредности. Како градба, објектот е единствен во нашата земја по архитектонското решение, кое претставува синтеза на западно-европското и ориенталското градителско мајсторство. Едноставниот и смирен неоренесансен стил најдобро се гледа на фасадниот дел и внатрешната функционална решеност за користење на просторот. Станува збор за едноорганска архитектура во која покрај другото има интересни градителски решенија. Тука е и пациото, кое некогаш служело за воени потреби. Заедно со другиот ентериер, истото, се повеќе се користи за голем број културни содржини.
Целиот тој специфичен печат на неговата индивидуалност и градителски белег на објектот, ја оправдува определбата, токму во него, да биде сместен Заводот, како една од водечките културни институции на Битола.
Денес во Завод и музеј успешно делуваат повеќе организациони единици. Археолошки, Етнолошки и Историски оддел. Натаму, следуваат: Оддел за историја на уметноста; Оддел за природни реткости; Конзерваторско-реставраторска работилница, како и други организациони единици што се во функција на квалитетен и модерен систем на работа. За нивно успешно делување обезбеден е и висок стандард на просторна опременост на корисна површина од околу 2.300 м2. Во надлежност на овој Завод има и други историски објекти и знаменитости: две спомен-куќи, две спомен-соби, како и голем број на заштитени со Закон поединечни, вредни, стари згради, архитектонски ансамбли, градежни, култни места, меморијални комплекси, спомен-обележја и други споменици на културата.
Со основањето на Музејот во 1934 год. формирана е и библиотека во чии рамки досега е собран библиотечен фонд од 11.300 книги и тоа: периодики, списанија, весници, легати, видео и аудио материјали, ретки ракописи и старо печатени верски книги на црковно-словенски, старогрчки, арапски, турски, латински, германски и српски јазик.
Заводот и музеј, покрај основната дејност, во секојдневната работа, организира или помага да се одржуваат, во своите простори, разни културни манифестации: концерти, изложби, театарски и филмски претстави, фестивали и други приредби и слично (Битолско културно лето, “Бит-фест“,  “Интерфест” и др.), со што дава сопствен придонес во богатата културна понуда на Битола.

ЗООЛОШКА ГРАДИНА БИТОЛА

На вкупна површина од околу 2 хектари квадратни, во 1951 година на познатото битолско брдо „Тумбе – Кафе“ од страна на група ентузијасти и љубители на животинскиот и растителниот свет беа поставени темелите на втората Зоолошка Градина во Република Македонија. Со својата местоположба, уникатност, специфичност и афтентичност, Зоолошката Градина во Битола претставува импресивно забавно катче за љубителите на животините.

Во текот на своето постоење, Зоолошката Градина ја следи својата мисија да го зачува постоечкиот национален и интернационален животински и растителен биодиверзитет, преку негова презентација, одгледување и конзервација.

Наметнато од потребата за константно прилагодување на средината што се менува, Зоолошката Градина низ годините што поминале, неретко го менувала својот изглед, содржини или услуги што ги нуди. Во тој процес на промени, ЗOO Битола секогаш останала верна и доследна на својата цел, односно преку добробитта на животните кои ги чува и негува, да даде придонес кон зачувувањето на биодиверзитетот, но и да ги задоволи потребите на своите посетители.

Една од најголемите промени во целокупното реаботење на Зоо Битола се случи во текот на 2011 година. Имено, за прв пат во историјата на работењето на оваа институција беше изработена техничка документација за нејзина комплетна реконструкција. Со ова, во суштина беше започнат процес кој целосно ќе го промени ликот на оваа институција. Техничката документација предвидува нови 26 живеалишта и останата комплементарна инфраструктура: едукативен центар, пешачки патеки, видиковец, детски парк, ресторан, сервисна зона.

Техничката документација е во целосна согласност со строгите барања на Европската Унија во делот на чувањето на диви животни во заробеништво (Council Directive 1999/22/EC of 29 March 1999 on the keeping of wild animals in zoos), но и со барањата на Европската Асоцијација на Зоолошки Градини и Аквариуми (ЕАЗА), како најрелевантна институција на европско тло од овој вид.

Покрај техничката документација, за прв пат во историјата на постоењето на Зоо Битола изработена е Едукативна програма за маркетинг и промоција на Градината, која преку двегодишен акциски план треба да го зголеми бројот на посетители на Зоо Битола и да и ја подобри комуникацијата со надворешни сродни институции.

Во текот на 2011 година, Зоо Битола поднесе апликација за членство во ЕАЗА. Благодарение на претходно превземените активности, на последната седница на Советот на ЕАЗА одржана на 26 април 2012 во Минхен, Германија со консензус беше донесена одлука на Зоо Битола да и се додели статус “Зоолошка Градина – кандидат за член во фаза на реконструкција”.

Битолската Зоолошката Градина е сместена е во прекрасна природа на падините на Тумбе Кафе и заради карактеристиките на својот терен, Градината има оригинален и нетипичен “ридско – планински” изглед.

Со  вкупна површина од околу 2 хектари квадратни, бројка што според модерните светски стандарди ја сместува во категоријата на мали зоолошки градини.

Зоо Битола има матично стадо составено од повеќе од 30 различни видови на животни, со повеќе од 400 нивни претставници.

Традиционало од 2011 год, во Зоолошката градина се одржува културна-забавна манифестација „Дедо Мраз во Зоолошка градина“ каде најмладите имаат прилка да учествуваат во богатите наградни игри и да се фотографираат со Дедо Мраз.

Во Зоолошката Градина работат вкупно 14 вработени кои се задолжени за секојдневна грижа, одгледување, нега односно севкупно подобрување на “престојот” на животните-резиденти.

Зоолошката Градина работи под надлежност на Советот на Општина Битола.

Scroll to Top