Општина Битола

Општински Органи

Општински органи на општина Битола

Примариус д-р Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола

Д-р Тони Коњановски роден е на 28.01.1962 година во Битола.
Основно училиште и гимназија завршува во Битола во генерацијата 1979/80 година. Високото образование го започнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград во генерацијата 1981/82 година, а го продолжува на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје, каде и дипломира.
Својот професионален ангажман го започнува во ЈЗУ Здравствен дом во Ресен, каде од 1992 година, па се до 2000 година работи како лекар во Службата за итна медицинска помош и домашно лекување. Во периодот 1997-2000 година, д-р Коњановски е именуван за прв човек на оваа служба. Од 2000 година се префрла во тогашниот Завод за здравствена заштита, денес ЈЗУ „Центар за јавно здравје“.

Д-р Тони Коњановски во континуитет работи во оваа институција на различни позиции. Во 2000 година ја започнува специјализацијата по епидемиологија на Институтот за Епидемиологија при Медицинскиот Факултет во Скопје. По специјализирањето, раководи со отсекот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во составот на Одделението за Епидемиологија при ЈЗУ ЗЗЗ Битола. Во текот на раководењето со овој отсек го осовременува, воведува нови методи и стандарди во работата, такашто сега со право може да се каже дека отсекот за ДДД е лидер во регионот и на високо место во Државава според обемот, квалитетот и стандардите во својата дејност.

Во 2007 година д-р Тони Коњановски е назначен за стручен раководител на ЈЗУ “Центар за јавно здравје” Битола, а од октомври 2016 година до август 2017 ја извршува функцијата директор на оваа институција.
Во долгогодишниот работен ангажман д-р Коњановски постојано работи и на сопственото стручно, но и менаџерско едуцирање, успешно ги завршува двете обуки за менаџери и директори во Јавните здравствени организации, организирани од Министерството за здравство, по што се стекнува со сертификат од оваа област. Членува во повеќе комисии и работни групи меѓу кои:

– член на Комисијата за анализа и подготвување на рамковен закон за безбедност на храна,
– член на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со средно и високо стручно образование од 2007 година,
– член на претседателство на Здружението на епидемиолози,
– член на Македонското здружение за контрола на интрахоспитални инфекции,
– член на Комисијата за контрола и превенција на интрахоспитални инфекции во повеќе ЈЗУ од регионот кој го покрива ЈЗУ – ЦЈЗ Битола,
– член на Лигата за борба против ракот,
– едукатор од областа на епидемиологија, хигиена и заштита на животна средина.

Д-р Тони Коњановски поседува Сертификат за активно учество во воведување на систем за квалитет во лабораториите за санитарна микробиологија и санитарна хемија ISO 17025 како и систем за управување со квалитет во работењето ISO 9001. Зад себе има бројни учества на меѓународни и домашни конгреси и работилници, како и медиумско покривање, едукации и трибини од областа на јавното здравство.
Д-р Тони Коњановски во 2014 година се стекнува со стручно звање примариус.

Од 10.11.2021 Д-р Тони Коњановски е Градоначалник на општина Битола.

Надлежности врз основа на Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ” бр. 05/02), и Статут на Општина Битола донесен на 18.07.2005 година – на сила

Врз основа на член 7 и 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на
РМ” бр. 05/02), Советот на Општината Битола на седницата одржана на 18.07.2005 г. донесе
Статут на Општина Битола. Согласно истиот од член 54 – член 60:

Градоначалник на Општината

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

– ја претставува и застапува Општината;
– ја контролира законитоста на прописите на Советот;
– со заклучок ги објавува прописите на Советот во службеното гласило на Општината;
– го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
– го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината;
– иницира и предлага донесување прописи од надлежност на Советот;
– го предлага годишниот буџет и годишната сметка на Буџетот на Општината;
– го извршува Буџетот на Општината;
– избира директори на јавните служби што ги основала Општината, врз основа на јавен
конкурс;
– редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со
Статутот;
– решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во
согласност со законот;
– донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската
администрација;
– раководи со општинската администрација;
– одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во
општинската администрација, доколку поинаку не е определено со Законот;
– обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста во
согласност со законот и Статутот и
– врши и други работи утврдени со законот и со овој Статут.

Градоначалникот може да овласти раководен службеник на Општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку 2 (два) пати во годината. Градоначалникот управува со сопственоста на Општината како добар домаќин. Во управувањето со сопственоста на Општината, Градоначалникот е должен да презема меркии да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со законот. Новоизбраниот градоначалник ја презема должноста од претходниот градоначалник во рок од 7 дена од денот на изборот. За време на вршењето на функцијата, Градоначалникот не може да врши друга професионална дејност.

Градоначалникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење пред Советот. Градоначалникот определува кој од членовите на Советот ќе го заменува во случаи наспреченост или отсуство.Во рок од 60 (шеесет) дена од денот на преземањето на функцијата градоначалник е долженсо решение да го определи членот на Советот кој ќе го заменува.За денот на настанувањето на спреченоста или отсуството Градоначалникот го информира претседателот на Советот.На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето кога го заменува Градоначалникот.Претседателот на Советот не може да го заменува Градоначалникот.

Платата и надоместоците на Градоначалникот, како и надоместокот за членот на Советот што го заменува Градоначалникот, се уредуваат со закон. Градоначалникот не може да биде именуван за член во надзорни, управни и контролни органи на трговски друштва и јавни служби. Градоначалникот не може да учествува во процесот на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, деца или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.

На градоначалникот му престанува мандатот по сила на Законот:

– ако поднесе оставка;
– во случај на смрт;
– ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над 6
месеци;
– ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност;
– ако настапи случај на неспоивост во вршењето на функцијата согласно со Законот за
локални избори;
– во случај на неоправдано отсуство подолго од шест месеци и ако престане да биде жителна Општината.

Надлежности-според-Закон-за-локална-самоуправа-од-95-и-Статут-од-96

Телефонски број 047/208-340
email: gradonacalnik@bitola.gov.mk

Во насока на согледување и навремено постапување по барањата на граѓаните на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, продолжува со организација на отворени денови, што е во насока и на реализација на активностите предвидени со неговата програма.
За да може да се евидентираат сите барања и предлози, достапно е барање кое граѓаните можат да го пополнат преку елктронската форма во прилог.

Contact Form Demo

Седници на совет 2021-2024
Седници на совет 2013-2017
 
Седници на совет 2017-2021
Верификациона комисија

Претседател Ѓорѓи Ѓорѓиевски
Членови:

  1. Мерита Исмајловска
  2. Горан Велевски
  3. Анета Ѓорѓиевска
  4. Иван Чулаковски
Комисија за финансии и буџет

Претседател: Габриела Илиевска
Членови:

  1. Марица Тодоровска
  2. Бојан Бојкоски
  3. Борче Корлевски
  4. Елизабета Тодоровска
Комисија за јавни и комунални дејности

Претседател: Бојан Бојкоски
Членови:

  1. Мирјана Захариевска-Ралевска
  2.  Зоран Петковски
  3. Кире Климески
  4. Алмир Адемоски
Комисија за урбанизам и заштита на животната средина

Претседател:  Анастасија Трајковска
Членови:

  1. Златко Лозановски
  2. Жаклина Наумовска
  3. Методија Илиевски
  4. Гаврил Трајковски
Комисија за јавни дејности

Претседател: Марица Тодоровска
Членови:

  1. Златко Лозановски
  2. Иван Чулакоски
  3. Мерита Исмајловска
  4. Јадранка Павловска
Комисија за месна самоуправа

Претседател: Марко Јосифовски
Членови:

  1. Мирјана Захариевска-Ралевска
  2. Сашо Никовски
  3. Жаклина Наумовска
  4. Горан Велевски
Комисија за заштита на човековата средина

Претседател: Марта Ѓоргиевска
Членови:

  1. Анета Ѓоргиевска
  2. Иван Чулакоски
  3. Кире Климески
  4. Александар Димовски
Комисија за доделување на општински награди и признанија

Претседател: Соња Петреска
Членови:

  1. Елена Кромидаровска-Маховска
  2. Ленче Илиевска
  3. Петар Николовски
  4. Алмир Адемоски
Комисија за статут и прописи

Претседател: Мирјана Захариевска-Ралевска
Членови:

  1. Златко Лозановски
  2. Алмир Адемоски
  3. Анастасија Трајковска
  4. Соња Петреска
Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите

Претседател: Габриела Илиевска
Членови:

  1.  Зоран Петковски
  2. Марта Ѓорѓиевска
  3. Златко Лозановски
  4. Борче Корлевски
  5. Мерита Исмајловска
  6. Елена Кромидаровска-Маховска
Комисија за вршење надзор на материјално – финансиското работење на Советот

Претседател: Марица Тодоровска
Членови:

  1. Златко Лозановски
  2. Елизабета Тодоровска
  3. Анастасија Трајковска
  4. Гаврил Трајковски
Комисија за евроинтеграции и меѓународна соработка

Претседател: Борче Корлевски
Членови:

  1. Марта Ѓоргиевска
  2. Соња Петреска
  3. Кети Неделковска
  4. Алмир Адемоски
Комисија за млади, спорт и рекреација

Претседател:  Зоран Петковски

Членови:

  1. Михајло Вангелов
  2. Марко Јосифовски
  3. Петар Николовски
  4. Борче Корлевски
Комисија за локален економски развој

Претседател: Лидија Павловска
Членови:

  1. Гаврил Трајковски
  2. Марко Јосифовски
  3. Јадранка Павловска
  4. Елизабета Тодоровска
Комисија за безбедност на Советот

Претседател: Методија Илиевски
Членови:

  1. Ленче Илиевска
  2. Горан Велевски
  3. Марко Јосифовски
  4. Петар Николовски
Комисија за правата на децата

Претседател: Елена Кромидаровска-Маховска

  1. Мерита Исмајловска
  2. Кети Неделковска
  3. Анета Ѓоргиевска
  4. Марта Ѓоргиевска
  5. Горан Велевски
  6. Михајло Вангелов
Комисија за подигање на спомен обележја

Претседател: Сашо Никовски
Членови:

  1. Марта Ѓоргиевска
  2. Кире Климески
  3. Иван Чулакоски
  4. Кети Неделковска
Управен одбор на Фондот за Наградата „4. Ноември“:

Претседател: Габриела Илиевска
Членови:

  1. Бојан Бојкоски
  2. Марко Јосифовски
  3. Соња Петреска
  4. Зоран Петковски
  5. Жаклина Наумовска
  6. Методија Илиевски
  7. Јадранка Павловска
  8. Мирјана Захариевска Ралевска
Комисија за мандатни прашања, избори и именувања

Претседател: Борче Корлевски
Членови:

  1. Анета Ѓоргиевска
  2. Златко Лозановски
  3. Горан Велевски
  4. Соња Петреска
Привремена комисија за туризам

Претседател: Бојан Бојкоски
Членови:

  1. Марко Јосифовски
  2. Елена Маховска Кромидаровска
  3. Петар Николовски
  4. Иван Чулакоски
Евиденција за присуство на надворешни лица на Седница на Советот на Општина Битола
Седници на совет – видео запис

Вонредна Седница на Совет на Општина Битола (13.11.2024)

46-та Седница на Совет на Општина Битола (08.11.2024)

Вонредна Седница на Совет на Општина Битола (01.11.2024)

45-та Седница на Совет на Општина Битола (10.10.2024)

Вонредна Седница на Совет на Општина Битола (30.09.2024)

44-та Седница на Совет на Општина Битола (20.09.2024)

43-та Седница на Совет на Општина Битола (26.08.2024)

42-ра Седница на Совет на Општина Битола (09.07.2024)

Вонредна Седница на Совет на Општина Битола (19.06.2024)

41-ва Седница на Совет на Општина Битола (03.06.2024)

40-та Седница на Совет на Општина Битола (22.05.2024)

39-та Седница на Совет на Општина Битола (08.04.2024)

38-ма Седница на Совет на Општина Битола (07.03.2024)

37-ма Седница на Совет на Општина Битола (12.02.2024)

36-та Седница на Совет на Општина Битола (26.01.2024)

35-та Седница на Совет на Општина Битола (26.12. 2023)

Вонредна Седница на Совет на Општина Битола (26.12.2023)

34 Седница на Совет на Општина Битола (21.12.2023)

33 Седница на Совет на Општина Битола (09.11.2023)

Вонредна Седница на Совет на Општина Битола (12.10.2023)

32 Седница на Совет на Општина Битола (02.10.2023)

31 Седница на Совет на Општина Битола (06.09.2023)

30 Седница на Совет на Општина Битола (23.08.2023)

29 Седница на Совет на Општина Битола (11.07.2023)

28 Седница на Совет на Општина Битола (27.06.2023)

27 Седница на Совет на Општина Битола (31.05.2023)

Вонредна Седница на Совет на Општина Битола (18.05. 2023)

26-та Седница на Совет на Општина Битола (24.04.2023) -Дел 2

26-та Седница на Совет на Општина Битола (20.04.2023)

25-та Седница на Совет на Општина Битола (07.03.2023)

24-та Седница на Совет на Општина Битола (20.02.2023)

Вонредна Седница на Совет на Општина Битола 08.02.2023

23 – ра Седница на Совет на Општина Битола (23.01.2023)

22 – ра Седница на Совет на Општина Битола (28.12.2022)

21-та Седница на Совет на Општина Битола (27.12.2022)

20-та Седница на Совет на Општина Битола (20.12.2022)

19-та Седница на Совет на Општина Битола (09.11.2022)

18-та Седница на Совет на Општина Битола (26.10.2022)

17-та Седница на Совет на Општина Битола (16.09.2022)

16-та Седница на Совет на Општина Битола (15.08.2022)

15-та Седница на Совет на Општина Битола (18.07.2022) (Дел 3)

15 Седница на Совет на Општина Битола 13.07.2022 (Дел 2)

15 Седница на Совет на Општина Битола 12.07.2022 (Дел 1)

14 Седница на Совет на Општина Битола 23.06.2022 (Дел 2)

14 Седница на Совет на Општина Битола 21.06.2022 (Дел 1)

13 Седница на Совет на Општина Битола 30.05.2022

12 Седница на Совет на Општина Битола 29.04.2022

11 Седница на Совет на Општина Битола 11.04.2022

10 Седница на Совет на Општина Битола 30.03.2022

9 Седница на Совет на Општина Битола 15.03.2022

8 Седница на Совет на Општина Битола 28.02.2022

7 Седница на Совет на Општина Битола 31.01.2022

6 Седница на Совет на Општина Битола 10.01.2022

5 Седница на Совет на Општина Битола 29.12.2021

4 Седница на Совет на Општина Битола 27.12.2021

3 Седница на Совет на Општина Битола 01.12.2021

2 Седница на Совет на Општина Битола 19.11.2021


Конститутивна Седница на Совет на Општина Битола 15.11.2021

Со Деловникот за работа на Советот поблиску се објаснувааат некои работи кои се во негова надлежност

Деловодник на советот на Општина Битола

Борче Димитровски, Секретар на Општина Битола

Борче Димитровски од 2021 година е секретар на општина Битола. Роден е на 26 март 1981 година во Битола.

Во 2006 година, се стекнал со титулата дипломиран правник на Правен факултет „Јустинијан први“ – Скопје, а во 2008 година, положил правосуден испит.

Димитровски во 2013 година завршил магистарски студии по деловно право на Правен факултет – Кичево – дисперзирани студии во Битола.

Неговото работно искуство го одбележува работа во хуманитарни и културни институции и организации, менаџерски позиции, како и адвокатска дејност.

Во периодот 2008 – 2009, Димитровски бил основач и претседател на Leo Club Bitola – младинска хуманитарна инситуција, од 2009 – 2010 основач и претседател на Lions Club Битола – хуманитарна организација. Од 2016 – 2014 бил продуцент на Фестивалот за современи уметности АКТО Битола, а од 2005 – 2021 е член на УО на КУД “ Илинден “ Битола.

Во периодот од 2016 – 2010 и 2017 – 2021 работи во правен сектор, како адвокат во Адвокатско друштво ДИМИТРОВСКИ.

Во периодот од 07/2010 до 07/2017 бил директор на НУ Центар за култура Битола.

Од 11/2017 до 10/2021 активно делувал како советник во Советот на општина Битола. Во своето досегашно искуство учествувал на повеќе обуки и едукации, меѓу кои се и: Компаративна студија на културни институции и фестивали во Словенија, компаративна студија на културни институции и културни политики во Долна Нормандија, Франција, граѓанско учество во проекти и можности за фундирање на Европски проекти организирано од Агенцијата за локална демократија АЛДА во Стразбург, Франција и други.

Контакт: емаил: sekretar@bitola.gov.mk
телефон: 047/208328

Scroll to Top