Градоначалникот на Oпштина Битола Тони Коњановски, денес во Будва, Црна Гора, присуствуваше на потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу индустриските паркови/зони, од регионот на Западен Балкан (WB6) и Европската Унија.

Церемонијата, која се организира во рамките на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес за 2026 година, го означува официјалниот почеток на партнерството меѓу индустриските паркови/зони од Западен Балкан и ЕУ. Индустриската зона „Жабени“ од Битола, е единствена од нашата држава, која што е потписник на овој Меморандум за соработка.

Целта на ваквиот вид на партнерство е да се создадат можности за развој на меѓусебна соработка и деловно поврзување на индустриските зони од Западен Балкан со индустриски зони кои што се во земјите на ЕУ, како и да се поддржи трансферот на еколошки одржливи практики, во нивното работење.

Иницијативата се спроведува во рамките на Берлинскиот процес и придонесува кон реализација на Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар за периодот 2025–2028 година, кој беше усвоен од лидерите на земјите од Западен Балкан. На овој начин треба се зајакне регионалната економска интеграција, да се подобри конкурентноста и постепено да се усогласи регионот со правилата и стандардите на ЕУ, како чекор кон подлабока интеграција во Единствениот пазар на Европската Унија.








